Пакет „Online media essentials“

Збогатете го вашиот медиум со три пакети урнеци, коишто се достапни бесплатно да ги преземете, приспособите и користите.

Подобрете ги заштитата на личните податоци, дигиталната безбедност и основните стандарди за онлајн медиуми со едноставните урнеци, коишто се достапни на сите локални и скриптни јазици.

Користете ги овие документи за да бидете сигурни дека се применуваат основните правни, технички и безбедносни стандарди во вашиот медиум.*

Приватност на податоците

Заштитата на приватноста на податоците на публиката, претплатниците, клиентите или вработените е клучна за секој медиум. 

Прочитајте ги советите и преземете ги урнеците за два важни документи кои ќе ви помогнат да ја регулирате оваа важна област согласно законот, за да избегнете компромитирање на податоци или можни казни.

Политика на приватност

Преземете го и приспособете го овој образец за да се осигурате дека сите активности за собирање податоци во вашиот медиум се регулирани со закон.

Евиденција за активностите за обработка на лични податоци

Добијте јасен преглед на активностите и одговорностите во врска со собирањето и обработката на податоците во вашиот медиум со овој шаблон.

Дигитална безбедност

Дигиталната безбедност е од клучно значење за секоја организација, особено за медиумите, бидејќи тие се стекнуваат со сензитивни информации.

Оттаму, се смета за добра практика да се поседуваат документи за интерна употреба коишто содржат различни организациски политики и процедури, како на пример, политика за лозинки, политика за користење и управување со е-пошта, безбедносен план, како и документ за проценка на ризик.

Политика за лозинки

Преземете го и користете го овој образец за да избегнете ризици од протекување, злоупотреба или губење на вашите онлајн сметки.

Политика за користење и управување со е-пошта

Обезбедете го користењето и управувањето со професионалната е-пошта и поврзаните сметки во вашиот медиум со овој образец за политика.

Безбедносен план

Преземете го урнекот за да изготвите и воспоставите процедури во вашиот медиум за справување со закани по дигиталната безбедност и научете како да ги спречите ваквите закани.

Проценка на ризик

Преземете и користете го урнекот за да добиете подобар увид во техничките ресурси и инфраструктурата на вашиот медиум, потенцијалните ризици и закани, како и во слабостите.

Стандарди за онлајн медиуми

Развојот на новиот медиумски екосистем, којшто започна со подемот на дигиталните средини, во голема мера ги промени традиционалните медиуми коишто применуваа систем на еднонасочна комуникација.

Актуелното медиумското законодавство не е во чекор со овие промени, па затоа е исклучително важно да се воспостават етички правила, особено за содржините коишто се објавуваат во интернет просторот којшто постојано се менува.

Импресум

Преземете го, уредете го и употребете го урнекот за импресум, со којшто ќе придонесете да се создаде култура на доверливост, одговорност и транспарентност во вашиот медиум.

Процедури за објавување медиумски содржини

Преземете ги и користете ги овие кратки насоки, коишто ќе ви помогнат јасно и транспарентно да наведувате заслуги за содржините на веб-порталот на вашиот медиум.

Насоки за транспарентна модификација на медиумските содржини

Преземете го и користете го овој урнек за да обезбедите транспарентно да се модификуваат или повлекуваат содржините објавени на веб-порталот на вашиот медиум.

*Достапните урнеци се одличен пример за добра практика за тоа како треба да се регулира одредена област. Тие се достапни да се преземат, приспособат и користат за изработка на документи, политики и процедури за медиумите. Фондацијата „Томсон“ не гарантира, односно не сноси одговорност за приспособувањата коишто ќе се направат во урнеците, ниту пак за нивната примена во пракса.
Пакетот „Online media essentials“ е создаден во рамките на проектот „Media for All“, којшто е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а го спроведуваат Британски совет, Фондацијата „Томсон“, BIRN и INTRAC.