Визуелниот сторителинг го продолжува животот на новинарските приказни

sta-nezavisni-mediji-mogu-da-nauce-od-preduzetnika

Многумина веројатно го виделе видеото изработено од насловните страници на сите печатени изданија на Њујорк Тајмс од 1852 година до денес. Во видеото, чија должина е 55 секунди, на почетокот доминираат насловните страници во кои има само текст. Подоцна, во видеото, срамежливо почнуваат да се појавуваат мали црно-бели фотографии со што можеме да заклучиме дека весникот почнал да објавува илустрации. 

На крајот од видеото, во последните 15 секунди, во времето кога се појавува телевизијата и почнува да го потиснува печатот, на насловните страници на Њујорк Тајмс доминираат колор фотографиите, кои полека „го јадат“ текстот и заземаат се поголем дел, станувајќи доминантен елемент на насловните страници од овој глобален бренд.

Јасно е дека со појавата на телевизијата, печатот каков што дотогаш постоеше стана досаден и неинтересен за публиката. Токму затоа мораше да биде воведен поатрактивен визуелен изглед на насловните на весниците, доколку тие сакаа да ја задржат приказната.

Добрите приказни продаваат весници, но во комбинација со добрите визуелни елементи, во случајот одличните фотографии, имаат потенцијал да продаваат уште повеќе.

Со појавата на мобилните телефони и социјалните медиуми, публиката стана „гладна“ за ефективна визуелизација на понудената содржина, повеќе и поквалитетни видеа, повеќе и подобри фотографии, инфографици, мапи…

Начинот и брзината со која публиката ги пребарува вестите, ги консумира информациите, и намалувањето на опсегот на вниманието нужно укажуваат на фактот дека визуелното „пакување“ на новинарските приказни е од огромна важност во денешно време.

Што е визуелен сторителинг?

Што-е-визуелен-сторителинг

Визуелниот сторителинг или визуелното раскажување новинарски приказни е нешто што медиумите во денешно време мора да го применуваат во пракса, ако сакаат да ја задржат или зголемат својата публика.

Во овој контекст, визуелниот сторителинг не е само шминка или некаков моден детаљ кој само ја украсува новинарската приказна.

Станува збор за паметен начин како да ја раскажете вашата приказна користејќи различни визуелни елементи (видео, фотографија, мапи, графика итн.) со цел публиката да се „закачи за јадицата“ и да добие многу повеќе информации и подобро да ја разбере приказната отколку што би ја разбрала кога само би читала „гол“ текст.

Не постои такво нешто како веќе раскажана приказна

Не-постои-такво-нешто-како-веќе-раскажана-приказна

Многу често во новинарските редакции кога се дискутираат темите што треба да се покријат/пишуваат можете да чуете „оваа приказна е веќе направена“ или „старо е тоа, сите пишуваа и известуваа веќе за тоа“.

Визуелниот сторителинг ви овозможува да кажете дека не постои нешто такво како „веќе раскажана приказна“ бидејќи користејќи го овој пристап, една иста тема може да се раскаже на безброј различни начини.

Еве еден практичен пример. Пред пандемијата голем број светски медиуми пишуваа за тоа како Кина ги следи/мониторира граѓаните преку огромниот број камери поставени низ државата.

Во продолжение ќе го видиме примерот за тоа како три различни медиуми од три делови на светот пишувале за оваа приказна.

Првa e онаа на The Atlantic насловена „Паноптикумот е веќе тука“. Оваа приказна е раскажана користејќи главно текст и графика. Воведниот графички елемент на „семоќното око“ кое гледа и следи сѐ наоколу е највпечатливиот елемент кој го надополнува моќниот наслов. Но сепак, овде текстот ја „вози приказната“. Ова е првиот пристап.

Во текстот на South China Morning Post  насловен „Големиот брат ве гледа: Топ 100 градови во светот со најголем надзор“ текстот не е најсилниот елемент во приказната како што беше во првиот случај.

Овде фокусот е ставен на интерактивните инфографици каде читателот може да провери сам кој е градот со најголем број камери по глава на жител, но и како функционира системот за препознавање лица.

Текстот изобилува со инфографици, а има и две видео приказни кои само ја „засилуваат“ поентата што новинарите сакаат да ја раскажат преку приказната. Сите елементи функционираат посебно, но заедно го комплетираат целиот мозаик на приказната. Во овој случај визуелните елементи „ја возат приказнта“.

Трет е примерот на Австралиската радиодифузна корпорација (ABC Australia) насловен „Да не остане непокриен агол“ (Leave no dark corner) кој ја обработува истата тема, но со комплетно различен визуелен сторителинг. Овде најсилниот елемент е видеото кое ја „вози“ приказната.

Приказната е раскажана преку куси видеа (loop видеа) од модерна девојка од Кина која работи во маркетингот. Таа, како и секој просечен граѓанин на нејзината земја, е набљудувана кога оди на работа, шета по улица, купува во маркет, оди во болница…

Носечките елементи се видеата, а текстот е само засилување на она што можеме да го видиме од снимките.

Како што видовме од трите примери, една иста тема може да биде раскажана на три различни начини. Потенцијално, најдолг „рок на траење“ има третата приказна на ABC, која помалку се фокусира на бројки, а повеќе на личното искуство на посочената девојка од приказната.

Преку овој пример потврдивме дека една иста тема, користејќи го визуелниот сторителинг, може да биде раскажана на безброј различни начини.

Подолг живот на новинарските приказни

Подолг-живот-на-новинарските-приказни

Голем број наши колеги новинари, кои не работат дневно новинарство, „трошат“ и по неколку недели за да изработат некоја опсежна анализа, а дел пак, поминуваат и по неколку месеци истражувајќи криминал и корупција.

Сепак, дел од нив, на крајот остануваат разочарани кога приказната што ја напишале/изработиле ја виделе/прочитале/слушнале мал број луѓе и истата приказна останала заборавена по само неколку дена од објавувањето.

Точно е дека новинарските истражувања, ако се добро направени, ќе го најдат патот до својата публика. Сепак, факт е дека во денешно време, покрај процесот на истражување, еднакво важна е и презентација на самата приказна односно нејзиното визуелно претставување пред публиката.

Но, да повториме, визуелното раскажување не е шминкање на една готова приказна туку начин на размислување.

Во тој контекст, визуелното раскажување приказни не значи само да ги додадете елементите на веќе напишана приказна, односно да ја украсите истата со две-три фотографии и по некое видео и мапа и да сметате дека сте ја завршиле работата. Не.

Тоа подразбира паметно комбинирање на овие елементи во насока на зајакнување на самиот наратив во приказната. Во превод, пред да ја напишете самата приказна, па и пред да ја истражите, новинарот/новинарката или тимот од новинари треба да знае или треба барем да планира кои елементи ќе ги употреби, за кој дел од приказната и на каков начин.

Доколку имате таков план, тогаш и во процесот на собирање на информациите ќе работите на креирање на овие елементи. На пример, ако планирате да направи инфографика како во примерот со камерите, тогаш текстот треба само да биде поддршка на инфографиката, а не да ги повторува истите бројки/податоци од неа. Истото важи и за употребата на видеата или фотографиите или пак мапите.

Може ова да се прикаже преку примерот на редакцијата на Pointer (KRO-NCRV). Тие направиле приказна откако добиле мејл каков што веројатно сме добиле сите ние, но најчесто не сме известувале за тоа.

Во „Приказната зад една кражба на идентитет“ колегите ја презентираат темата линеарно, спротивно на вообичаениот начин на превртена пирамида кој најчесто се употребува. Тоа значи дека треба да ја прочитате целата приказна бидејќи новинарите на публиката им ја отплеткуваат приказната исто онака како што ја истражувале, од добивањето на мејлот, почетокот на истражувањето па се до отплеткувањето на случајот. Но ова што е поважно е визуелниот сторителинг што го искористиле.

Овде секој визуелен елемент е во функција на крајната приказна што сакаат да ја раскажат. Па така, вие (читателот) можете да го прочитате мејлот што тие го добиле во редакцијата, можете да кликнете на иконата за телефон и да го чуете оригиналниот телефонски разговор (на холандски) што го направиле новинарите, можете да ги видите профилите на социјалните мрежи и уште многу други визуелни елементи кои овој текст го претвораат во искуство и во доживување наспроти само читање.

Значи, ако вашата приказна ја споредиме со една зграда тогаш за визуелниот сторителинг не размислувајте како за боја во која е обоена таа зграда туку како нејзин составен дел: врати, соби, прозорци, тераси… Доколку ги употребите визуелните елементи на правилен начин, односно секој елемент да надополнува и раскажува дел од приказната, тогаш и вашата приказна односно зграда ќе биде изградена на здрави и цврсти темели.

Александар Манасиев (новинар) е наградуван новинар од Северна Македонија со повеќе од 17 години искуство во печатени медиуми, ТВ и дигитални медиуми. Тој има искуство како истражувачки новинар, дописник и главен уредник во повеќе медиуми во регионот и пошироко. Тој исто така работи како регионален обучувач за мобилно новинарство, дигитални медиуми и истражувачко новинарство.

Поврзани статии:

Истражувањата покажуваат дека медиумите и локалните веб-страници, се најголемите губитници на пазарот на дигитално рекламирање. Сѐ повеќе се инвестира

Врвни стории од Journalift:

Journalism-today-Media-newsrooms-in-a-race-with-social-media-algorithms
Доколку овој текст беше пишуван околу 2010 година, веројатно би започнал со фраза како „Социјалните мрежи се иднината на медиумскиот бизнис“. Оттогаш, работите многу се сменија и социјалните мрежи повеќе не се иднината, туку, во голема мера, сегашноста на медиумскиот бизнис. Колку и да беа скептични уредниците, репортерите и новинарите во тоа време, сепак Фејсбук, социјална мрежа создадена првенствено
Многумина веројатно го виделе видеото изработено од насловните страници на сите печатени изданија на Њујорк Тајмс од 1852 година
sta-nezavisni-mediji-mogu-da-nauce-od-preduzetnika
Пред два месеци, имав можност да учествувам на конференција организирана од една од најголемите компании во светот. Меѓу бројните

Теми:

Најнови статии:

Како непрофитните медиуми можат да ја монетизираат својата мисија?
Монетизација. Тој магичен збор на кој, во последно време, сѐ повеќе се инсистира. Како и на одржливоста, а се повеќе
Радиото и поткастот – (не)пријатели?
Поткастите, во последните неколку години, се најбрзо растечкиот канал за испорака на содржина. Сепак, се чини дека јазот помеѓу радиоиндустријата
Новинарството денес: Медиумските редакции во трка со алгоритмите на социјалните мрежи
Доколку овој текст беше пишуван околу 2010 година, веројатно би започнал со фраза како „Социјалните мрежи се иднината на медиумскиот
Визуелниот сторителинг го продолжува животот на новинарските приказни
Многумина веројатно го виделе видеото изработено од насловните страници на сите печатени изданија на Њујорк Тајмс од 1852 година до