Зошто не треба да се откажеме од моделот на претплата?

 минути читање

Периодот на пандемијата предизвикана од корона вирусот, во голема мера влијаеше на промената на навиките на граѓаните во онлајн опкружувањето и на користењето на платежните институции кои се нудат. Според голем број извештаи на релевантни институции и медиуми, тоа беше период на раст на е-трговијата и различните модели на претплата, кои се задржаа и денес, иако можеби не до тој степен, но остана како нова навика на корисниците. Според Блумберг (Bloomberg), во Zuora „Subscription Economy Index“ објавен во октомври 2022 година, се констатира дека моделот на претплата продолжил да биде во тренд и да обезбедува постојан раст и стабилност.

Дека различните модели на претплата навистина имаат иднина, односно дека ќе бидат неопходни, можеби најдобро говорат зборовите на Илон Маск: „Без значителни приходи од претплата, постои добра шанса Твитер да не го преживее претстојниот економски пад“. Според зборовите на Имани Мојс, новинарка на Волстрит Журнал, „граѓаните понекогаш не се ни свесни колку сретства даваат за различни форми на претплати и обично, кога ќе добијат неколку секунди да одговорат, проценетиот износ покажува дека тие всушност издвојуваат 80 долари, додека подоцна, со малку подетално размислување сфаќаат дека сумата е околу 200 долари“.

Граѓаните користат претплати, но ретко за да ги поддржат медиумите

Како што наведува медиумскиот експерт, Норберт Шинковиќ, „претплатата, како модел, може да придонесе за диверзификација на медиумските приходи, односно може да биде уште еден од изворите на приходи за медиумите“. Тој забележува дека новите генерации на публика, веќе имаат навика да плаќаат за одредени медиумски услуги, пред сѐ за музички услуги или други стриминг услуги, кои се сè подостапни во нашиот регион. Според неговите зборови, „тоа би значело дека доаѓаат генерации, кои се подготвени да одвојат одреден дел од својот буџет за такви услуги“. Во тој случај, останува на медиумите навреме да изградат квалитетен однос со нив и да ги придобијат како постојани и активни членови на заедницата, што е клучот за успехот.

Периодот на промена на свеста кај граѓаните, дека за квалитетот, односно точноста која се добива преку информациите, мора да се наплати, како и дека консумирањето на квалитетни информации не е бесплатно, е процес кој сѐ уште е во тек и веројатно ќе биде потребно да помине уште некое време, за да станеме свесни дека зад содржината што ја консумираме, стои некој кој инвестирал време, за да ги сумира најважните настани.

Србија е на дното на скалилото, кога станува збор за плаќањето на вести

Ова е поткрепено со најновите резултати од Извештајот за дигитални вести - Србија (Клеут, Ј., Нинковиќ, Д., Илиќ, В., и Ишпановиќ, I, 2022, Извештај за дигиталните вести - Србија. Нови Сад – Независно здружение на новинари на Војводина), во кој се наведува дека само 5% од граѓаните, на некој начин платиле за вести, во текот на изминатата година, што е најмалку од сите европски земји, опфатени со ова истражување.

Според извештајот, подготвеноста да се плати за кој било вид на дигитална услуга е мала, само нешто повеќе од половина (55 одсто) би биле подготвени да одвојат пари за да платат за вести.

Како што е неопходно да се работи на промена на свеста на граѓаните, така, истовремено, е потребно да се работи и на промена на свеста на медиумските работници, особено во земјите од Западен Балкан. Во не мал број случаи, преку разговор со претставниците на медиумите, може да се слушне мислењето дека им е непријатно да наплаќаат за содржината и оти се плашат дека со воведувањето на претплата, ќе ги загубат своите консументи. Токму од овие причини е неопходно да се гради однос со заедницата и да се слушаат нејзините потреби, за моделот на претплата да не биде само елемент за монетизација и медиумски бизнис, туку заеднички напор во насока на градење на квалитетни медиуми, кои, во вистинска смисла на зборот, известуваат во служба на граѓаните. Со заедничкото вложување на двете страни, и на медиумските работници и на граѓаните, се добива можност за будење на чувство на припадност и меѓусебно почитување.

Изградба на однос со заедницата, како предуслов за наплата на содржината

Како што истакнува експертката за работа со заедницата, Владимира Дорчова Валтнерова, најважно е да се изгради и да се негува меѓусебната доверба меѓу медиумите и заедницата, и тоа не само во случај на воведување на дополнителни извори на финансирање. Оваа практика претставува придонес кон финансиската независност и кон одржливоста на секој медиум, што е многу важно во целокупната работа на една редакција.

Дека е неопходно да се даде акцент на градењето на довербата, потврдува и Извештајот за дигитални вести - Србија, во кој доминира мислењето дека медиумите не работат во јавен интерес, туку дека во голема мера ги ставаат своите комерцијални интереси и политички ставови, пред добробитта на општеството. Три четвртини од испитаниците сметаат дека тоа е случај со сите или многу медиуми. Ниту една од 46-те земји, кои беа опфатени со истражувањето на Институтот Ројтерс, нема ваков изразен став за недостигот на грижа на медиумите, за општествената добробит.

Како што наведува Дорчова Валтнерова, довербата меѓу медиумите и заедницата се гради преку постојана двонасочна комуникација со заедницата и со вклучување на членовите и членките на таа заедница, во секојдневната работа на редакцијата. „Комуникацијата со заедницата, која е двонасочна, значи дека сите учесници/чки во тој процес на комуникација, се дел од еден тим. Токму со тоа што заедницата, на некој начин, станува дел од редакцискиот тим, го прави новинарството поквалитетно, бидејќи медиумите во чиј фокус е јавниот интерес, постојат заради нивната публика, заради луѓето, а не обратно. Кога ќе ја вклучите заедницата во својата работа, можете да очекувате и финансиска поддршка од неа, без разлика дали станува збор за кампањи за групно финансирање (crowdfunding) или преку претплата - чувството на припадност е клучно. Ова го поткрепува случајот со локалниот портал Маглочистач од Суботица и регионалниот портал Њугат (Nyugat) од Сомбатели во Унгарија, кои во неколку наврати успешно организираа кампањи за групно финансирање. Слични примери се случаите на националните портали Деник Н (Dennik N) и Актуалити (Aktuality) од Република Словачка, кои успешно развиваат модел на претплата, бидејќи имаат лојална заедница подготвена финансиски да ја поддржи мисијата на медиумите“.

Милош Катиќ е наградуван истражувачки новинар и експерт за финансиска форензика од Србија, со десетгодишно искуство во медиумите. Специјализиран е за областите на истражувачкото новинарство, развојот на бизнисот, финансискиот менаџмент, борбата против перењето на пари и финансирањето на тероризмот, на дигиталната и финансиската форензика. Работи и како консултант за развој на бизнисот и за финансии.

Поврзани статии:

Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат
Blerjana-Bino-The-role-of-media-organisations-in-promoting-media-literacy
Жените и натаму се недоволно застапени во медиумите на Балканот, што ја потврдува родовата нерамнотежа и покажува постоење на
BIRD Directory: Bridging the Gender Gap in Balkans

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за