Медиумите одиграа одлучувачка улога во покривањето на пандемијата на КОВИД-19 и војната што ја води Русија во Украина. Меѓутоа, луѓето од неодамна почнаа да ги избегнуваат вестите, а опадна и довербата во нив.
Ова се некои од најзначајните заклучоци на Извештајот за дигитални вести за 2022 година, објавен од Институтот Ројтерс за Студија за новинарството. Ги истакнавме клучните сознанија на извештајот, кои помагаат да се разбере што се случува со пазарот на дигитални вести.
Мрачната агенда на вестите, ги тера луѓето да ги избегнуваат

The proportion of news consumers who say that they often or sometimes avoid news increased notably across all the countries. More people are limiting their exposure to certain topics or news altogether. Overall, 38% say they often or sometimes avoid the news – up from 29% in 2017.
Според извештајот, испитаниците селективно ги избегнуваат вестите за пандемијата и за политиката, бидејќи овие теми негативно влијаат на нивното расположение. Речиси на сите пазари е зголемен бројот на луѓе, кои избегнуваат вести. Таа бројка, најзабележително се удвои во Бразил, од 27% во 2017 на 54% во 2022 година, а значително порасна и во Обединетото Кралство, од 24% во 2017 на 46% во 2022 година.
„Овој тип на селективно избегнување, се чини дека е помалку распространет во северноевропските земји како што се Германија (29%), Данска и Финска (20%), како и во некои азиски земји како што е Јапонија (14%)“, се наведува во извештајот.
Иако главниот дел на податоците беше собран пред руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари оваа година, трендот ги има сите шанси да продолжи. Дополнителните истражувања што по инвазијата Институтот Ројтерс ги спроведе во пет земји, покажуваат дека иако во некои земји како Полска и Германија конзумацијата на вести се зголемила, селективното избегнување на вестите се проширило уште повеќе. Во Полска, бројот на луѓе што избегнуваат вести се зголеми од 41% во предвоениот период, на 47% по инвазијата.
Оваа тенденција, иако е разбирлива, бидејќи луѓето не можат да живеат под постојан психолошки притисок, е алармантна за информативната индустрија. Со оглед дека руската војна во Украина е еден од најголемите меѓународни конфликти во Европа во поновата историја, а пандемијата не исчезна целосно, новинарите ќе продолжат да ги покриваат овие теми меѓу бројните други „депресивни прашања“, што може да значи дополнително избегнување на вестите од одредени луѓе.
Затоа, важно е медиумските организации да најдат рамнотежа помеѓу покривањето на важни прашања и одржувањето на читаноста или гледаноста.
Младите читатели – нов предизвик за традиционалната конзумација на вести

Избегнувањето на вести е особено релевантно кога станува збор за помладата генерација.
Луѓето под 25 години се многу помалку заинтересирани за традиционалните вести и немаат силна поврзаност со одредени медиумски брендови. Тоа е делумно резултат на тоа што нивното однесување кон конзумацијата на вести, се разликува од другите старосни групи. На пример, тие им пристапуваат на вести преку агрегатори, пребарувачи и социјални мрежи.
Социјалните медиуми долго време беа извор на вести за младите, но специфичните платформи се менуваат.
Facebook is no longer a dominant source, with young audiences flocking to visual networks like Instagram and TikTok. The latter especially showed significant growth. 40% of people aged 18-24 use TikTok each week, 15% say they use the platform to find news.
Уште една алтернатива на платформите во сопственост на Мета, Телеграм, исто така значително порасна на некои анализирани пазари како Италија и Индија. (Земјите од Источна Европа, каде што употребата на Телеграм за пристап до вестите е особено висока – Украина, Белорусија и Русија – не беа анкетирани за извештајот).
За издавачите на вести, тоа значи дека ако сакате да го привлечете вниманието на помладата популација, конечно е време, доколку немате, да отворите сметка на ТикТок.
Довербата паѓа и покрај ветувачките тенденции во минатото

Намалувањето на довербата во вестите, кое се појави во ерата на пандемијата, не стана долгорочна тенденција. Довербата опадна во речиси половина од испитаните земји. Пониски нивоа на севкупна доверба се видливи кај 21 од 26 пазари кои беа истражувани. Овој пад може да биде и знак за замор од пандемијата кај публиката и општо губење на интерес.
Перцепцијата за политички и други предрасуди кај медиумите, е уште една клучна причина за опаѓање на довербата. На пример, во САД, поголема е веројатноста конзервативците да не им веруваат на вестите, бидејќи сметаат дека главните медиуми се левичарски и пристрасни, односно против нив. Податоците покажуваат дека довербата во медиумите почна да опаѓа по изборот на Доналд Трамп и таа падна на 26% во 2022 година.
Спротивно на тоа, Европа ги перцепира медиумските предрасуди во однос на елита или неелита. Во Франција, поделбата се однесува повеќе на приходите и образованието - за време на протестите на Жолтите елеци, медиумите се сметаа за проелитни, а довербата во медиумите од 38% во 2015 година падна на 29% во 2022. Во Источна Европа, недостигот на доверба е поврзан со прашањето на политичарите, олигарсите или владите, кои се обидуваат да ги контролираат медиумските пазари. Земјите од овој регион покажуваат најниско ниво на доверба (Унгарија – 27%, Словачка – 26%, Романија – 33%).
Загриженост поради раст на претплатата

Во 20 анкетирани земји, 17% од луѓето плаќаат за дигитални вести - овој број не е зголемен во споредба со минатата година. Бројот на претплатници на дигитални вести се зголеми само во некои богати земји како Австралија, Германија и Шведска.
Брзиот раст на дигиталните претплати, што го видовме во екот на пандемијата, е запрен. „Онлајн претплатите сè уште растат на некои места, но се намалуваат на други, при што постои страв дека луѓето ќе се решат на ‘претплатничка диета’, поради зголемување на трошоците за живот“, пишуваат авторите на извештајот.
Повеќе информации во извештајот: https://reutersinstitute.politics.ox.ac.uk/digital-news-report/2022
Напомена: Овој текст првично е објавен на The Fix Media.