Северна Македонија, „Види Вака“: Иновативно студио за раскажување на приказни, создадено да постигне успех

 минути читање

jl naslovna

Види Вака“, со седиште во Скопје, е добро познат и почитуван мултимедијален медиум, благодарение на нивната препознатлива продукција на кратки информативни видеа и вистински социјални приказни. Но, како дел од проектот, „Media for All“, отидоа чекор понатаму. Имено, нивниот бизнис план предвидуваше формирање на посебно студио за раскажување на приказни, со фокус на брендираното раскажување на приказни.

Од друга страна, во рамките на проектот беа ангажирани 4 нови луѓе, беше изработена нова веб-страница посветена на студиото за раскажување на приказни, а од страна на назначениот ментор од Словенија беше реализиран и пренос на знаења и искуства (кnow-how). Една година подоцна, беше направено првото регионално интерактивно видео за промоција на туризмот, за најголемиот домашен тур-оператор „Фибула“.

На крајот на краиштата, меѓу сите показатели, што можат да се искористат за да се прикаже напредокот и успехот, секогаш е најдобар оној кој се однесува на бројот на клиентите и на приходите. 

Пресекот направен пред и по добивањето на поддршка преку проектот „Media for All“, го покажува следново: бројот на клиенти, од 14 во 2020 година, се зголеми на 23 во 2021 година. Во исто време, приходите пораснаа за 30 отсто“, изјави, Горан Игиќ, основач на „Види Вака“.

Приказната за „Види Вака“ започна пред 5 години, кога Мите Кузевски, извршен директор на Фондацијата ИДЕА ЈИЕ, која стои зад брендот „Види Вака“, заедно со Горан Игиќ, програмски директор на Фондацијата, ги обезбеди првите средства за стартување на „Види Вака“.

Во ИДЕА, во голема мера, се занимававме со теми поврзани со образованието на младите, дебатите, медиумската писменост и новите медиуми. Во исто време, нашата заедничка заднина e новинарството“, вели Игиќ.

Пет години подоцна, „Види Вака“ е медиум со милионски прегледи на неговите содржини на месечно ниво, со лојална публика и со имиџ на медиум кој е гласник на безгласните во општеството.

Просечниот процент на публика што комуницира со некоја содржина на Фејсбук е 5%. За содржината на ‘Види Вака’,  тој процент е 54%, односно 10 пати повеќе. А има само една причина за тоа - нашата уметност на раскажување на приказни“, вели, Мите Кузевски.

„Види Вака“ е еден од 11-те медиуми од Северна Македонија, кои се дел од грант-шемата за развој на бизнисот на „Media for All“. Овој проект е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а е имплементиран од Британскиот совет, Фондацијата Томсон, БИРН и од ИНТРАК, во сите земји од Западен Балкан.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Гледајќи го од страна медиумскиот бизнис, но често вклучен како консултант или соработник на некои проекти, забележав дека постојат
Претприемништвото отсекогаш била најбурната и најдинамичната гранка на бизнисот. Многумина се обиделе и не успеале. Повеќето претприемачи кои се
5-stvari-koje-mediji-mogu-nauciti-od-preduzetnika

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за