Локалните медиуми ја губат важноста и тоа не е добро за општеството

 минути читање

Lokalni-mediji-gube-na-znacaju-i-to-nije-dobro-za-kosovsko-drustvo

Во фокус група организирана минатата година за употреба на локални медиуми, покрај локалната телевизија и радио, учесниците повеќепати споменуваа локален вебсајт како извор на информации. Името на вебсајтот не беше тешко да се запомни, бидејќи беше додадено само „прес“ на името на градот. На состанокот што подоцна го имав со директорот, сфатив дека тоа е семеен бизнис и дека целиот персонал се состои само од него и неговиот татко. Никој немаше никакво образование од областа на новинарството. Тие не трчаа по вести. Наместо тоа, вестите пристигнуваа кај нив и сè што требаше да се направи е да се објават на вебсајтот и на нивната страница на Фејсбук. Последното покажа дека бројот на нивните следбеници е трипати поголем од оној на локалната телевизија која броеше 16 вработени.

Што е тоа што го прави овој вебсајт повеќе гледан од телевизија со над 20 години традиција?

Двојни стандарди околу работењето на медиумите во Косово, финансиските тешкотии, растечката конкуренција, недостаток на инвестиции во нова технологија и недостаток на квалификуван кадар може да бидат некои од причините кои што доведоа до опаѓање на традиционалните локални медиуми и постепено отуѓување од нивната публика.  

Нееднакви можности за медиумите

Нееднакви можности за медиумите

Медиумските политики на Косово, од кои многу се дизајнирани и спроведени од Независната комисија за медиуми (НКМ), нудат нееднакви можности за сите косовски медиуми. Во моментов, во директориумот за медиуми лиценциран од НКМ, има 16 телевизии и 81 радиостаници со терестријални фреквенции.

За помладите генерации кои го познаваат само системот за кабелска телевизија, ова значи дека со едноставна антена, нивниот пренос стигнува до вашиот домашен ТВ или радио, без месечна или годишна претплата. Брзите технолошки промени речиси ја оневозможија оваа бесплатна услуга, барем кога станува збор за телевизиските медиуми. Сега приватните кабловски оператори ве принудуваат да платите за тоа.

Поинаква политика би значела дека емитувањето јавни телевизии и локални медиуми, во општините кои имаат локални фреквенции, нема да биде прекинато дури и кога ќе заврши вашата месечна претплата. Но, политиките на НКМ, барем во овој поглед, се чини дека не одат во прилог на локалните медиуми или граѓанинот. Локалните медиуми, покрај тоа што треба да плаќаат надоместок за лиценца на НКМ, надоместок за фреквенција на РTEПK и радиодифузна такса на KTTM, тие исто така треба да плаќаат и на кабелските оператори да бидат дел од нивниот пакет.

Со преминување од аналогна во дигитална, ќе се создадат многу олеснувања за локалните медиуми, а Косово се обврза да го испочитува меѓународниот рок утврден од ITU. Но, кога на 17 јуни 2015 година, 119 земји во светот го славеа историското достигнување на преминот од аналогно во дигитално, НКМ немаше ниту подготвена стратегија за дигитално емитување на Косово.

Обезбедување фер конкуренција на пазарот на медиуми

Обезбедување фер конкуренција на пазарот на медиуми

Покрај неуспехот на дигитализацијата, НКМ одигра пасивна улога во гарантирањето на фер конкуренција на медиумскиот пазар во Косово. Првично, законодавците на јавната радиодифузија и овозможија приход од реклами и покрај приходите од државниот буџет. Ова се случи на и онака скромниот пазар за рекламирање во земјата.

На пример, во 2019 година јавниот радиодифузен сервис објави дека има приходи од реклами од 1.229.000 евра, покрај главните приходи од косовскиот буџет од 11.620.000 евра. За споредба, вкупниот годишен буџет на локалната телевизија со 16 вработени не надминува 160.000 евра.

Како конкуренција во делењето на маркетинг колачот сега се вклучија и информативните бизниси, како што всушност се претставуваат онлајн медиумите. Нивниот реален број е тешко да се измери, бидејќи тие не поминуваат низ процеси на лиценцирање од која било институција во Косово.

Сè што треба да направат е да земат име на град или село, честопати додавајќи „прес“ и да започнат бизнис со медиуми, без да се грижат за имотната, уредничката или финансиската транспарентност. Државните институции исто така не успеаја да ја заштитат интелектуалната сопственост на лиценцираните медиуми, правејќи ги лесна цел за крадење на содржина од страна на нови медиуми од типот „град-прес.

Додека јавните медиуми скоро целосно се потпираат на буџетот загарантиран од државата, а приватните медиуми со национални фреквенции имаат стабилен приход од реклами, повеќето локални медиуми работат со мал буџет заради ограничениот пазар за реклами во општините. Нивната маркетинг стратегија не е во чекор со промените на пазарот. Типичните огласувачи во локалните медиуми останаа исти - пазари, хотели, ресторани, компании за деривати и градежни компании.

Неможноста на медиумите да бидат во чекор со технологијата

Неможноста на медиумите да бидат во чекор со технологијата

Недостатокот на финансиски средства доведе до уште еден предизвик: неможноста на медиумите да бидат во чекор со технологијата. Повеќето локални телевизии и радија работат со скромна технологија бидејќи немаат можност да ја купат најновата технологија. Затоа, дури и квалитетот на преносот не со најдобар квалитет. 

Локалните медиуми ја губат својата публика исто така и заради понудата на кабловските оператори. Локалните телевизии и радија имаа подобра финансиска стабилност пред појавата на кабловските оператори. Со влегувањето на кабелските услуги на пазарот, задржувањето на публиката за локалните медиуми стана потешко.

Иако Косово има случаи кои што го докажуваат спротивното, каде една локална телевизија (ТВ Дукаѓини) успеа да ја зголеми публиката токму поради преминот кон кабелскиот пакет, тоа не е случај со повеќето други локални телевизии, кои главно се рангираат на последното место во кабелските пакети, далеку под ТВ-каналите на Албанија, Северна Македонија или Турција. Податоците од граѓанските фокус групи во две различни општини во Косово покажуваат дека за повеќето учесници, времето кое што го поминуваат гледајќи ја локалната телевизија е многу мало заради разновидноста што ја нудат кабловските оператори. Повеќето од нив го редуцираа гледањето на локалната телевизија само на вечерните вести.

Довербата на јавноста во локалните медиуми

Довербата на јавноста во локалните медиуми

Сепак, учесниците во фокус-групите посочуваат дека локалните телевизии имаат најголема доверба меѓу локалните медиуми. Локалните радија најмногу се користат во автомобилот, и тоа особено за време на сообраќаен метеж, кога луѓето одат на работа или се враќаат дома, а вакуумот на локалните весници се надополнува од страна на онлајн медиумите, чиј број расте од ден на ден. Како и да е, нивото на доверба на граѓаните во онлајн медиумите е многу ниско, со исклучок на оние онлајн медиуми кои припаѓаат на некоја локална телевизија или радио станица.

Учесниците во фокус-групите веруваат дека локалните власти имаат високо ниво на влијание врз локалните медиуми. За нив, локалните власти постојано се обидуваат да ги контролираат локалните медиуми, давајќи им грантови или купувајќи рекламен простор од нив. Ова може да влијае на зголемена самоцензура или поддршка за локалните власти. Традиционално, локалните власти ги наградија лојалистите давајќи им јавни договори за емитување на активности на локалната самоуправа.

Четиринеделното мониторирање на содржината на неколку локални телевизии го открива многу ниското ниво на производство на содржини од страна на самите телевизии. Нивните изданија на вести честопати имаат само една локална вест, истражувачкото новинарство воопшто не се забележува, а образовните и културните програми се заменети главно со забавни програми.

Нивните страници на социјалните медиуми содржат повеќе национални и меѓународни вести, земени од главните медиуми, отколку вести за нивната заедница. Накратко, локалните медиуми почнаа да ја губат својата улога како четврт/а авторитет/власт.

Но, последните години, локалните медиуми имаат нов партнер кој што има за цел да ги зајакне и развие, а тоа се - меѓународните донатори. Иако грантовите за медиуми се генерално достапни со години, недостатокот на стручност и знаење ги спречи локалните медиуми да се натпреваруваат заедно со централните медиуми. Повеќето локални медиуми работат со мал персонал и само неколкумина од нив ги имаат вистинските луѓе подготвени да напишат успешни предлози за проекти. Заради оваа причина, некои од донаторите ја сменија стратегијата фокусирајќи се првично на идентификување на потребите на локалните медиуми, интензивно менторство од експерти за развој на бизнис планови и надзор во спроведувањето на тие проекти. Оваа нова форма на финансиска помош ќе помогне во зголемувањето на производството на содржини како и развој на управувачкиот капацитет. НКМ треба да им се придружи на напорите на донаторите за зајакнување на локалните медиуми, исполнувајќи ја својата улога во обезбедувањето фер и конкурентен пазар за сите медиуми на косово, вклучувајќи ги и медиумите од типот “медиум-прес”

Јетон Мехмети е искусен медиумски професионалец, консултант и експерт за истражување, со повеќе од една деценија професионален ангажман во поддршка на медиумскиот бизнис, иновативни идеи за медиуми, проценка на капацитетот на медиумите. Тој соработувал со бројни медиумски организации на Косово и регионот на ЗБ и ги поддржувал во областите на стратешко планирање, трансформација на менаџмент и градење на заедницата.

Поврзани статии:

„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за