Од новинарски до бизнис начин на размислување (без кршење на кодексот на однесување)

 минути читање

From-journalist-mindset-to-business-mindset-

Постои една работа својствена за многу професии: од лекари и адвокати, до новинари и различни видови нa инженери. Повеќето од нив завршуваат со работа во организации управувани од луѓе од иста професија. Повеќето лекари работат во болници управувани од лекари. Адвокатите работат во организации за правна помош или правни канцеларии управувани од друг адвокат. Инженерите обично работат во компании кои бараат инженери (очигледно). И погодете што: тие компании обично ги води друг инженер.

Истото важи и за новинарите: ако сте во новинарската професија, најверојатно работите за друг новинар (по професија или професионално образование). Или, во конкретниов случај, можеби сте вие новинарот за кој работат други новинари. Ако е така, тогаш го пишуваме ова за вас. Ако не сега, тогаш најверојатно тоа ќе ви се случи во иднина и сѐ уште вреди да издвоите дел од вашето време за ова. Ние веруваме дека е така.

Што е тоа „начин на размислување“?

Според речникот на Гугл, начин на размислување е „воспоставен сет на ставови на некое лице“. Во речникот на Кембриџ, се дефинира како „начин на кој една личност размислува и нејзиното мислење“, додека Мериам-Вебстер ова го дефинира како „ментален став или склоност“.

Со други зборови, начинот на размислување е еден вид софтвер на нашиот ум, со кој пристапуваме кон различни ситуации, се справуваме со проблеми, решаваме конфликти, преземаме одговорност за промените Генерално земено, тоа, во голема мера, нѐ дефинира што сме, кои сме и како ги вршиме работите.

Како и кај секој софтвер, а како што вели и самиот збор (начин на размислување- мисла-поставеност), потребно е поставување и ажурирање. Поставувањето и ажурирањето се континуирани во теорија – односно, тие се можни. Сепак, доволно често, барем во некои области, нашите размислувања остануваат фиксни. Потребен е свесен напор, за да направите промени во вашиот начин на размислување.

Фиксен наспроти растечки начин на размислување

Фиксен наспроти растечки начин на размислување

Според американскиот психолог, Керол Двек, гледиштето на една личност за себе е клучно: да веруваш дека твоите силни и слаби страни не можат да се сменат, е типична претстава за она што Двек го нарекува фиксен начин на размислување. Оттука, овој фиксен начин на размислување, на очигледни начини, влијае на сѐ што правите. Вие, едноставно, останувате на курсот што веќе сте го зацртале, бидејќи верувате дека ништо не може да се смени. Тоа е како маѓепсан круг: не се обидувате да се промените, затоа што верувате дека тоа не може да се направи, а како резултат на тоа, Вие не се менувате и не растете.

Сепак, Двек препознава уште еден начин на размислување – таканаречен растечки начин на размислување. Како што опишуваа таа со свои зборови, „во овој начин на размислување, она што го имаш, е само почетна точка за развој … овој растечки начин на размислување се базира на вербата дека Вашите основни квалитети, се работи што можете да ги култивирате, ако се потрудите“.

Затоа, фиксниот начин на размислување е нешто што е стандардно, „она што го имаме“, „почетна точка“. А што ќе сториме во врска со тоа, е наша сопствена одговорност и сѐ додека веруваме дека можеме да се подобриме, можеме да се промениме на подобро.

Начинот на размислување е обликуван од професијата

Нашите размислувања се обликуваат од многу работи. Од семејство во кое растеме, од спортовите со кои се занимаваме, од пријателите со кои го поминуваме времето, од нашите сакани, професори, колеги … Но, ништо не го обликува нашиот начин на размислување, како професијата што ја избираме!

Затоа имаме тенденција да ги разбираме луѓето од нашата професија на посуптилен начин, можеме да комуницираме со нив користејќи кодови, со нив споделуваме шеги што не им се смешни на другите надвор од нашата професија, и, кога сме сами со нашите колеги по професија, меѓусебно се охрабруваме во вербата дека ние сме избраните, дека нашата професија е професија на најпаметните, оти сме елитна група, недопирливи.

И ова последното, вербата во супериорноста на нашата професија, е одличен пример за нашиот постојано заканувачки фиксен начин на размислување. Прилично е лесно да паднеме во оваа стапица: кој, ако не ние, е најсоодветен за водење на нашата организација? Кој, ако не лекар, е најсоодветен да ја води нашата болница? Кој, ако не инженер, е најсоодветен за водење на нашата градежна компанија?

Кој, ако не новинар, е најсоодветен да раководи со нашиот медиум?

И да, има толку многу добри аргументи зошто навистина треба да биде така. Постојат бројни непобитни докази дека новинарот треба да биде на врвот на медиумoт/медиумската куќа/агенцијата … Тие аргументи се толку силни, што може да звучи дури и смешно да се аргументира спротивното.

Но, идејата на оваа статија не е ниту да се обиде тоа да го направи. Дури ни блиску до тоа.

Врвот е осамено место

Врвот е осамено место

Ако сте воделе организација, бизнис, непрофитна организација … што и да сте по професија, тоа сега оди во втор план. Тоа е од помала важност. Обично ви помага ако вашата организација е во границите на вашата професија. Но тоа е тоа.

Она што е важно, она што треба да се стави под број еден, е фактот дека сега сте менаџер. Бизнис менаџер (дури и ако се работи за непрофитни организации).

Веќе не се грижите за квалитетот на вашата статија, за навременоста на вашите информации или за веродостојноста на вашите извори … Сега ве интересира квалитетот на написите на СИТЕ, навременоста на информациите на СИТЕ, веродостојноста на изворите на СИТЕ … Вие веќе не сте во бизнисот за градење на вашата кариера. Сега се занимавате со градењето на кариерата на СИТЕ, додека го одржувате квалитетот на услугата што ја нудите (како организација), навременоста на услугата што ја давате (како организација) и кредибилитетот на услугата што ја претставувате (како организација). Ова место, врвното место, е осамено место. Осамените места бараат од нас да се прилагодуваме.

На Вашиот начин на размислување, сега му треба полирање. Тоа не бара радикални промени. Вие сѐ уште сте новинар и не можете ништо да сторите во врска со тоа.

Меѓутоа, бидејќи сега сте менаџер, мора да внесете менаџерски начин на размислување. Прво, треба да се свртите кон растечкиот начин на размислување: да верувате дека можете да станете подобри во одредени области што ги бара менаџерската работа. Со други зборови, прво треба да верувате дека можете да се свртите кон менаџерски, покрај веќе воспоставениот новинарски начин на размислување.

А потоа треба да направите нешто во врска со тоа.

Компаниите имаат тенденција да се жалат како не можат да ги натераат инженерите да размислуваат како менаџери. Некои медиуми, од истите причини, се жалат и на своите новинари. Она што ни е потребно е повеќе новинари на врвот, кои размислуваат како менаџери.

Пет начини на размислување на менаџерот

Пет начини на размислување на менаџерот

Според Џонатан Гослинг (Jonathan Gosling), истакнат професор по лидерство, и Хенри Минцберг (Henry Mintzberg), еден од највлијателните менаџмент професори на денешницата, на менаџерите им се потребни различни начини на размислување. Како што тие нагласуваат:

„Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, со седиште во Женева, е загрижена за развојот на менаџментот. Ја загрижува дека можеби оди предалеку кон култура на брза акција. Знае дека мора да дејствува брзо, за да може насекаде да одговори на катастрофите – земјотреси и војни, поплави и глад – но, исто така, ја согледува и потребата да се ангажира во побавна, поделикатна задача, за градење на капацитетите за акција, внимателно, промислено и прилагодено кон локалните услови и потреби“.

Култура на брза акција, брзо дејствување во одговорот … Зарем тоа нѐ ви звучи познато?

Многу бизнис организации се соочуваат со сличен проблем – знаат како да извршуваат, но не се толку вешти за да се повлечат и да се осврнат на своите ситуации. Други се соочуваат со спротивна ситуација: Тие се толку заглавени во размислувањето за своите проблеми, што не можат да ги завршат работите доволно брзо … Сѐ што секој ефикасен менаџер прави, е ‘во сендвич’ помеѓу акцијата на терен и размислувањето во апстрактна форма. Акција без размислување е непромислена работа; размислување без акција е пасивност. Секој менаџер треба да најде начин да ги комбинира овие два начина на размислувања – да функционира во делот каде рефлексивното размислување се поклопува со практичните работи.

Но, акција и рефлексија за што? Еден очигледен одговор е: за соработка, за извршување на работите во соработка со другите луѓе … Друг одговор е дека акцијата, рефлексијата и соработката треба да се вкоренети во длабокото ценење на реалноста, во сите нејзини аспекти. Овој начин на размислување го нарекуваме светски, кој Оксфордскиот англиски речник го дефинира како „искусен во животот, софистициран, практичен“. На крајот, акцијата, рефлексијата и соработката, како и световноста, мора да се потпираат на одредена рационалност или логика; но, исто така, и на аналитичкиот начин на размислување“.

Тоа се петте начини, на кои новинарите кои водат медиумски бизнис (во понатамошниот текст: менаџери) треба да го перцепираат светот и според тоа да дејствуваат.

Да се има рефлективен начин на размислување е нешто што е за себе, да се познаваш и да се разбираш себеси. Како што велат авторите на концептот, „не може да се има увид без самоспознавање“. Колаборативниот начин на размислување очигледно се однесува на односите на менаџерот, додека аналитичкиот е за организацијата како целина и за систематската декомпозиција на активностите (на коешто се однесува и анализата). Контекстот во кој организацијата функционира, светот околу организацијата,  е предмет на светски начин на размислување. Последно, но не и најмалку важно, интегративниот начин на размислување, на некој начин, е начин на размислување за акција, бидејќи содржи сѐ – себе, односи, организација и контекст – низ процесот на константна и бескрајна промена.

Анализирајте – Дејствувајте – Размислувајте – Соработувајте – Разберете го контекстот – Повторете

Анализирајте – Дејствувајте – Размислувајте – Соработувајте – Разберете го контекстот – Повторете

И како што сугерира овој поднаслов, ова е она што вие како менаџер, го правите цело време. Според зборовите на Гослинг и Минцберг:

„Прво анализирате, а потоа дејствувате. Но, тоа не функционира како што се очекува, па затоа размислувате. Дејствувате уште малку, но потоа ќе се најдете себеси во блокада, па сфаќате дека не можете да го направите тоа сами. Мора да соработувате. Но, за да го направите тоа, треба да влезете во светот на другите. Потоа следуваат повеќе анализи, за да се артикулираат новите сознанија. Сега повторно делувате – и тоа оди понатаму, како што се оформува Вашиот труд“.

Кога ќе станете менаџер на медиум, на новинска агенција, радио или ТВ станица или на која било друга позната форма на медиум, веќе не се работи за Вас и не се работи за новинарот во Вас. Сега се очекува да водите и да управувате. Ваша одговорност сега е опстанокот на вашиот медиум. Тоа значи создавање медиум кој ќе си ги плаќа своите сметки. А тоа е напорна работа. Тешка индустрија што не простува, исполнета со многу, многу нездрава конкуренција, мали профитни маржи и нередовно работно време.

А над сѐ е идејата, стремежот кон независното новинарство, благородната цел за независност. Многу е тешко да се одржи сето тоа во рамнотежа. И во рамките на кодексот на однесување.

Од друга страна, никој никогаш и не рекол дека да се биде менаџер е лесна работа. Меѓутоа, да го парафразираме Минцберг, не постои поважна работа за нашето општество од работата на менаџерот, бидејќи менаџерите одлучуваат дали нашите ресурси ќе бидат оптимално распределени или залудно потрошени.

Ќе ја повторам уште еднаш истата реченица: кога ќе станете менаџер, веќе не се работи за новинар.

Кога ќе дојдете на позиција, мора да бидете отворени за да развивате нови вештини и да си дозволите да станете повеќе од она што сте мислеле дека можете да бидете.

Поинаку кажано, треба да го прифатите растечкиот начин на размислување, како општ став кон светот што Ве опкружува. И треба да ги развиете сите начини на размислување, што ги наведуваат Гослинг и Минцберг.

Вашиот рефлективен начин на размислување бара од Вас секојдневно да размислувате за:

  • себе и за вашите сопствени мисли, одлуки и постапки,
  • луѓето околу вас и какво е влијанието на вашите мисли, одлуки и постапки врз нив,
  • за вашата организација и какво е влијанието на вашите мисли, одлуки и постапки врз неа.

Ако вашето размислување не го следи акција, вашиот медиум набрзо ќе умре. Затоа, вашата позиција бара да го прифатите акцискиот начин на размислување: да се залагате за промени, во луѓето, во организацијата, во светот околу вас. Мора да дејствувате. Да водите и да давате примери. А потоа размислете повторно. За да ги смените работите следниот пат. На подобро.

Ваша работа е и да анализирате: што сте направиле, како тоа одело, какви биле резултатите, што би можеле да промените, како поинаку би можеле да дејствувате … А потоа повторно дејствувајте и повторно размислете. За следниот пат да ги смените работите на подобро.

Додека се осврнувате, дејствувате, размислувате, анализирате и повторно дејствувате и размислувате, потребни ви се и другите, и треба да го разберете и почитувате светот што ја опкружува вашата организација. Организацијата, по дефиниција, е општествен ентитет. Составена е и од други луѓе. Не само од вас. Вие сте одговорни да ја организирате нивната работа и да ги натерате да работат заедно и со Вас. Потребна ви е соработка и ви треба разбирање на контекстот. Потребен ви е колаборационистички и светски начин на размислување.

Потребни ви се сите пет. И секое посебно, и сите испреплетени. Како голф палки: една не е доволна, ако сакате да играте професионално и според правилата, со целосно почитување на играта. Сите ви се потребни, бидејќи секој од нив ќе се покаже како корисна во различни ситуации. А понекогаш ви требаат неколку од нив, една по друга.

За да го кажете тоа во наједноставна форма: мора да се стекнете со бизнис начин на размислување!

Но, еј! Што знаеме ние? Ние сме само некои професори за бизнис, кои ја туркаат идејата за бизнис начин на размислување…

За авторот:

Јасмина Селимовиќ

Јасмина Селимовиќ е вонреден професор по финансии и декан на Факултетот за економија и бизнис во Сараево, Универзитет во Сараево, Босна и Херцеговина. Таа работела како консултант за Светска банка и други меѓународни организации со посебен фокус на финансиско управување, развој на деловни активности и стратегии за образование. Таа е активна истражувачка во областа на финансискиот менаџмент и е во состојба да ги поддржи медиумите во нивните напори да ги реорганизираат своите финансии и да тестираат нови деловни модели.

Authors

  • Јасмина Селимовиќ

    Јасмина Селимовиќ е вонреден професор по финансии и декан на Факултетот за економија и бизнис во Сараево, Универзитет во Сараево, Босна и Херцеговина. Таа работела како консултант за Светска банка и други меѓународни организации со посебен фокус на финансиско управување, развој на деловни активности и стратегии за образование. Таа е активна истражувачка во областа на финансискиот менаџмент и е во состојба да ги поддржи медиумите во нивните напори да ги реорганизираат своите финансии и да тестираат нови деловни модели.

  • Емир Куртиќ

    Емир Куртиќ е асистент професор по дисциплини за менаџмент во високо образование при Факултет за Економија и Бизнис во Сараево, Босна и Херцеговина. Тој има спроведено разни маркетинг и деловни истражувања и физибилити студии за бројни индустрии како консултант за управување со некои од водечките компании во БиХ. Емир има силен фокус на социјалното претприемништво и создавање на одржлив бизнис што и служи на локалната заедница. Со своите вештини и искуство за развој на деловна активност, тој е во состојба да обезбеди менторство за медиуми кои им помагаат да ги постават своите деловни насоки и да тестираат нови деловни модели и стратегии.

Поврзани статии:

Што поседува секој новинар/новинарка во регионот на Западен Балкан? Тешко прашање нели. Полесно е да се даде одговор на
01 Six reasons why we should not ignore mobile journalism
Со појавувањето на дигиталните алатки, визуелизирањето на податоците и создавањето на извонредни искуства за вашите приказни, никогаш не било
Digital-Journalists-toolkit.png

Врвни стории од Journalift:

Blerjana-Bino-The-role-of-media-organisations-in-promoting-media-literacy
Post Author
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички и да кликнуваат мудро. Како што вели УНЕСКО: „Медиумската и информациската писменост се меѓусебно поврзан збир на компетенции, кои им помагаат на луѓето да ги максимизираат предностите и да ја минимизираат штетата во новите информациски, дигитални и комуникациски пејсажи“
Пандемијата na КОВИД-19 го сврте светот наопаку, вклучително и медиумската индустрија. Многу медиуми засекогаш се затворија, додека во исто
E-COMMERCE AND E-PAYMENTS: UNUSED POTENTIAL FOR MEDIA OUTLETS

Теми:

Најнови статии:

Улогата на медиумските организации во поддршката на медиумската писменост
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички
Избегнувањето на вести во пораст, довербата во вестите oпаѓа – клучни сознанија од Извештајот за дигитални вести за 2022 година
Медиумите одиграа одлучувачка улога во покривањето на пандемијата на КОВИД-19 и војната што ја води Русија во Украина. Меѓутоа, луѓето
Ослободување од казнување
Неказнивост: изземање или ослободување од казна, штета или загуба. Пример: законите беа прекршени неказнето. Извор: речник Мериам Вебстер. Меѓународниот ден
Е-трговија и e-плаќања: Неискористен потенцијал за медиумите
Пандемијата na КОВИД-19 го сврте светот наопаку, вклучително и медиумската индустрија. Многу медиуми засекогаш се затворија, додека во исто време,