Улогата на медиумските организации во поддршката на медиумската писменост

Blerjana Bino

Blerjana Bino

Post Author

 минути читање

Blerjana-Bino-The-role-of-media-organisations-in-promoting-media-literacy

Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички и да кликнуваат мудро. Како што вели УНЕСКО: „Медиумската и информациската писменост се меѓусебно поврзан збир на компетенции, кои им помагаат на луѓето да ги максимизираат предностите и да ја минимизираат штетата во новите информациски, дигитални и комуникациски пејсажи“ (дефиниција за МИП). Во овој текст се наведува дека за медиумска и информациска писменост, покрај креаторите на политиките, граѓанското општество и образовните институции, витално значење имаат и медиумите. Ова е особено релевантно за Западен Балкан, каде што информацискиот неред стана загрижувачки феномен во медиумите и информацискиот пејзаж (Студија на Европскиот парламент 2021 година).

Медиумската и информациската писменост е од суштинско значење за граѓаните од сите возрасти и секаков ‘бекграунд’, со цел тие да ги развијат своите знаења и компетенции во ефективно ангажирање со широкот опсег на информации и разновидност на медиумски содржини.

Тоа е, исто така, од витално значење, за разборита употреба на дигиталните технологии. Пошироко, МИП е неопходна алатка за информирано и активно учество на граѓаните, во процесите на управување и донесување на одлуки на различни нивоа.

УНЕСКО наведува дека на медиумската и информациската писменост за сите, треба да се гледа како на спој на човековите права и, како таква, предлага пет универзални закони на МИП, како што е тоа визуелизирано на следната слика. Овој пристап произлегува од клучната улога на информациите и медиумите во сите аспекти на животот. Тој е вграден во принципите на слободата на изразување и информирање, бидејќи МИП им дава овластување на граѓаните да го разберат медиумскиот екосистем, критички да ги оценуваат информациите и содржината и да донесуваат информирани одлуки, како корисници и производители на содржина.

пет-закони-на-медиумска-и-информативна-писменост

*Извор: UNESCO, 5 закони за медиумска и информациска писменост

Дополнително, Европската унија го насочи своето внимание кон медиумската писменост, а неодамна ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), ја зајакнува улогата на медиумската писменост. Таа бара од земјите-членки да промовираат мерки коишто развиваат вештини за медиумска писменост (член 33а). Исто така, ги обврзува платформите за споделување на видеа, да обезбедат ефективни мерки и алатки за медиумска писменост. Ова е клучно барање поради централната улога што ја играат таквите платформи, во овозможувањето на пристап до аудиовизуелните содржини. Платформите се, исто така, потребни за да се подигне свеста на корисниците за овие мерки и алатки (член 28б).

Друга мерка на Европската комисија е Експертската група за медиумска писменост, која се состанува секоја година и на едно место ги собира засегнатите страни за медиумска писменост. Исто така, гледајќи ја медиумската писменост како предуслов за енергична демократија, Европската комисија организираше Европската недела на медиумската писменост, со цел промовирање на вештините и проектите за медиумска писменост ширум ЕУ (Европска недела на медиумска писменост 2022 година).

Советот на Европа смета дека медиумската и информациската писменост се од најголема важност и оти таа обединува три различни димензии: информациска писменост, медиумска писменост и ИКТ и дигитална писменост (Совет на Европа). Советот на Европа зазеде двоен пристап кон МИП: (а) поставување на МИП во институционални рамки, насочени кон државите, креаторите на политики, како и кон низа други јавни и приватни актери кои имаат надлежности да учествуваат и да соработуваат во рамките на дигиталната средина која брзо се развива; (б) обезбедување на алатки за зајакнување на индивидуалните корисници на медиумите, од сите возрасти и сфери на животот (повеќе овде).

Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), работи на Западен Балкан со поддршка на Европската Унија во насока на унапредување на медиумската и информациската писменост на регионално ниво. Нивната неодамнешна истражувачка студија за МИП на Западен Балкан, покажува дека медиумската и информациската писменост не е експлицитно, транспарентно или континуирано вклучена како цел во политичките документи, јавните политики или законодавството во регионот. Сепак, креаторите на политиките во последно време посветуваат сè поголемо внимание на MИП и има иницијативи за воведување на часови по МИП во образовниот систем на сите нивоа и како дел од доживотното учење (на пример, Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа и Турција или You Think, проект на ИРЕКС (IREX) во Северна Македонија или Учи и научи медиумска и информациска писменост во Западен Балкан).

Додека граѓанските организации се пионери кои работат на унапредување на MИП во регионот, медиумите би можеле да бидат поактивен играч во промоцијата на медиумската и информациската писменост во регионот (повеќе овде). Истата студија тврди дека „дури и кога покажуваат интерес, тоа најчесто се случува преку медиумските здруженија и телата за саморегулација“ (повеќе овде). Поголеми очекувања, во однос на МИП, се ставени на медиумите од јавниот сервис во регионот, имајќи предвид дека едукацијата на граѓаните е составен дел од нивната задача. На пример, во Албанија, RTSH емитува емисии посветени на медиумската писменост, дигиталната писменост и обезбедува простор за промоција на проектите на МИП. Исто така, Македонската радио телевизија започна со продукција и емитување на едукативен серијал за медиумската писменост за младите и за пошироката јавност во 2018 година (повеќе овде).

Традиционално, телевизијата често се смета за извор на формално и неформално учење. Уште погенерално, медиумите, вклучително и телевизијата, вршат важна образовна функција со широк опфат во општеството, иако медиумските организации обично не се замислуваат себеси како едукатори (повеќе овде). Од овој агол, медиумските организации посветени на квалитетното новинарство, можат да направат повеќе кога станува збор за медиумската и информациската писменост и за зајакнување на граѓаните преку МИП. На пример, медиумите можат да ги поддржат резултатите од МИП, преку зголемување на побарувачката на конзументите за квалитетни медиумски производи и услуги, производство на креативна содржина што им помага на граѓаните подобро да ги разберат медиумите и информациите, ангажирање заедно со засегнатите страни, како што се образованието и граѓанскиот сектор, како и преку обезбедување на простор за промоција и програми на МИП.

Како и да е, медиумската и информациската писменост е движечка цел, како што вели Соња Ливингстон, бидејќи „како што општеството станува сѐ позависно од медиумите, така медиумите стануваат сѐ покомплексни, брзо-менувачки, комерцијални и глобализирани“. Во оваа смисла, ангажманот на медиумите во МИП, бара стратешко планирање и континуирано внимание, ресурси и посветеност. Ова може да се покаже како особено предизвикувачки за локалните медиуми, имајќи ги предвид нивните ограничувања во однос на финансиската отпорност.

Исто така, јазот во знаењето и вештините во однос на МИП, не можат да го пополнат само медиумите, туку тој бара пристап низ повеќе засегнати страни и соработка, кој ги вклучува креаторите на политиките, граѓанското општество, образованието, бизнисот и медиумите. МИП е долгорочна инвестиција и не дава универзално решение за феномените на нарушување на информациите. Тоа е дел од сложувалката кон зајакнати и добро информирани граѓани.

Поврзани статии:

Во последните неколку години, финансирањето од заедницата (или, генерално, онлајн собирањето на финансиски средства) стана вообичаена тема меѓу, примарно,
01-3-Medijske-kampanje-prikupljanja-sredstava-na-Zapadnom-Balkanu-koje-inspirišu-i-iz-kojih-se-može-naučiti
Без оглед колку е добра вашата содржина, во глобалното медиумско село, вашата конкуренција се најдобри новинари од целиот свет.
Kako-izgraditi-onlajn-zajednicu-1.-dio

Врвни стории од Journalift:

Blerjana-Bino-The-role-of-media-organisations-in-promoting-media-literacy
Post Author
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички и да кликнуваат мудро. Како што вели УНЕСКО: „Медиумската и информациската писменост се меѓусебно поврзан збир на компетенции, кои им помагаат на луѓето да ги максимизираат предностите и да ја минимизираат штетата во новите информациски, дигитални и комуникациски пејсажи“
Пандемијата na КОВИД-19 го сврте светот наопаку, вклучително и медиумската индустрија. Многу медиуми засекогаш се затворија, додека во исто
E-COMMERCE AND E-PAYMENTS: UNUSED POTENTIAL FOR MEDIA OUTLETS

Теми:

Најнови статии:

Улогата на медиумските организации во поддршката на медиумската писменост
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички
Избегнувањето на вести во пораст, довербата во вестите oпаѓа – клучни сознанија од Извештајот за дигитални вести за 2022 година
Медиумите одиграа одлучувачка улога во покривањето на пандемијата на КОВИД-19 и војната што ја води Русија во Украина. Меѓутоа, луѓето
Ослободување од казнување
Неказнивост: изземање или ослободување од казна, штета или загуба. Пример: законите беа прекршени неказнето. Извор: речник Мериам Вебстер. Меѓународниот ден
Е-трговија и e-плаќања: Неискористен потенцијал за медиумите
Пандемијата na КОВИД-19 го сврте светот наопаку, вклучително и медиумската индустрија. Многу медиуми засекогаш се затворија, додека во исто време,