Економијата на балканските локални веб-страници на коишто се објавуваат вести: лекции што можат да се научат од црногорскиот портал Ул-Инфо (Ul-Info)

 минути читање

The economics of Balkan local news websites: lessons to learn from Montenegrin portal Ul-Info

Силен бизнис е внимателно планиран бизнис, во чекор со трендовите и фокусиран на потребите на конзументите. Ова се однесува и на медиумската индустрија. Како капиталистички економски систем, медиумската индустрија е бизнис, кој мора да биде профитабилен за да опстане, и во исто време, да работи етички и одговорно.

Откако започна пандемијата на КОВИД-19, работите поврзани со медиумската економија и медиумскиот интегритет, во голема мера беа доведени во прашање.

Брзото ширење на корона вирусот се одрази на конзумацијата на медиумите, со забрзано преминување кон дигиталното, што ги стави онлајн медиумите во прилично поволна позиција, како најчесто користен извор на вести.

Како што се вели во Извештајот за дигитални вести за 2020 година (Digital News Report 2020) на Институтот Ројтерс и Универзитетот во Оксфорд, мнозинството население во сите држави во светот, претпочитало вестите да ги чита на одредени интернет страници или апликации. Покрај промената на нашето однесување во однос на употребата на медиумите, пандемијата покрена многу предизвици за медиумите, од аспект на економијата и довербата. Поради економската рецесија, имаше помали приходи, додека отсуството на селекција на содржините на онлајн изворите, доведе до дезинформации и лажни вести. Овие предизвици послужија како катализатор за промени во медиумските деловни модели.

Каде стојат локалните онлајн медиуми на оваа карта на промени? Кој е нивниот бизнис модел? Кои се чекорите што треба да ги преземат за да преживеат, за да бидат профитабилни и да го задржат својот интегритет?

Иако пандемијата беше глобален предизвик од сите аспекти, локалните онлајн медиуми се покажаа како корисни во некои од тие аспекти. Луѓето најмногу се потпираа на онлајн вестите и имаше огромни скокови во сообраќајот до локалните сајтови за вести, бидејќи луѓето беа повеќе заинтересирани да дознаат каква е ситуацијата со пандемијата во нивните родни места. Според истражувањето спроведено во 2020 година од Центарот за медиумски истражувања при Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград, пандемијата го трансформира општеството во однос на комуникациите, зголемувајќи го бројот на интернет корисници на 78,4% од 24% колку што изнесуваше во 2006 година. Истото истражување покажа дека главен извор на вести за 35% од испитаниците, се веб-страниците на традиционалните медиуми, а за 32% социјалните мрежи, до кои 76% од испитаниците пристапиле од мобилен телефон, а 17% користеле компјутер. Исто така, резултатите покажаа дека 95% од испитаниците ги претпочитале онлајн медиумите како извор на вести. Слично како и во Србија, и хрватскиот медиумски пазар, како што стои во Извештајот за дигитални вести за 2020, се карактеризира со висока поврзаност со интернетот, при што во 78% од случаите, за преглед на неделни вести, се користел паметен телефон.

Прашањето е како да се искористат овие поволни околности? Лекциите добиени од црногорскиот портал за вести, Ул-Инфо, каде бев ментор во рамките на проектот „Media for All“, може да бидат корисни за онлајн медиумите кои работат во слично опкружување.

Ул-Инфо е црногорски информативен портал кој, низ својата дигитална платформа, обезбедува квалитетно новинарство, на кое може да му се верува. 

За да остане конкурентен со другите извори на вести во регионот, на Ул-Инфо му требаше поголемо разбирање за начинот на кој ефективно може да допре до конзументите и да развие нови приливи на приходи, кои ќе воспостават долгорочна одржливост.

Чекор 1: Оптимизација на каналот

Три чекори до успех

Чекор 1: Оптимизација на каналот

Со цел онлајн медиумите да преживеат, да се прилагодат и да напредуваат во свет кој брзо се менува, првиот чекор треба да биде оптимизирање на нивниот канал на комуникација. Имајќи предвид дека, кога станува збор за вестите, населението се потпира на онлајн веб-страниците, дека има пораст на мобилните корисници и дека веб-страницата е првиот контакт на медиумите со нивната публика, многу е важно и вреди да се инвестира во развојот на веб-страницата. Така, Ул-Инфо, како свој прв чекор го виде максимирањето на своето присуство во онлајн просторот, со редизајнирање на својата веб-страница и дизајнирање на апликација за iOS и Андроид.

Оптимизација на платформата

Врз основа на СВОТ анализата спроведена од Ул-Инфо, веб-страницата, според денешните трендови, треба да има атрактивен архитектонски дизајн, што ќе ја направи визуелно привлечна. Сите нови трендови се рефлектираат на новата веб-страница. Новиот дизајн на веб-страницата на Ул-Инфо е приемчива, прегледна е и може да се користи на различни уреди како компјутер, мобилен телефон и/или таблет. Покрај тоа, таа е функционална и брзо се вчитува. Визуелната презентација, адекватноста и функционалноста, се главните фактори кои ги тераат луѓето да останат на веб-страницата и да понудат поволна стапка на отскокнување. Освен споменатото, веб-страницата има пријателска навигација која е интуитивна и лесна за следење. Дополнително, веб-страницата нуди мултимодална содржина, во рамките на која информациите се претставени со текст, слики, аудио и видео формат, а има и одлично управување со рекламниот простор.

Мобилна апликација

Покрај редизајнот на веб-страницата, порталот Ул-Инфо, како неопходност да се биде во денешен тренд, го сметаше и инвестирањто во мобилна апликација за iOS и Андроид платформите. Корисниците поминуваат значително време на мобилните уреди и речиси секој ден се среќаваат со апликации, кои ги инсталираат на своите уреди. Мобилните апликации им нудат единствена услуга на денешните медиуми, бидејќи нудат подобри нивоа на поврзување и ангажирање со публиката и поддржуваат создавање на лојална заедница.

И веб-страницата и апликацијата треба да ги содржат иконата и логото на медиумот, кои одат рака под рака со оптимизацијата на каналот. Тие се препознатлив симбол на медиумот и треба да соодвествуваат со денешниот пазар и трендови. Ул-Инфо го редизајнираше своето лого, пред да ја редизајнира својата веб-страница.

По редизајнирањето на веб-страницата на Ул-Инфо, бројот на читатели за само еден месец се зголеми за 25%, а бројот на нивни следбеници на Фејсбук, од 12.000 се зголеми на 14.000.

Чекор 2: Фокусот на читателот

Чекор 2: Фокусот на читателот

Откако ќе поставите веб-страница, вашиот втор чекор е создавање на лојална заедница на читатели. Можете да го достигнете ова со објавување на вредна содржина, што се усогласува со потребите на читателите и која ќе ги ангажира вашите читатели. Содржината е најочигледниот производ што го обезбедува веб-страницата за вести и тоа е средство со кое медиумот ги  привлекува читателите. Маркетингот ја нагласува важноста од разбирање на конзументот, чии желби треба да бидат слушнати во процесот на развој на производите и услугите. Слично на тоа, во медиумскиот бизнис треба да произведувате медиумска содржина, која ќе биде усогласена со потребите на вашите читатели.

„Тестот на мама“ му обезбеди на Ул-Инфо информации за интересите на неговите потенцијални читатели, во однос на содржината. Роб Фицпатрик во својата книга „Тестот на мама“ (The Mom Test“), нуди упатства за тоа како да креирате добри прашања, за да добиете корисни повратни информации. Се нарекува „Тестот на мама“, затоа што води до прашања за кои ниту мајка ви не може да ве излаже. Следејќи ги правилата на Фицпатрик, преку неформален разговор со целните конзументи, Ул-Инфо сфати дека тие треба да ја прошират својата содржина во насока на нови категории (дом и забава) и нови видови на содржина (видеа со кратки информативни наслови и поткасти). Со други зборови, „Тестот на мама“  му обезбеди на Ul-Info информации за тоа кои се потребите на читателите, на кои овој медиум треба да се фокусира.

Дури откако ќе креирате медиумска содржина што ги задоволува потребите на читателите, вие сте создале услови за ангажирање на публиката и за развивање на врска со неа. Веб-страниците за вести може да понудат ангажирање на читателите преку простор за коментари, преку дел посветен на содржината произведена од корисниците, преку простор каде што читателите можат да пријават грешки што новинарите треба да ги поправат, преку поврзаност со е-поштата и билтенот, и преку опција за креирање персонализирана повратна информација на веб-страницата.

Чекор 3: Монетизација/Дигитални текови на приходи

Чекор 3: Монетизација/Дигитални текови на приходи

Дури откако ќе имате одлична веб-страница и воспоставен однос со читателите, може да одите чекор понатаму и да почнете да размислувате за бизнис моделот. Од гледна точка на менаџментот, односите со клиентите се од есенцијално значење за бизнис моделот: со нивно развивање, компаниите ќе бидат способни да создадат врска помеѓу нивните предлози за вредноста и за сегментите на нивните клиенти, и на крајот да стекнат приход од тоа. Преку ангажманот на читателите, можете да ги зајакнете односите со членовите и да ја зајакнете нивната важност за бизнис моделот.

Остервалдер и Пињер (2010) го понудија концептот на Платно за бизнис модел (Business Model Canvas - BMC), опишан со 9 градежни блокови кои ја покажуваат логиката за тоа како компанијата има намера да заработи пари. Алатката помага да се надмине главниот предизвик на медиумите денес, генерирајќи приходи и придобивки преку својата содржина. 9-те блокови на BMC, кои следат логичен редослед, се: (1) Сегменти на конзументите, (2) Предлози за вредности, (3) Канали, (4) Односи со конзументите, (5) Приливи на приходи, (6) Клучни ресурси, (7 ) Клучни активности, (8) Клучни партнерства и (9) Структура на трошоци.

Дигитални приливи на приходи

Оваа алатка му помогна на Ул-Инфо да добие увид во врска со сегментите на конзументите на кои им нуди услуга, како и за предлозите за вредностите што ги нуди; и последователно да најде начин да ги диверзифицира своите извори на финансирање надвор од рекламирањето и донациите/проектните грантови. Периодот на неизвесноста, предизвикана од пандемијата на корона вирусот, беше совршено време да се бараат различни извори на финансирање. Поминувајќи низ нивниот BMC, тие заклучија дека треба да комбинираат текови на приходи, како што се реклами, членства, претплати, донации, платена содржина и нова дигитална услуга.

Рекламите и платените содржини продаваа простор и дигитален сообраќај на надворешни огласувачи. Од друга страна, новата дигитална услуга ја користи содржината на медиумите за да постигне сообраќај, а потоа го користи сообраќајот за да ја поттикне новата дигитална услуга; во случајот на Ул-Инфо, услугата за изнајмување на станови за туристички цели. Така, како резултат на поврзувањето на потрошувачите и конзументите, медиумот ќе заработи приход. Оваа услуга ќе биде поврзана со медиумските содржини, имајќи предвид дека порталот покрива вести од Улцињ и во рамките на својата веб-страница, има секција за туризам и патување.

Претплатите ќе се користат за на читателите да им се продава медиумската содржина. Во овој случај, приливот на приходи ќе доаѓа од наплатата за пристап до медиумската содржина. Сепак, „Тестот на мама“ спроведен од Ул-Инфо, откри дека целните читатели, во овој момент, не се подготвени да плаќаат за вести, што можат да ги добијат бесплатно на друго место. Значи, потребно е многу да се работи, за да се постигне целта.

По редизајнот на веб-страницата и новите приливи на приходи за еден месец, Ул-Инфо успеа да ги зголеми своите приходи за речиси 40%.

Накратко, 3-те чекори на Ул-Инфо до одржлива веб-страница за вести, гарантираат дека нејзината технолошка платформа е ажурирана, дека фокусот на нејзината содржина е на читателите и дека го користи сообраќајот за генерирање на приход. На крајот на краиштата, пејзажот на дигиталните медиуми не е terra incognita (непознат терен). Треба само да ги следите добрите примери на медиумската индустрија!

Арта Џелили е искусна менторка и експерт за комуникација, со силно академско потекло и деловна ориентација. Таа е специјализирана за области на комуникација, деловна и професионална комуникација, организациска комуникација, односи со јавност и маркетинг. Нејзините силни менторски вештини и посветеност кон менторските процеси и пристапот ориентиран кон резултатите ја квалификуваа да работи со медиуми во Северна Македонија.

Дитурие Исмаили е искусна менторка и експерт за истражување, со силно академско потекло и деловна ориентација. Таа е специјализирана за области на управување со ресурси, стратешко управување и јавни политики и лидерство. Нејзините силни менторски вештини и посветеност кон менторските процеси и пристапот ориентиран кон резултатите ја квалификуваа да работи со медиуми во Северна Македонија.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за