Кое е вашето работно место во медиумите: Раководител на тимот за развој на публиката

 минути читање

Раководителот на тимот за развој на публиката има важна улога на пресекот помеѓу уредништвото и сите други тимови во организацијата. Ова лице управува со тим одговорен за креирање на стратегија за дистрибуција на повеќе платформи – оптимизација, социјални мрежи, билтени и повеќе – во насока на зголемување на публиката.

Тие ја дефинираат стратегијата за мерење и тестирање во соработка со тимот за аналитика и ги идентификуваат можностите на стратегијата на содржината со уредничкиот тим. Раководителот на тимот за развој на публиката, исто така, соработува со други тимови на подобрување на платформите за претплата и членство и на подобрување на стратегиите за поттикнување на читателите да станат претплатници или членови.

Тие постојано ги поддржуваат уредничките тимови во спроведувањето на овие стратегии, даваат совети за секојдневно подобрување на нивната работа и ги држат во тек со особеностите на различните платформи.

Себастијан Катховер. (Фотографија на Себастијан Катховер)

Што работи тимот за развој на публиката во Дојче веле?

Дојче веле (ДВ) е германски јавен меѓународен радиодифузен сервис, кој се финансира од федералниот буџет. Емитува програма на 32 јазици, со редакции во десетици земји, а  вклучува сателитска телевизија, радио и онлајн содржини.

Себастијан Катовер, раководител на тимот за развој на публиката во ДВ, има екипа од седум специјалисти и двајца студенти практиканти.

  • Двајца членови на тимот се експерти за оптимизација, кои работат со веб-страницата, а исто така се и обучувачи. Тие спроведуваат ревизии, им помагаат на тимовите да ја направат содржината попребарлива и го информираат лидерот за целите и постигнувањата на овие активности. Тие, исто така, им помагаат на тимовите кои работат на билтените и поткастите во ДВ.

  • Другите вработени во тимот на Катовер, се одговорни за различни социјални мрежи. Нивната работа е да ги следат промените на платформите, да видат како да ја зголемат публиката на ДВ на овие мрежи и да убедат одредени уреднички тимови да направат одредени промени во нивната работа - на пример, тие предложија каналот на Јутјуб DW Planet A да отвори сметка на ТикТок, бидејќи минатата година бројот на темите за животната средина на оваа платформа, се зголеми.

Овој тим од седум луѓе, работи за редакциите на сите 32 јазици на ДВ. Минатиот октомври, социјалните мрежи на оваа организација имаа повеќе од 915 милиони прегледи. Но, како што истакнува Катовер, неговиот тим нема ресурси за блиска соработка со секоја јазична редакција во ДВ во исто време, па тие го проценуваат нивниот потенцијал на различни пазари и врз основа на тоа, ги избираат редакциите со кои ќе се ангажираат.

Обично, тимот има план со кои редакции на другите јазици ќе работи во догледно време. Дополнително, организира и месечни сесии за размена на знаења, кои се достапни за сите вработени во ДВ. На оваа размена, тимот со новинарите ги споделува трендовите на социјалните медиуми, најдобрите примери и новите алатки. Катовер вели дека повеќе од 800 луѓе редовно ѝ пристапуваат на оваа размена, а во ДВ работат околу 3.000 луѓе.

Структура на тимот за развој на публиката на Дојче веле

Улогите на раководителот на тимот за развој на публиката и неговиот вообичаен работен ден

Како раководител на тимот за развој на публиката, Себастијан Катовер ја оптимизира стратегијата на сите платформи со кои работи неговиот тим, вклучувајќи ги и личните сметки на новинарите на социјалните мрежи. Главна задача на неговиот тим е да донесе раст на публиката во организацијата.

“Мојата улога е да бидам шарка помеѓу сите различни тимови во медиумската компанија. Се обидувам да бидам решавач на проблемите, кога работите се заглавени; Се обидувам да разговарам со вклучените страни и да најдам решение“, нагласува Катовер.

Вообичаено, вели тој, членовите на тимот треба да можат сѐ сами да решаваат. Иако понекогаш, може да биде предизвик да се убедат некои лидери на уредничкиот тим, да направат конкретни промени. Ова е местото каде што Катовер чекори, создавајќи стратегија за убедување на овие личности, собирајќи аргументи и повторно одејќи напред.

Катовер дава пример за тоа: „Бевме во многу близок контакт со нашиот персиски тим во последните месеци и интензивно разговаравме со нив (како) да ги зголемиме нивните објави на Инстаграм. Мојот експерт на Инстаграм и јас, со мноштвото податоци што ги собравме, се расправавме дека објавувањето повеќе пати на ден, е подобро за алгоритмите и конкуренцијата. И кога започнаа демонстрациите во Иран, конечно дојде денот кога тие се согласија да ги имплементираат промените“.

Како резултат на тоа, прегледите на видеата на месечно ниво на профилот на ДВ на персиски јазик, се зголемија за повеќе од три пати во последните месеци - поради зголемувањето на објавите и поради зголемениот интерес во регионот по почетокот на протестите. Сепак, Картховер истакнува дека сè уште заостануваат зад некои нивни конкуренти (дел од нив се Би-Би-Си на персиски, Радио Фарда и Евроњуз на персиски), кои тимот многу внимателно ги следи во нивната секојдневна работа.

Друг пример од секојдневната работа на Катовер, е помошта што тој им ја пружа на членовите на неговиот тим, да ги поправат проблемите како што се, на пример, опомените за авторските права на Јутјуб. „Постои мој човек за Јутјуб, и можеби ќе му треба помош од мене за, во основа, да модерира помеѓу уредничкиот тим, кој е во паника, и платформата“.

Генерално, раководителот за развој на публиката нема „типичен ден“. Напротив, тој обично се состои од непредвидливи работи, средување на проблеми и комуникација со уредничките тимови - или тие бараат совет или тимот за развој на публиката им приоѓа со идеи.

Разлика помеѓу тимот за развој на публиката и тимот за ангажирање на публиката

Катовер ја објаснува разликата помеѓу тимовите за развој на публиката и за ангажирање на публиката, друго познато име на тимот во медиумските компании. Тој вели дека неговиот тим е повеќе „како тим за поддршка, обука и советување“, додека експертите за ангажирање работат во сите уреднички тимови. „Нашата улога е да советуваме и да се поврземе со нив. Ги спојуваме, се обидуваме да го пренесеме знаењето и тие се оние кои всушност го внесуваат во производот“, објаснува Катовер. На пример, специјалистите за ангажирање на публиката на англиски јазик, работат на насловите и оптимизацијата, и широко комуницираат со експертите за оптимизација од тимот за развој на публиката.

На кого, раководителот на тимот за развој на публиката, му поднесува извештај

Катовер ѝ поднесува извештај на Мануела Каспер-Клариџ, главен и одговорен уредник на ДВ. Како што истакнува тој, од помош е да се има нејзината поддршка, кога се обидуваме да имплементираме промени во дневната уредувачка рутина, како што е да ги направиме написите пооптимизирани.

Највозбудливи и предизвикувачки делови од работата

На прашањето за највозбудливиот дел од работата, Катовер одговара: „Секој ден е различен“. Околината е нестабилна со „твитувањето на Елон Маск и она што во врска со Твитер се менува на секои 15 минути“. Катовер објаснува дека неговиот тим е оној кој носи нови информации во редакциите, за да им помогне на истите да се прилагодат. „И можеби она што ми се допаѓа во врска со ова, е дека тоа не е лесна работа. Мора да ги убедувате луѓето, да соработувате тесно со нив, но и да ја почитувате нивната стручност и да слушнете од нив што мислат. И треба да го откриете вистинскиот начин“.

За споредба, постигнувањето на последните 20% или 30% од целта, е најпредизвикувачката работа. Како што објаснува Катовер, тој многу често работи со работи кои лесно се оптимизираат - на пример, „продавање“ или пакување на содржината. Сепак, работите како промена на стратегијата за профилите, се потешки, но тимот треба да ги направи двете работи, за да постигне 100% резултат. Значи, предизвикот е да се убедат луѓето да одат „чекор понапред, дури и доколку се чини дека тој е неадекватен“.

Совети за оние кои сакаат да работат во тим за развој на публикатa

За оние кои бараат работа во делот на развојот на публиката, Катовер препорачува да се ангажираат практиканти, вклучително и интерните, кои се вообичаени во големите организации како ДВ.

Друг совет е да останете отворени за она што го кажуваат податоците. „Се обидуваме, врз основа на одредени податоци, да ја дадеме секоја препорака до уредничките тимови. Тоа не треба да биде чувство на интуиција“, вели Катовер.

Што да прочитате ако сте заинтересирани за развојот на публиката:

Катовер, исто така, советува да најдете билтени кои го покриваат вашиот регион или јазик, и да се претплатите на луѓе кои ги сметате за инспиративни, кои работат „ на дигиталните производи или на управувањето со дигиталните производи, кои дигитално ги водат првите публикации“, како и на канали и брендови кои се првично дигитално управувани и водени.

Напомена: Овој текст првично е објавен на The Fix Media.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Се сеќавам на точниот датум кога станав новинар кој известува за животната средина. Беше тоа 20 јули 2007 година,
environmental_reporting_final_course2_
Линеарната телевизиска програма, барем во поразвиените земји, наскоро најверојатно ќе се најде на смртна постела. Сè помалку гледачи седат
01-Razmišljajte-izvan-TV-kutije.png

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за