Младите сè повеќе добиваат вести преку ТикТок – Што значи ова за медиумите?

 минути читање

Пред два месеци, имав можност да учествувам на конференција организирана од една од најголемите компании во светот. Меѓу бројните теми опфатени со овој тридневен настан, неколку беа од особен интерес за учесниците – разбирливо, многу сесии се вртеа околу дискусиите за најдобрите и најчувствителните начини за покривање на војната во Украина, други го опфатија секогаш толку релевантното прашање за одржливоста на медиумите и, на крајот, ТикТок. Да, платформа на социјалните мрежи, со која управува генерацијата З (Ген З) и која, повеќето луѓе постари од 35 години, погрешно ја разбираат.

Се чинеше дека, од она што беше кажано на сесиите, но и од приватните разговори, многумина од оние кои се одговорни за вестите од големите и малите медиумски бизниси низ Европа, ги мачи истото прашање – како да ги направат нивните медиуми релевантни за помладата генерација. Самата дилема не беше она што ме изненади – всушност, единствениот начин на кој медиумските организации можат да одат напред, е преку бура на идеи, преку прифаќање и тестирање на нови идеи и трендови, но она што ме натера да застанам за секунда, беше фактот дека некако, попат, многу медиумски организации заборавија како да ја вршат својата работа.

Суштината на новинарството е љубопитноста, истражувањето, поставувањето прашања и нудењето на одговори. И повеќето од новинарите со кои разговарав беа фантастични во својата работа. Но, зошто тие не го користат ова знаење и искуство, кога станува збор за нивните медиуми?

Извештајот за дигитални вести на Ројтерс, за 2022 година, покажува мрачна и песимистичка слика на медиумскиот пејзаж, особено кога станува збор за традиционалните медиуми и за нивниот однос со помладата публика. Не е изненадување што генерацијата која порасна на интернет, првенствено пристапува до нивните вести преку пребарувачите и платформите на социјалните мрежи. Извештајот, исто така, покажува дека ТикТок е најбрзо растечката мрежа, која достигнува до 40% од младите помеѓу 18 и 24 години, при што 15% ја користат платформата за вести. Сепак, нема да најдете многу медиумски брендови, особено од Западен Балкан, кои создаваат или прилагодуваат содржина на ТикТок. Некои можеби ќе тврдат дека ова е затоа што младите немаат интерес за светот околу нив, а овој генерациски јаз и недостигот на разбирање се стари колку и времето. Како и да е, ова едноставно не е точно. Младите, а особено Ген З, следат вести, само не на начин на кој што луѓето (повозрасните) очекуваат.

За што се работи?

За-што-се-работи

Пред да продолжам понатаму, чувствувам дека треба да се искажам и да објаснам колку го сакам ТикТок. Мислам дека е едукативен, забавен, конверзациски, полн со добредојде и многу повеќе од трендовските предизвици, со кои луѓето го поврзуваат. Некои од најдобрите и најпроникливите разговори се случуваат овде и ако тоа не е вашето искуство, тогаш тоа може да има врска со вашиот алгоритам.

ТикТок беше лансиран во 2016 година од кинеската технолошка компанија БајтДенс (ByteDance). Има околу 750 милиони месечни корисници ширум светот (како референца – активни корисници на другите социјални платформи: Фејсбук – 2.9B, Јутјуб – 2.2B, Инстаграм – 1.4B, Снепчет – 500M, Пинтерест – 480M, Твитер – 397M), со корисници помлади од 29 години, кои чинат речиси половина од вкупниот број.

Настрана од неговиот очигледен забавен карактер, кој е во сржта на сите платформи на социјалните мрежи, ТикТок има многу силна и посветена заедница, која следи едукативни и информативни содржини. Всушност, многу припадници на Ген З користат ТикТок наместо Гугл пребарување. А што ги привлекува? Брз е, содржината која трае до 10-минути, доаѓа директно до поентата и не го троши вашето време, кога сакате да дознаете нешто што е можно поскоро, но со малку контекст.

Со оглед на тоа, разбирливо е зошто многу издавачи сметаат дека ТикТок ја исмева идејата за новинарството како целина и ги поткопува напорите на редакцијата за создавање долга, детална и добро истражена тема. Но, постои и друг агол на гледање. Ако знаеме дека распонот на вниманието на луѓето е помал од кога и да е досега (иако не е толку мал колку што мислиме) и дека новинарите постојано чувствуваат притисок веднаш да го привлечат вашето внимание, тогаш ова изгледа како совршена можност. Вашите приказни може да бидат поделени на неколку делови, речиси како веб-серијали, или можат да послужат како јадица која ќе ве доведе до подолга статија објавена на вашата веб-страница или подолго видео поставено на Јутјуб или дури и на Твич, сè повеќе популарна платформа. Сфатете го тоа како трејлер за филм - ако трејлерот доволно привлекува внимание, ќе мотивира приказната да се погледне во целина. 

Од друга страна, секоја платформа за социјалните мрежи доаѓа со свои недостатоци, па така ниту оваа не е исклучок. Ако одлучите да отворите сметка на ТикТок за вести од регионот на Западен Балкан, нема да можете да остварите никаков профит од тоа, бидејќи нивниот фонд за создавачи засега е фокусиран исклучиво на големите светски пазари. Второ, ТикТок од самиот почеток има лоша репутација, кога станува збор за приватноста, безбедноста и цензурата (фактот дека е креиран во Кина, не помогна во градењето на доверба). Згора на тоа, без разлика на она што е наведено во нивната официјална политика за авторски права, во практика, многу регулативи сè уште се во сивата зона. За некои, тоа е прекршок - за многу други, полигон за бескрајна игра.

Каде да се почне?

Не секој медиум треба да биде на секој канал на социјалните мрежи.

Меѓутоа, за да разберете дали има смисла да го трошите вашето време и да вложувате напори за создавање на друг канал за комуникација, треба да ги знаете одговорите на бројните основни прашања: која е вашата публика, кои се нивните навики, како и каде сакаат да го поминуваат слободното време итн.

Погледнете го нашиот курс за градење и ангажирање на заедница за медиумите, кој ве води низ овие чекори.

Ако штотуку почнувате бизнис или сте новинар кој размислува да го промени текот на својата кариера, ТикТок може да биде добра почетна точка за тоа. Еден од најпопуларните медиумски старт-апови, што првично беше создаден на ТикТок, беше шпанската сметка Ac2ality, која наскоро стана еден од најголемите европски производители на вести на оваа платформа.

За нејзиниот основач, Даниела Мекарена (Daniela McArena), сè започнало кога работела во шпанската амбасада во Органиѕацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, задолжена за составување на вести и извештаи за нејзините колеги. Набрзо сфатила дека изворите до кои имала пристап „нема да дадат доволно контекст и објаснување“. Покрај тоа, содржината била лошо приспособена за дигиталниот свет и на младите генерации им недостасувала јасност и контекст, за да ги разберат меѓународните вести. Ова е моментот кога таа одлучила да го лансира Ac2ality, медиум за Ген З на ТикТок, кој ќе покрива вести на „брз, концизен и сеопфатен начин“. ТикТок сè уште е нивната примарна платформа за објавување, иако оттогаш имаат креирано и веб-страница, а користат и други канали на социјалните мрежи, како Инстаграм и Јутјуб - за понатамошен ангажман, но и од безбедносни причини.

https://www.tiktok.com/@ac2ality/video/7096869212257340678?is_copy_url=1&is_from_webapp=v1&q=ac2ality&t=1669032695024

Етичко прашање: Новинари наспроти новинари-инфлуенсери (journo-influencers)

Извештајот за дигитални вести на Ројтерс, исто така, споменува една многу интересна информација, што ќе биде важна за одење понатаму. Истражувањето покажа дека младите луѓе сè повеќе одбиваат да бидат поврзани со брендови и имаат тенденција да не им веруваат толку многу како на индивидуите со кредибилитет (или, барем, за кои веруваат дека се веродостојни креатори на содржина), дури и ако тие се поврзани со поголем бренд - ова функционираше брилијантно за Дејв Јоргенсон од Вашингтон Пост. Другите го препознаа ова на време и ја искористија својата веќе постоечка и лојална заедница, за да започнат свои медиумски канали како Клео Абрам, некогашно препознатливо лице на Вокс.

https://www.tiktok.com/@cleoabram/video/7118035869155544366?is_copy_url=1&is_from_webapp=v1

Ова отфрлање на брендовите, сепак, нè доведува до многу поширока и посериозна тема, а тоа е етиката во денешното новинарство и, всушност, дефиницијата за новинарството денес. Со незамисливо голем број креатори на содржини, кои секојдневно започнуваат со креирање на свои канали, неизбежно е прашањето за интегритетот, одговорноста и знаењето, кои стојат зад ова. Како можеме да бидеме сигурни дека содржината што ја добиваме е потврдена, проверена со факти и добро истражена? Дали постои начин да се направи разлика на интернет помеѓу вистинските новинари и она што Сала-Роза Лејнонен, ги нарекува новинари-инфлуенсери?

Од друга страна, нели секојдневно сите сме жртви на лошото новинарство и на пропагандните медиуми? Зарем сите не сме доживеале да бидеме измамени и погрешно водени од познати медиуми? Ако е така, од каде потекнува овој цинизам, па дури и одвратност кон креаторите на содржини? Светот се смени – треба да прифатиме дека и новинарството се смени засекогаш.

Всушност, не станува збор за ТикТок

Всушност-не-станува-збор-за-ТикТок

Да, овој текст главно се фокусира на ТикТок, бидејќи, се чини, дека тој стана главна тема на разговор меѓу медиумските професионалци, на ист начин како што поткастите доминираа во разговорите, пред само неколку години. Многу новинари и медиумски уредници го отфрлаат, поради речиси непостоечкиот потенцијал за монетизација. Јас го гледам како прекрасна алатка за градење и ангажирање на публика, но и, генерално, како важна вежба за медиумските организации. Еве што мислам со тоа.

Користете го ТикТок, како пример за многу поширок разговор што вашата публика го слуша и следи.

ТикТок(ови) ќе доаѓаат и ќе си одат, но медиумските организации треба да бидат доволно агилни за да ги препознаат и (во некои случаи) да ги следат трендовите, да се приспособат на нив и да го задржат интересот. Очигледно, ова е преголем притисок и преобемна работа, особено кога има толку многу да се направи на дневна основа и кога медиумската индустрија се наоѓа во многу нефер игра, во рамките на која постојано се натпреварува со часовникот кој постојано врти, односно со технологијата и вниманието на луѓето. Според ова, единствениот начин медиумите да „победат“ во оваа игра, е да прифатат дека треба да ја играат.

Сања Лазиќ е експерт за градење заедница, финансирање на толпа (crowdfunding) и градење на капацитети, специјализирана за работа со граѓански организации и медиуми предводени од мисијата. Таа беше дел од тимот „Catalyst Balkans“ и е одговорна за регионалната платформа за финансирање на толпи „Donacije.rs“. Во последните 3 години таа создаде и спроведе бројни кампањи за финансирање на толпа со медиуми како што се „TV Forum Prijepolje“ (прва локална кампања за финансирање толпа), „ Autonomija“ од Нови Сад, „ KRIK“ и „ CINS“ – истражни портали од Србија, „Iz glave“ – популарна подкаст-емисија од Крагуевац (модел базиран на донации), „Pescanik“ (модел базиран на членство).

Поврзани статии:

Јутјуб е моќна платформа за медиумските бизниси, особено во издавачката индустрија. Со преку 2 милијарди најавени корисници, кои го

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за