Што можат да научат независните медиуми од претприемачите?

 минути читање

Гледајќи го од страна медиумскиот бизнис, но често вклучен како консултант или соработник на некои проекти, забележав дека постојат два основни модели за работа кои можат да ги вклучат скоро сите медиуми во нашиот регион.

Од една страна, постојат медиуми кои гледаат исклучиво на комерцијалните интереси на основачите и бркаат профит по секоја цена - обично по цена на квалитет и интегритет. Наспроти ова, постојат медиуми кои се трудат професионално да ја извршуваат својата работа и во согласност со најдобрите стандарди на професијата, потпирајќи се на финансирање од донатори и проекти.

Првиот модел доведува до низок квалитет, деградација на професијата и содржина што ги задоволува најдолните инстинкти на публиката. Вториот, иако обезбедува квалитет, не решава едно многу важно прашање - одржливост на бизнисот на долг рок.

Дали работите се исклучиво црни или бели?

Ако ги прикажеме на графикон овие два модели, тие ќе бидат нацртани на два спротивни краја од иста оска. Сепак, верувам дека работите не се толку еднодимензионални и дека е можно да се најде и развие одржлив деловен модел. За да се постигне тоа, на медиумскиот бизнис треба да се гледа како на бизнис, а тоа значително го менува аголот на гледање и алатките кои ќе ги користиме на патот кон целта.

Дали тоа значи откажување од оние добри и точни цели заради кои решивте да се занимавате со новинарство?

Секако дека не, но треба да бидете свесни за реалните околности на пазарот, дека патот ќе биде предизвик и дека некој во тимот ќе мора да се стекне со бизнис знаења и вештини, бидејќи тоа е единствениот начин да создадете услови со текот на времето да не да зависите од никој, освен од својата работа.

Како размислува еден претприемач?

Кога растете бизнис од нула, знаете дека е потребна инвестиција, но само тоа не доволно за успех. Дополнителни е потребно и добро разбирање на пазарот, потребите на корисниците и јасен план. Профитот е последица на развојот и реализацијата на планот, а тоа бара време и посветена работа.

Патот до профит е можен на два начина:

  1. со зголемување на приходите или
  2. со контрола и смалување на трошоците.

Исто така, ако не е можно да се постигнат посакуваните цели со еден извор на приход, може да созадете можности и капацитети за различни секундарни извори на приход кои заедно ќе бидат доволни и ќе ви дадат можност да не бидете целосно без опции ако еден извор не успее.

Алберт Ајнштајн кажал: „Работите мора да бидат што е можно поедноставни, но не и поедноставни од тоа“. Значи, ајде прво да се осигураме дека работите се можни, а потоа ќе се справиме со понатамошните чекори.

Идеи и теми за кои треба да размислите демнат околу секој агол

Проектите често ви нудат можност да стекнете знаење, да набавите опрема, да најмите луѓе и, накратко, да изградите капацитет. И тоа е одлично. Сепак, честопати се случува искористеноста на овие капацитети да биде многу скромна и по краткорочни ефекти, тие да не носат никаква вредност на долг рок. Планирањето што е потребно за долгорочни резултати е нешто што треба да го изградите и создадете внатрешно, и кога планот постои - постои шанса да се постигне голем резултат преку мали чекори.

Џеф Безос, основачот на Амазон и најбогатиот човек на светот, развивајќи својот бизнис со текот на времето успеа да создаде најголеми центри за профит од сите работи што му биле најголеми трошоци. Ова не е секогаш можно во секој поединечен случај, но е тема за размислување и честопати можност што се занемарува.

Да бидеме јасни, секој пазар со себе носи свои специфики, и она што функционира кај најразвиените пазари, веројатно нема да функционира кај нас без адаптации, но може да поттикне идеи и теми за размислување. Исто така, инспирацијата може да бидат и неповрзани индустрии, како што се музичката или филмската индустрија, видео игри, е-трговија и стартапи.

На пример, еден од концептите што можете да го разгледате од екосистемот на стартапи е MVP (minimum viable product), односно тестирање идеи преку изработка на наједноставната можна верзија на производот што сакате да го тестирате. Ова решение нема за цел да биде совршено, туку да ги има клучните карактеристики на финалниот производ и да биде функционално, а да потроши минимално време и ресурси во процесот. Доколку се потврдат основните хипотези, има смисла да се инвестира понатаму и да се развива крајниот производ.

Ако сакате да направите подкаст, купете бубици, импровизирајте студио и обидете се да снимите неколку епизоди. Ако тогаш видите дека можете и има смисла, инвестирајте за да го направите тоа подобро. Исто така, ако сакате да развиете нов дел на страницата, направете го решението за тестирање што е можно поедноставно и започнете со објавување на содржината, а потоа следете ги реакциите на публиката и управувајте соодветно.

Да напоменам и дека почетокот на приказната секогаш трга од претпоставките што ги имаме. Одлично е ако се добри, но скоро секогаш е подобро да се праша отколку да се погоди. Постојат многу едноставни начини да ја покажете вашата идеја на вашата целна публика и да соберете повратни информации од нив - едноставно, прашајте ги дали го сакаат тоа и дали би биле подготвени да платат за тоа (ако тоа е целта).

Цели и патеки кои ретко се следат

„Доброто не секогаш го победува злото, исправното не го победува секогаш погрешното, но активниот секогаш го победува освојува пасивниот“,

рече Вилијам Бил Бернбах, еден од татковците на модерниот маркетинг.

Сè што зборувал во 50-тите и 60-тите години на минатиот век важи и денес.

Ако претходната година нè научи на нешто, тоа е дека нема сигурност и дека сите мора да бидеме агилни и подготвени да се прилагодиме на околностите. Кој го стори тоа доби шанса да преживее. Кој не, порано или подоцна престана да постои.

Многу компании извршија внатрешна реорганизација, а некои ги своите вишок ресурси ги понудија на компаниите со кои соработуваат. Трговците кои заработуваа за живот од продажба во физички продавници брзо се префрлија на продажба и испорака на Интернет и добија шанса да преживеат. Рестораните кои се реорганизираа и пренасочија кон испорака, исто така. Хотелите им ги понудија своите соби за канцеларии на луѓе кои не можеа ефикасно да работат од дома, а многу луѓе кои работеа професии што привремено исчезнаа, најдоа решение со тоа што работеа каде побарувачката драстично се зголемуваше, како што се работни места за испорака.

Периодот зад нас ни покажа дека многу од она што мислевме дека не може да се направи без физички контакт, всушност може - ако е доволно важно, и нема други можности.

Како тогаш да се започне со трансформација?

Како и секогаш, сè започнува со промена на начинот на размислување, бидејќи истиот начин на размислување ги носи истите резултати. Кога тоа ќе се промени, важно е носителите на одлуки да го земат предвид. Нивниот придонес е секако клучен, но имајте на ум дека добрите идеи можат да дојдат од кој било член на тимот, а понекогаш и од надворешни соработници.

Наведете ги ресурсите што ги имате, а потоа и опциите што ви се достапни во наредниот период. Анализирајте го просторот што постои на пазарот и што е минимум неопходен за да можете да ја тестирате вашата идеја.

Обидете се да се фокусирате на идеи што се комплементарни, но исто така размислете како дополнително да ги вработите постојните ресурси на вистински начин. Бидејќи сите мислиме најдобро кога не охрабруваат со примери, ќе се обидам да ви дадам некои конкретни идеи од кои можете да започнете.  

Доколку имате опрема за фотографирање и фотограф во тимот ...

Фотографиите и видеата што ги произведувате, можете да ги поставите и преку страници на акции, места каде што секој заинтересиран може да ги купи, како дополнителен пасивен приход.

Исто така, можете да понудите услуга за фотографирање на настани и производи за клиенти на кои тоа им е потребно (и со проширување на е-трговија и социјални медиуми, на сите им е потребно)

Доколку имате опрема што ви овозможува да снимате видео (дури и ако немате професионални фотоапарати или камери, а имате само мобилни телефони), можете да размислите и за создавање видео содржини за страницата, социјалните медиуми или YouTube. Тоа можете да го направите за ваши сопствени потреби, со цел да заработите на таа содржина со текот на времето, но може да понудите и како услуга или да бидете партнер на потенцијални клиенти (на пример, можете да понудите производство на емисии или подкасти за YouTube).

Доколку немате ваков вид опрема и знаење за да ја користите на вистински начин, најверојатно можете да ги обезбедите истите преку проекти во наредниот период.

Ако го препознавте потенцијалот на социјалните медиуми ...

Ако ја разбирате важноста на социјалните медиуми и активно ги користите во вашата работа, можеби дел од времето на луѓето што ги водат ќе можете да го насочите кон тоа да работат со потенцијални клиенти.

Размислете само дали сите потенцијални огласувачи најдобро ги користат можностите обезбедени од социјалните медиуми. Можеби можете да им помогнете во други работи - содржина на веб-страница, рекламирање, позиционирање на пребарувачите или Google Maps? Дали можат да го подобрат својот бизнис преку присуството на сајтови за огласување како КупујемПродајем, но нема кој да ги води?

После овие, веројатно ќе имате дополнителни, бројни прашања што треба да ги разгледате. Јас ве охрабрувам да се обидете да одговорите на нив и да го пронајдете најдоброто решение за вас.

Ако процените дека содржината што моментално ја покривате нема потенцијал за комерцијализација …

Ако сметате дека содржината што ја произведувате во моментов не може да се комерцијализира на прифатлив начин, размислете дали има простор да се опфатат некои дополнителни области каде што има потенцијал за ова. На пример, содржина за бизнис публика, туризам, угостителство итн.

Од друга страна, можеби ќе можете да развиете сегмент на страницата што може да биде интересен за јавноста, како што се: мали огласи, бизнис директориуми, огласи за вработување или онлајн продавница што би продавала производи од кои дел од профитот би одел во буџетот за развој на бизнисот.

Дали има некој друг начин на кој можете да ја активирате вашата публика?

Дали се тоа донации? Или можеби опција за претплата? Можете ли да ѝ понудите на публиката ексклузивен пристап до некои дополнителни содржини? На пример, ден порано да имаат пристап до некоја видео содржина или можност да учествуваат во живо во вашите програми каде што можат да поставуваат прашања. Можеби за оние кои сакаат да се претплатат, можете да обезбедите некои попусти или поволности кај вашите клиенти.

Иако ви се чини дека овие работи не се вашиот примарен фокус и она што сакате да го работите, обидете се да го гледате ова како можност да бидете самоодржливи, бидејќи ентузијазмот не е доволен за добрите идеи да бидат трајно решение.

Иван Миниќ е професионалец за маркетинг и ИТ со меѓународно искуство. Тој е основач на една од најголемите онлајн заедници во балканскиот регион, која брои повеќе од 2 милиони корисници (Бурек форум), и самостоен претприемач со неколку покренати бизниси (Моја Пијаца, Бургос – бургер бар). Иван е домаќин и уредник на Појачало – подкаст за претприемништвото, кој достигнува до 5.000 претплатници. Тој соработувал и со медиуми од Србија и од Босна и Херцеговина, на кои им помогнал да го развијат своето присуство на интернет и да ја зголемат својата публика. На студентите по дигитален маркетинг на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград, им предавал Менаџмент на проекти.

Поврзани статии:

Медиумите многу често строго ги следат принципите на етичко новинарство. Ова значи дека тие имаат тенденција да избегнуваат одредени
Медиумските организации кои работат на развиени пазари со силна инфраструктура можат да се потпрат на лесниот пристап до информациите
Mjerenje-trzista-Prelazak-sa-grube-na-informisane-procjene.
Раководителот на тимот за развој на публиката има важна улога на пресекот помеѓу уредништвото и сите други тимови во
„Види Вака“, со седиште во Скопје, е добро познат и почитуван мултимедијален медиум, благодарение на нивната препознатлива продукција на
jl naslovna

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за