Технолошки решенија и нови форми на известување

 минути читање

Redakcijski menadžment i organizacija u digitalnom okruženju

Медиумските куќи повеќе не можат да се потпрат на традиционалните и добро воспоставени медиумски практики. Потребна е постојана иновација, односно култура на иновативност во редакцијата, со разбирање на публиката, на пазарот и на новите технологии.

Големата популарност на видеосодржините на социјалните мрежи, ги помести границите на она што го подразбираме под видеосодржина. Денес, речиси секоја социјална мрежа има свои закони, кога станува збор за видеото. Веројатно сте свесни за растечкиот тренд на вертикални видеа, во споредба со класичните, хоризонтални видеосодржини. Овие трендови се тесно поврзани со начинот на кој публиката денес ја конзумира содржината - преку мобилните уреди.

Друг тренд тесно поврзан со употребата на паметните телефони, е сѐ поголемото користење на графикaта и титловите во видеосодржините. Има две причини за тоа – првата е, да се привлече вниманието на гледачите и гледачките, а втората е поврзана со начинот на прикажување на видеото, кога ги прелистуваме социјалните мрежи - започнува автоматски и најчесто е без звук. Секој таков детал бара нов пристап при производството на содржини, како и адаптација на работните процеси за различни платформи.

Визуелизацијата на податоците (Data visualization) сѐ повеќе се користи во известувањето и во онлајн медиумите, но и во извештаите на весниците и телевизијата.

Некогаш, визуелизирањето на нумеричките податоци, за некои од медиумите беше сложен процес. Денес, дигиталните техники, алатките, апликациите, му овозможуваат на новинарот, со малку труд, самиот да се оспособи за визуелизација на податоците. Големата количина на бројки, односот помеѓу величините, трендовите на раст, сето ова може да се прикаже на питок и визуелно привлечен начин.

Моментално, атуелен пример за визуелизација на податоците е бројот на заразени со корона вирусот, растот на бројките за неколку дена, бројот на смртни случаи, жариштата во земјите и градовите. На публиката и е многу полесно да ги перципира овие информации преку мапи и графикони, кои можат да бидат статични, но и интерактивни. Само замисле резултати од избори испишани во бројки или прикажани со графикони, со што сè ќе ви стане попрегледно, а со тоа и појасно.

Голем потенцијал можат да имаат и поткастите - онлајн аудио на барање. Во последните години, на глобално ниво, сведоци сме на зголемена потреба од консумирање на аудиосодржини, преку кои можеме да добиваме вести, дебати, интервјуа. Поткастот ви овозможува да слушате аудиосодржина насекаде и во секое време, и може да биде начин за привлекување на нова публика, повеќе фокусирана на аудио отколку на видеосодржина.

Курсот - Редакциски менаџмент и организација во дигитална средина - е наменет за медиумските работници, со цел тие да се запознаат со процесите и начините на структурирање и водење на редакциите - без разлика дали се работи за мали или за големи редакции. Низ овој интерактивен курс, ве водат медиумски експерти, кои ќе ви помогнат самите да го изберете моделот на организација, што можете да го примените во локалната средина. 

Д-р ТЕНА ПЕРИШИН, професор на Катедрата за новинарство и медиумска продукција на Факултетот за политички науки, Универзитет во Загреб. Долгогодишна новинарка на Хрватската радиотелевизија. Специјализирала на американски универзитети (Универзитет Харвард, Универзитет Сиракуза) и на Си-Ен-Ен. Таа беше уредник во Радио Слободна Европа, работеше како хонорарка за Си-Ен-Ен и други медиуми. Таа водеше развојни проекти, вклучувајќи и проектот за дигитализација на информативната програма ХРТ а и лансирање на новинскиот канал ХРТ4. Таа ја основа и ја води Тлевизијата Студент, прва новинарска истражувачка лабораторија во регионот. Добитник е на повеќе награди за нејзината новинарска работа и државната награда за популаризација на науката. Автор е на бројни стручни и научни текстови, како и на книгата „Телевизиски вести“.

Поврзани статии:

Младите од Западен Балкан се соочуваат со потешкотии да ја разберат нивната реалност и меѓусебно да се запознаат поради

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за