OhridNews: Истражување на можностите за монетизација во малите локални медиуми

 минути читање

OhridNews-Exploring-Opportunities-for-Monetization-in-Small-Local-Media

Целта на секој медиум е да расте и да биде одржлив. Препознавањето на потребата за обезбедување на раст на приходите со текот на времето и обезбедувањето ресурси за успешно работење на медиумот не претставува проблем. Меѓутоа, спроведувањето на оваа практика – да. Нема рецепт за успех. Всушност, секој медиум што успева има тенденција да го стори тоа наоѓајќи свој пат заснован на неговата визија, надворешни околности и внатрешни можности.

Придобивките и предизвиците на разновидните приливи на приходи

Медиумската индустрија е дигитална, високо конкурентна и фрагментирана. Независните медиуми честопати се соочуваат со недоволни ресурси за раст поради ограничените можности за монетизација, фокусирани главно на рекламирање. Од друга страна, има и синдром „голема риба во мал базен“, што се случува кога медиумите ќе ги достигнат своите граници на раст како резултат на географската област што ја покриваат, карактеристиките на целните групи или нивните внатрешни можности.

Еден од основните совети за успех е да бидете сигурни дека не ги ставате сите јајца во една кошница. Со други зборови, да се намали оперативниот ризик со диверзифицирање на активности што создаваат приход. 

Овие нови активности можно е да бидат или да не бидат поврзани со постојните, основни ризици, и се очекува да донесат нови предизвици во однос на потребните оперативни промени, управувањето со промените и целокупните ресурси и вештини.

Како што покажува најдобрата практика, не се препорачува да се влегув во нови деловни потфати се додека не се утврдат постојните операции и приливи на приходи. Друга грешка што ја прават многу млади компании е скок во следната деловна можност веднаш по првичниот успех со претходниот, што често резултира со неуспех на сите вложувања. Затоа е важно да имате соодветна организациска зрелост, искуство, ресурси, квалитетна информативна поддршка и јасно дефинирани цели пред да преземете нови напори.

Меѓутоа, доколку се извршат успешно, ваквите стратегии за диверзификација доведуваат до зголемување на изворите на приход и на самиот приход, овозможувајќи ја одржливоста што медиумите треба да ја постигнат.

Одличен пример, може дури и да се нарече „прав пример“ за тоа како стратешки да се пристапи кон развој на бизнисот како медиум е примерот на OhridNews. Нивното долгорочно медиумско искуство, локалната експертиза, постојните ресурси, стратешкиот пристап и врските со други компании, комбинирани со важни ситуациони фактори, доведоа до успех на OhridNews. Нивната приказна може да послужи како водич за другите медиуми кои сакаат да постигнат одржливост преку диверзификација на бизнисот.

Придобивките и предизвиците на разновидните приливи на приходи

За OhridNews

OhridNews е креативен медиум со седиште во Охрид, Северна Македонија. Медиумот работи преку онлајн порталот www.ohridnews.com во југозападниот регион на Северна Македонија и создава високо квалитетна содржина на различни теми за да ја информира и забавува нивната публика.

Основач и извршен директор на OhridNews е Горан Момироски, новинар и уредник со 26 годишно искуство во работа со домашни и меѓународни медиуми.

About-OhridNews

OhridNews генерира приближно 95% од приходите од маркетинг услуги, поточно од продажба на рекламен простор на порталот, ПР-услуги и продукција на фотографии и видеа за компании со седиште во Охрид и пошироко.

OhridNews е единствениот регионален онлајн медиум што е добитник на Повелбата „Свети Климент Охридски - Патрон на Охрид“, награда доделена од градот за исклучителен придонес во промоцијата на Охрид и неговите вредности во 2008 година. 

Тој е единствениот онлајн медиум во регионот што има добиено национално признание за својата работа - Признание за извонреден придонес во промоцијата на граѓанското општество доделено од Македонскиот Институт за Медиуми и Институтот за ТрајниВвредности во 2009 година.

OhridNews има висококвалитетен, образован и посветен кадар. Во моментов има 3 вработени со полно работно време и 2 надворешни соработници, со планирање да има 5 вработени со полно работно време и 5 надворешни соработници до крајот на 2021. Од 2015 година, OhridNews организира најголема културно-забавна манифестација во Охрид, „Зима Бајка".

Можности на пазарот

За да разбереме како OhridNews го постигна својот голем успех, треба прво да го разбереме пазарот на кој тој функционира.

Охридскиот регион (општина Охрид, Струга и Дебрца) е еднно од 38-те места на УНЕСКО во светот и 8 во Европа, во мешаната категорија на светски места за природно и културно наследство. УНЕСКО ги стави под заштита Охридското езеро и планината Галичица со цел да ги зачува своите ендемични видови, што ги прави, истовремено, магнет за туристите. Всушност, овој регион го посетуваат над 300.000 туристи на годишно ниво.

Охрид во минатото главно беше дестинација за одмор за домашните туристи, но денес, според Бирото за Статистика, структурата на туристите е целосно променета, како што може да се види на следната табела.

Можности на пазарот
 Извор: Биро за Статистика, Северна Македонија

Зголемениот интерес за туризам се рефлектира во растот на капацитетот за сместување. Туристите користат услуги на 43 хотелски објекти, 2.900 изнајмени имоти и над 400 угостителски, занаетчиски и туристички услуги, околу 100 превозници (автобуси, такси, чамци), над 50 туристички водичи и локални агенции, како и јавни институции, музеи и други атракции, стоматолошки клиники и здравствени установи. Во последните 5 години, 15 хотели во Охрид ги модернизираа своите капацитети по барање на странски партнери и тур-оператори, а капацитетите за приватно сместување растат секоја година (од 2.330 во 2015 година на 2.900 недвижности во 2020 година). Меѓународниот Совет на Аеродроми (АЦИ) го рангираше аеродромот во Охрид како еден од првите три аеродроми во Европа според стапката на пораст на патниците (63,9%) во првиот квартал на 2019 година.

Кога станува збор за трендовите во областа на туризмот, важно е да се напомене дека новата генерација патници повеќе не се потпираат само на локалните туристички агенции за да им помогнат да донесуваат одлуки за патувања. Технолошки разумните Millennials и генерацијата З собираат информации за патувања и прават резервации преку различни канали, вклучувајќи социјални медиуми, платформи за резервации и веб-страници. Покрај тоа, избувнувањето на пандемијата „Ковид-19“ и „новото нормално“ има сериозни последици врз туристичкиот сектор. И покрај очигледните негативни страни, кризата создаде простор за нови можности како што е дигитализацијата и фокусот на оонлајн перации во туризмот.

Според Светската Туристичка Организација, во следните 3-5 години фокусот ќе биде на кратки и индивидуални, наместо на групни патувања. Затоа, туристичките компании ќе го насочат својот фокус кон локалните и регионалните пазари кои се лесно достапни.

Сега, зошто е ова важно?

Според истражувањето спроведено од OhridNews, промотивните активности на Туристичката Асоцијација во Охрид и другите локални даватели на услуги на патувања не се во согласност со очекувањата на деловните субјекти кои работат во локалниот туристички сектор, ниту со промените на пазарот на патувања. Нивното истражување откри дека постои голем интерес од страна на локалните туристички компании да соработуваат со OhridNews за подобрување на промоцијата и продажбата на нивните услуги.

ohridnews

Комбинирајќи ги овие согледувања со потребите на современите патници, OhridNews сака да обезбеди пристап до сите информации и атракции што се нудат во регионот на Охрид на едно место. Тој има за цел да создаде портал за дестинација за Охрид - платформа (вклучувајќи социјални медиуми и мобилна апликација) со висококвалитетна понуда и професионални услуги што ќе им овозможат на луѓето да го искусат уникатното културно и природно наследство на регионот на Охрид. Името на платформата ќе биде Е-Охрид (Искуси го Охрид).

Заедничката потреба на сите туристички субјекти и патници е информирањето и ова е главната јачина на OhridNews. Медиумот има постојни канали за комуникација и добро воспоставени односи со туристичкиот сектор. Контактите со деловната заедница, како и угледот и довербата што ја уживаат како професионален медиум се на исклучително високо ниво. Целта на овој нов портал ќе биде пренесување на прибираното знаење и искуство во дигиталната сфера, што ќе доведе до раст и проширување на локалниот пазар на патувања.

Намерата на овој потфат е валоризација на уникатното локално наследство, интеграција на туристичката понуда на едно место, обезбедување одржлив развој на Охрид како патна дестинација, градење партнерства со клиенти, обезбедување квалитетни информативни услуги и интегрирана промоција, можности за развој на туристичката индустрија и локалната заедница.

Целта на медиумот е да изгради портал за дестинација со светски квалитет, сличен на оној изграден за езерото Гарда во Италија или езерото Блед во Словенија.

Странските и домашните посетители ќе можат да најдат релевантни информации за туристички понуди во Охрид, вклучувајќи сместување, настани, културни патувања, превоз, шопинг, итн. Тие ќе можат да резервираат и да купуваат туристички производи, услуги, екскурзии, билети за настани и посета на музеи и знаменитости, ваучери за попусти, сувенири и друга работи. Туристичките компании и другите субјекти од индустријата ќе можат да ги нудат и продаваат своите производи и услуги на порталот. Комбинацијата на информации и порталот за дестинации може да се понуди како пакет-зделка на компаниите во туристичкиот сектор.

Платформата ќе биде насочена кон маркетинг на содржини и ќе објавува висококвалитетни видеа, фотографии, извештаи, подкасти и други форми на креативна промоција и информации.

OhridNews ќе ги понуди следниве деловни услуги: членство са годишен надомест што обезбедува одредени врвни услуги и попусти за клиенти, придружна продажба, месечни пакети за рекламирање преку банери, написи за односи со јавноста, видео и фото-промо приказни и други промотивни услуги, како што се организација на настани, попусти промоции, наградни игри, ваучери и сл.

Новиот потфат Е-Охрид ќе биде додадена вредност и долгорочен дополнителен извор на приход за OhridNews, но и дополнителен предизвик за кој се потребни инвестиции во форма на капитал, време, енергија и знаење. Диверзификацијата на активностите и ризиците ќе обезбеди раст и одржливост на платформата, но само доколку е водена од јасна стратегија и деловна интелигенција.

Алмир Пештек е искусен стратег, консултант за деловна поддршка, со две децениски ангажман во бизнис, стартап сектор, иновации и сектор за претприемништво во Босна и Херцеговина, Западен Балкан и пошироко. Експертот комбинира високо софистицирано знаење за економските трендови, претприемачкиот пристап и вештини за стратешко планирање кои се применливи за секторот за развој на медиуми, особено во доменот на планирање на нивниот бизнис. Тој работел со повеќе од 20 различни медиуми за да го поттикне нивното стратешко планирање и да поддржи градење на капацитети во деловните области и ефикасно работење.

Поврзани статии:

Истражувањата покажуваат дека медиумите и локалните веб-страници, се најголемите губитници на пазарот на дигитално рекламирање. Сѐ повеќе се инвестира
Унапредувањето на деловните модели на локалните медиуми во Западен Балкан и тестирањето на новите извори на приходи, во ситуација
Линеарната телевизиска програма, барем во поразвиените земји, наскоро најверојатно ќе се најде на смртна постела. Сè помалку гледачи седат
01-Razmišljajte-izvan-TV-kutije.png

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за