Женската соработка како клуч за успехот на Радио ЗОС од Тешањ

 минути читање

Радио ЗОС од Босна и Херцеговина, го чинат четири жени. Тие денес, иако кога медиумот е покренат, ваквата одлука не била намерна, со гордост истакнуваат дека станува збор за женски медиум, кој на локално ниво се занимава со важни и храбри теми и покрај притисоците, а честопати и заканите.

Покрената во 1997 година во Тешањ, оваа комерцијална радиостаница, како и многу колеги, по почетокот на пандемијата на коронавирусот, се најде на работ на опстанокот. Многу медиуми тогаш престанаа со работа, многумина се откажаа поради нередовните приходи, а Радио ЗОС кој имаше 50 клиенти, остана на само 10. Амела Сејдиќ, менаџерка на Радио ЗОС, истакнува дека во тој момент, одлуката да се пријават на два конкурси, ги спасила од веројатната пропаст.

„Во еден момент видовме јавен конкурс на Гугл - значи, едноставно невозможно, но решивме да аплицираме со една добра идеја за емисии за пандемијата. Го добивме тој проект и ги спасивме работните места, а во меѓувреме продолживме да аплицираме и на други јавни повици. Тогаш добивме два грантови и експертска поддршка преку проектот „Media for All“ - финансиран од Владата на Обединетото Кралство, кои целосно го сменија нашиот начин на работа, ние станавме посилни на многу начини, не само финансиски. Благодарение на нашите ментори од ‘Media for All’, успеавме да ја реализираме нашата идеја“.

Таа идеја беше покренување на маркетинг агенцијата, „ЗОС Медиа Консалтинг“, за која Амела вели дека е „круна на нивниот бизнис“. Создадена е со наслушување на потребите на нивната целна група, како и со препознавање на нивните силни страни и вештини. Со оглед на големиот број компании кои работат во Тешањ, а кои немаат одделение за односи со јавноста, се јави потреба од посредници помеѓу локалните бизниси и рекламирањето на националните медиуми.

„Низ нашето долгогодишно работење, ние успеавме да оствариме контакти со многу национални и локални медиуми од цела БиХ и врз основа на тоа успевавме да го реализираме сето она, што го бараа нашите клиенти. Последната кампања ја работевме за една голема компанија во Тешањ, која има над 600 вработени. Станува збор за промотивен филм, кој го пласиравме на еден од националните медиуми, за кој имаше одлични повратни реакции“, истакнува Амела.

Денес, речиси три години од почетокот на проектот „Media for All“, Радио ЗОС со гордост истакнува дека во 2022 година, оствариле дури 30% поголем приход, во однос на претходната година. Но, да се започне и да се промовира нова деловна идеја, во време на глобална пандемија и во време кога многу медиуми се затвораат поради пандемијата, а компаниите одлучуваат да ги намалат трошоците на минимум, не беше лесно. Амела и нејзиниот тим тогаш решиле да напишат серија текстови за новите претприемачи.

„Ние сакавме да ги поддржиме жените, кои беа на почеток на нивниот бизнис, пишувајќи промотивни текстови за нив и индиректно промовирајќи го нивниот бизнис. Им ја пружавме таа промоција и една шанса за рекламирање преку нашиот медиум, затоа што сакавме да придонесеме за развој на нивниот бизнис, а на тој начин сфативме дека правиме и промоцијата на нашата маркетинг агенција“.

Иако агенцијата ја сметаат за круна на нивниот бизнис, успехот што го забележа Радио ЗОС не беше случаен, ниту пак се случи преку ноќ. Граѓаните на Тешња ним им веруваат, а односот со заедницата се градеше како со храбро и непристрасно известување, така и со пишување за теми кои се од суштинско значење за животот на луѓето во заедницата. Од комунални приказни, преку текстови кои помогнаа да се реши станбеното прашање на пет семејства, да се добие стипендија за социјално загрозените деца, до поддршка за младите спортисти.

Не е новост дека новинарството на Балканот не е за секого. Професијата не е на добар глас, платите често се ниски, а препознавањето на важноста на постоењето на медиумите, често отсуствува. За да останете во новинарството, треба навистина да го сакате, а Амела и нејзиниот мал тим, тоа секојдневно го докажуваат.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите очи? На многумина од нас, првото нешто што ни поминува низ мислите, е да го извадиме телефонот и тоа да го документираме, со фотографирање или со видеоснимка. Паметните телефони речиси секогаш ни се при рака, а податоците покажуваат дека
Мнозинството вработени во непрофитниот сектор, често се соочуваат со слична фрустрација – зошто темите со кои се занимаваат и

Теми:

Најнови статии:

Како може да се унапреди соработката помеѓу локалните и истражувачките новинари?
Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор за
АБВ на мобилното новинарство и зошто истото треба да го земете предвид
Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите
Постигнете лесно, брзо и ангажирачко искуство, слично на она со апликација, без оригинална апликација
Дали размислувате да развиете апликација за вашата онлајн содржина на вести? Или можеби веќе имате апликација, но не сте убедени
Како приказните за активизмот и човековите права, завршија на најчитаните портали во Босна и Херцеговина?
Мнозинството вработени во непрофитниот сектор, често се соочуваат со слична фрустрација - зошто темите со кои се занимаваат и резултатите