Сите начини на кои издавачите ги користат билтените, за да го зголемат бројот на членови кои плаќаат

 минути читање

All the ways publishers are using newsletters to grow paying members

E-поштата е многу важна за оние што објавуваат вести, а кои се фокусирани на приходите од читателите, кои тие ги гледаат како цигла во изградбата на нивната стратегија.

„Лудо е колку е застарено“, нагласи еден говорник во текстот објавен во „Њујорк тајмс“, кој говори за користењето на е-поштата заради комуникација, со наслов „Може ли ген З да го ослободи светот од е-поштата?“.

Да, лудо е. Но, лудо на добар начин. Патем, и „Њујорк тајмс“ се потпира на е-поштата во ракмите на својата стратегија за дигитална претплата. (Тие ги гледаат билтените како градење навики и ги наведуваат претплатниците кон нив, со цел да ги задржат и зголемат нивниот број).

Е-поштата постои веќе некое време. Многу паметни „луѓе од дигиталните медиуми“ веруваат дека таа ќе опстане уште некое време.

Нема потреба од дискусија - ова е новото златно доба за билтените. Реномираниот медиумски колумнист, Дејвид Кар (David Carr), во 2014 година напиша дека се претерува кога се зборува за смртта на билтените, кои се праќаат преку е-пошта.

Во таа колумна, Кар го цитира Џејсон Хиршхорн (Jason Hirschhorn), главен извршен директор на дигиталниот куратор РиДеф (ReDef): „е-поштата е технологија стара 40 години, која не исчезнува од многу добри причини - тоа е лебарката на интернетот“. Ова е  совршено сумирање.

Во изминатите неколку години, секаде каде што барав увид во врска со градењето на одржливи приходи од читателите, речиси секогаш фокусот паѓаше на е-поштата и билтените, кои беа меѓу првите три работи во овој домен.

Значи, еве список што го чувам, за сите начини на кои издавачите на вести ја користат е-поштата, за да го зголемат бројот на членови кои плаќаат и на регистрирани корисници. Ова е список што постојано се зголемува и јас постојано го ажурирам, затоа погрижете се некаде да го сочувате. (Исто така, имам список за начините на монетизација на вашиот билтен, но дозволете ми друг пат да го споделам тоа).

Платени-билтени

1) Платени билтени

Платените билтени, до кои пристап имаат само претплатниците, се најконкретниот начин на кој издавачите на вести можат да го зголемат бројот на членови кои плаќаат или на регистрирани корисници. Тоа, во никој случај, не е едноставна задача. Постојат различни стратегии, од кои можете да направите избор. Но, да се има платен билтен, поврзан со вашата понуда за членство/претплата, е нешто што лесно може да се исплати.

Блогот Ghost, објави серија од два дела (прв, втор) за тоа како да се зголеми бројот на претплатници на билтенот, со целни страници. Двете блог објави вклучуваат неколку корисни примери и најдобри практики, за тоа како да се пренесе вредноста на платениот производ директно од целната страница, и има многу што можете да научите од таму.

Се подразбира, ако сакате луѓето да плаќаат за вашата содржина, таа мора да биде добра. Интересно е тоа што таа не мора да биде и совршена, како што вели вообичаената заблуда кај почетните автори на билтените со наплата. Според неколку успешни автори на билтени, вие не треба да поставувате ѕид за плаќање за вашата најдобра содржина, бидејќи тоа му обезбедува најдобар маркетинг (промоција) на вашиот производ.

Дополнителна-содржина-за-претплатници

2) Дополнителна содржина за претплатници (т.е. неделно издание, специјални прашања и одговори)

Неодамна, Блумберг лансираше нови билтени, кои ставаат акцент на личности, и еден од нив, „Пауер он“ („Power On“), на авторот Марк Гурман, за Ејпл (Apple) и потрошувачката технологија, има две верзии. Едната верзија е за слободни корисници, со сите неделни вести на Ејпл. Другата верзија излегува порано за претплатниците на Блумберг, и вклучува ексклузивен дел за прашања и одговори.

Друг пример на ексклузивна содржина за претплатници, е објавување на дополнително издание на билтенот, само за нив. Најпопуларниот избор што сум го видел, е викенд изданието на еден дневен билтен.

3) Дополнителни понуди за претплатниците (т.е. пристап до онлајн заедницата)

Една од најдобрите практики за градење на лојални следбеници, е создавање на ексклузивни и „безбедни простори“ за членовите и регистрираните корисници, за интеракција со редакцијата и за меѓусебна комуникација.

Земајќи го ова предвид, некои независни, но, исто така, и мали издавачи на вести, експериментираат со создавање на онлајн заедници на Дискорд (Discord) или во затворени Фејсбук (Facebook) групи. Влез имаат само поддржувачите кои плаќаат.

Ова е индиректен начин на кој билтените им помагаат да се развијат, бидејќи тие обично се рекламираат, исто така, преку билтени, некои користат повратни информации и информации од заедницата во билтените, како, на пример, некои поддржувачи.

Бесплатни-билтени-со-линкови-до-текстови-со-ѕидови-за-плаќање

4) Бесплатни билтени со линкови до текстови, со ѕидови за плаќање

Ако имате голема база на читатели, одењето на индиректен начин да ги претворите во корисници коишто ќе плаќаат, може да биде поуспешно, дури и ако се работи за долгорочен проект.

Еден од најголемите издавачи на вести, што го практикува овој начин, е „Њујорк Тајмс“. „Билтените се одличен начин да се развие бизнисoт со претплата. Претплатата на билтен, е здрава навика, којашто може да вроди со плод“, изјави за Диџидеј (Digiday), Адам Пасик (Adam Pasick), уредник-директор на билтените на „Тајмс“.

„Морнинг“ (The Morning), досега најголемиот билтен на „Тајмс“ со милиони корисници, е бесплатен за секого. Според Пасик, тие користат неколку тактики, за да ги претворат во претплатници. Процесот е во тек, a што најдобро функционира, засега не е споделено. 

Исто така, оваа стратегија на бесплатни билтени што се поврзуваат со текстови со ѕидови за плаќање, беше успешно искористена од Функе Медиангрупе (Funke Mediengruppe), кои успеаја да конвертираат 5 до 10 проценти од нивните корисници на билтенот, да плаќаат за нивната онлајн услуга.

Како што за време на конференцијата Медиумски револуции ни рече Рут Бец (Ruth Betz), во тоа време прв човек на стратегијата за билтени, во просек им требале околу шест месеци да ги претворат новите запишани корисници на билтенот, во клиенти што плаќаат.

Бесплатни-билтени-со-промоција-за-членство/регистрација

5) Бесплатни билтени со промоција за членство/регистрација (поддржете нè)

Ова е сличен пристап како и во претходниот случај, со таа разлика што тука активно ја промовирате вашата дигитална претплата во билтенот.

Њујорк тајмс“ го прави ова, Функе Медиангрупе го проба ова, но имаше поголем успех со испраќање на читателите до текстови со ѕидови за плаќање.

Можете да го направите ова и со членство на информативна веб-страница, што нема содржини со ѕидови за плаќање. Поентата е читателот да го поддржи постоењето на билтенот и медиумот кој стои зад него.

Сфатете го ова како стратегија на Петрион (Patreon), при шро билтенот е вашата главна инка. Секако, можете да обезбедите бенефиции и дополнителни поволности, но идејата е да побарате финансиска поддршка за информативниот продукт што го создавате - билтенот.

EПКУ–е-поштата-како-услуга

6) EПКУ (ЕAAS) – е-поштата како услуга (целосни написи директно во сандачето)

Што ако сандачето на вашиот претплатник e главната допирна точка со вашата содржина? Воскреснувањето на независните автори (до пред неколку години ги нарекувавме блогери), кои користат платформи како Сабстак (Substack), Гоуст (Ghost), Ревју (Revue) или дури неодамна лансираниот билтен на Фејсбук, ја покажува моќта на сандачето.

Читателите се претплатуваат на билтенот и добиваат целосно искуство за секоја содржина во е-поштата испратена од авторот. Нема потреба да кликнувате и да ја посетите веб-страницата за да ја прочитате целата статија. Сѐ ви ‘слетува’ во вашата е-пошта и до тоа можете да дојдете секогаш кога имате време. Таму е, ниту еден алгоритам нема да го ‘оддува’.

Словачкиот Деник Н (Denník N), беше успешен во наведувањето на читателите да се регистрираат, претплатувајќи се на нивните билтени или следејќи написи објавени од одреден автор или теми што тие избрале да ги следат. Читателот потоа добива известување секогаш кога ќе се објави нов текст.

Замислете дека на претплатниците им ја испраќате целата статија директно во нивното сандаче, а не само известување за неа. Тоа би била услуга за која вреди да се плати. И има добра продажна точка - со секое известување преку е-пошта, до оние кои не се ваши дигитални претплатници, истите можете да ги потсетите дека со активна претплата, тие ќе ја добиваат целата содржина директно во нивното сандаче.

7) Билтенот како алатка за задржување (губење помалку претплатници)

Понекогаш, зголемувањето на бројот на ваши членови или регистрирани корисници, не значи и дека ги губите постоечките. Како што погоре го цитирав Адам Пасик од „Њујорк тајмс“, билтенот е одлична алатка за формирање на навики. И како што покажаа извештаите, ангажираните читатели не се откажуваат.

Програми-за-препораки

8) Програми за препораки

Програмите за препораки првенствено се користат за да се изгради листа за билтенот. Вие создавате стимулации за вашите претплатници на билтенот, со цел тие да ја споделат врската за пријавување и да ги поттикнат нивните пријатели или следбеници, да му се приклучат на вашиот билтен.

Ако вашата сегментација на списокот е правилно поставена, можете подобро да ги таргетирате препорачаните, кои се придружиле поради претплатниците, со специјални понуди и со тоа што ќе им кажете дека лицето што ги препорачало веќе е клиент претплатник и оти тие треба да размислат за истото.

Во основа, податоците од програмата за препорака, може да се користат за таргетирање на оние регистрирани корисници на билтенот, кои веќе имаат врска со некој што е корисник кој плаќа.

Направете-платформа-за-претплата-на-билтенот

9) Направете платформа за претплата на билтенот

Последното и најтешкото за извлекување. Ако имате ресурси, пазарна моќ и стимулации за независни автори, кои би им се приклучиле на вашите платформи, можете да изградите платформа за претплата на билтенот.

Сега, тоа можете да го направите на начинот на Сабстак, добивајќи надомест од вкупните претплати или може да ја поврзете претплатата со вашиот главен или надграден производ (дигитална претплата), и, или да му дадете на писателот дел од секој претплатник, или да платите паушална такса.

За појаснување, размислете за Медиум моделот на претплата. Медиум е платформа за блогирање, а сега и платформа за билтен. Некои од содржините се ексклузивни и ќе треба да платите претплата.

Има само една претплата за сè и авторите добиваат дел од вкупниот приход, врз основа на тоа колку читатели што плаќаат, комуницирале со нивната содржина.

Затоа, врзано за билтенот, размислете за овој модел. Имате целосна дигитална претплата, со вклучен пристап до независни билтени. Вашата публикација е главната порта и ги делите приходите со авторите, врз основа на договорените метрики.

Напомена: Овој текст првично беше објавен на Фикс Медиа (The Fix Media).

Поврзани статии:

Унапредувањето на деловните модели на локалните медиуми во Западен Балкан и тестирањето на новите извори на приходи, во ситуација

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за