Насоки за уредници/чки и новинари/ки: Вистинскиот начин да се известува за решенијата

Петра Ковачевиќ

Петра Ковачевиќ

01-Guidelines-for-editors-and-journalists-_The-right-way-to-report-on-solutions_.png

Иако на почетокот тоа беше чудна новина, за која бројни редакции беа скептични (иако некои сè уште се), многумина ги отвораа вратите за практиката на новинарството посветено на решенија, со надеж дека ќе ја придобијат публиката, која е заситена од лоши вести. Зад оваа новинарска практика, која сака да ги „трансформира вестите“, стои Solutions Journalism Network, меѓународна организација што „води глобална промена во новинарството, фокусирана на она што на вестите најчесто им недостасува“.

Ангажирано, но ригорозно

Според приврзаниците на новинарството посветено на решенија и поврзаната практика на конструктивно новинарство, известувањето за одговорите на општествените проблеми е начин да се обезбеди попрецизен приказ на светот, но и да ѝ се покаже на публиката дека светот е, исто така, полн со надеж и напредок, за кои редакциите обично не сметаат дека се вредни да најдат свое место во вестите.

Освен подобрување на новинарството, целта на известувањето посветено на решенија, е и поттикнување на ангажираност, преку раскажување на приказни, кои на публиката ќе и бидат интересни, вредни за споделување, а можеби и ќе ги смета за поттик за дејствување.

Ова, сепак, не треба да има никаква врска со едноставни и возбудливи приказни – или позитивни вести – затоа што, иако фокусот треба да биде ставен на она што функционира, известувањето мора да биде на новинарски ригорозен начин. Тоа подразбира следење на највисоките постулати на новинарската професија, како што се точноста, непристрасноста и правичноста. Иако е различно од „регуларното“ новинарство, затоа што ги охрабрува новинарите да известуваат од поинаква перспектива, која оди подалеку од само голо презентирање на проблемот, тие треба да го направат тоа на сеопфатен начин, што ќе и овозможи на публиката критички да ги оцени решенијата.

Новинарството посветено на решенија на Би-Би-Си - како пример?

Новинарството посветено на решенија на Би-Би-Си - како пример?

Би-Би-Си, често споменуван заедно со „Гардијан“ и неговите конструктивни приказни од кои некои се фокусираат на решенија, се посочува како еден од најистакнатите денешни „играчи“ во новинарството посветено на решенија, не само во Обединетото Кралство,  туку и во светот. Сепак, овој медиум за решенијата известува под малку поинаков назив: новинарство фокусирано на решенија. Со него се започна откако Би-Би-Си спроведе истражување за тоа што навистина младата публика, која недоволно ги следеше, сака. Откри дека „64 отсто од помладите од 35 години сакаат вестите да понудат решенија за проблемите, а не само вести што ги информираат за одредени прашања“.

Имаше неколку мултимедијални онлајн проекти на Би-Би-Си, под банерот фокусиран на решенија, но лидер во известувањето фокусирано на решенија во Би-Би-Си, е проектот Би-Би-Си People Fixing the World, порано познат како Би-Би-Си World Hacks, кој стартуваше во 2016 година. Се работи за  онлајн платформа со поткасти и дигитални видео приказни за „луѓето што го менуваат својот свет“. Видеосториите, исто така, се објавуваат и на платформите на социјалните мрежи.

Би-Би-Си сè уште се смета за пример за другите јавни радиодифузери во светот, и затоа бев заинтересирана – и како истражувачка, и како новинарка – дали оваа медиумска куќа може да ја задржи истата репутација и во известувањето за решенија. Во пакетот алатки за новинарството фокусирано на решенија, кој повеќе не е достапен на интернет, оваа практика е амбициозно поставена како начин да „даде попрецизна слика за светот, да ги инспирира оние кои сакаат да информираат, да му служи на јавното добро и да помогне во исполнувањето на јавните цели на Би-Би-Си, без отфрлање на нејзината заложба да се обезбеди точно, независно и непристрасно новинарство, кое вклучува и повикување на одговорност на власта“. Мојата цел беше да проверам дали е ова случај и со видеоприказните на Би-Би-Си People Fixing the World, бидејќи тие првенствено беа наменети, иако не исклучиво, за младата публика - најбараната и честопати најнеразбирливата група со која многу редакции се обидуваат да се поврзат.

Анализирање на новинарството фокусирано на решенија на Би-Би-Си

Анализирање на новинарството фокусирано на решенија на Би-Би-Си

Како дел од моите докторски студии по новинарство на Универзитетот Кардиф во Обединетото Кралство, решив темелно да ги анализирам видеоприказните на Би-Би-Си фокусирани на решенија и да разговарам со новинарите кои ги креираа, како и со нивните уредници. Ова беше важно не само заради сеопфатно истражување на практиката на новинарството фокусирано на решенија во овој јавен радиодифузер, туку и заради сфаќање на проблемите со кои се соочуваа редакцијата во имплементацијата на своите идеи. Истражував и за какви информации се известува, и како се раскажуваат приказните фокусирани на решенија. Мојата почетна точка беше студијата на Карен Е. Мекинтајр и Кајзер Лаф (Karen E. McIntyre & Kyser Lough) во која се наоѓаат интервјуа со личности кои се идентификуваат како новинари фокусирани на решенија и кои го изработија првиот академски сет на насоки за новинарство насочено кон решенија. Сепак, мојата студија јасно покажа дека сфаќањето за тоа како треба да се известува за решенијата, станува многу поинакво штом навистина се обидете да го направите тоа во практика, и дека многу идеали за практикување на добро новинарство, одеднаш исчезнуваат.

Опасности од ‘слизнување’ во позитивни вести

Опасности од ‘слизнување’ во позитивни вести

Начинот на кој тимот на Би-Би-Си ја перцепира практиката на известување за решенијата и начинот на кој тоа го прави во своите видеа, значително се разликуваат. Иако новинарите и уредниците во тимот, во голема мера го позиционираат новинарството фокусирано на решенија во согласност со поимите поставени во Уредувачките вредности и стандарди на Би-Би-Си; прашањата за приспособување кон публика на социјалните мрежи, следењето на метриката на публиката и развивањето на видеоформат што ќе ја задоволи и публиката и алгоритмите, значително се одразуваат врз новинарскиот квалитет на сториите. Поимот - точност, кој новинарството посветено на решенијата и новинарството на Би-Би-Си поврзано со неа, го ставаат на пиедестал, во видеоприказните фокусирани на решенијата честопати се турка во втор план. На многу приказни им недостасува критичка перспектива која ѝ е потребна на публиката, за да може да донесе оценет суд за решението што се презентира и истото да го разбере во однос на проблемот за кој решението се однесува.

Видеоприказните на Би-Би-Си, фокусирани на решенија, често, иако не секогаш, се раскажуваат на начин кој е возбудлив, интересен, позитивен и едноставен, што не би требало да претставува проблем, доколку се исполнат сите други барања за новинарство. Сепак, многу од приказните честопати може да се помешаат со позитивни вести, па дури и со промотивни видеа на интересни решенија и луѓе или организации, кои стојат зад нив.

На овој начин, известувањето насочено кон решенија, се користи како ветување за подобар ангажман на публиката, која сè уште се грижи за висококвалитетното новинарство, но потребата да ги привлечете припадниците на публиката, премногу често значи да се биде малку или воопшто да не се биде критичен кон решението или да не се објаснува проблемот, причината за него и контекстот во кој тој се појавил.

И покрај тоа што недостатоците и пречките што ги најдов се однесуваат само на „People Fixing the World“ на Би-Би-Си и тие не можат да се применат на целокупното известување фокусирано на решенија на овој јавен радиодифузер, тие сепак се индикативни кога станува збор за она на што другите редакции може да наидат на нивниот пат до новинарството насочено кон решенија.

Поради оваа причина и врз основа на резултатите од моето истражување и идентификуваните пречки со кои се соочува тимот на Би-Би-Си, изработив уникатен сет на упатства за новинарство насочено кон решенија, наменет за новинарите и уредниците. Овие инструкции се „надградба“ на споменатите упатства на од Мекинтајр&Лаф, но и на практичните упатства што ги обезбедува Solutions Journalism Network на својата веб-страница.

ВАЖНО: Упатстват, за прв пат, јавно се претставени во овој напис и тие се оригинално дело на авторот и може да се користат како контролна листа од страна на редакциите, кои се фокусираат на известувањето насочено кон решенија, со обврска за фер повикување на авторот.

Насоки за новинарство насочено кон решенија

Насоки за новинарство насочено кон решенија

Следниве упатства се однесуваат на известувањето насочено кон решенија - информации што мора да бидат вклучени во приказната, за да се направи „ригорозно“ новинарско парче.

  1. Приказната мора да го вклучи и да го објасни проблемот, причината и контекстот во кој тој се појавува. Треба да се презентираат различни перспективи за проблемот и неговите ефекти, со цел публиката да ги има сите релевантни информации за да може да ја оцени соодветноста на решението.
  2. Приказната мора да понуди решение кое се имплементира во реалниот живот.
  3. Приказната мора да објасни кое е решението, вклучително и каде, кога и од кого е осмислено и имплементирано.
  4. Приказната мора да понуди и да објасни детали за тоа како решението функционира и како реагира на проблемот.

  5. Приказната мора да ги прикаже и да ги објасни сите релевантни ограничувања или лоши страни на решението, како и ограничувањата во вистинската имплементација на решението.
  6. Приказната мора да ја презентира релевантна критика или противење на имплементацијата на решението, вклучувајќи го и одговорот, односно повратната информација на оваа критика.
  7. Приказната мора да презентира веродостојни и проверливи докази за ефективноста на решението. Овие докази треба да бидат независни од пронаоѓачите на решенија. Ако нема такви докази, тоа мора да биде јасно кажано.
  8. Приказната мора да вклучува гласови, кои имаат директно лично искуство кога станува збор за решението и за неговата имплементација.
  9. Приказната може да вклучува и други дополнителни информации за публиката, која би сакала активно да се вклучи во решението што е презентирано.

Иако овие упатства може да функционираат како корисна рамка на стандарди, што треба да ги исполни секоја приказна насочена кон решенија, начинот на кој тоа ќе се направи во практика, значително зависи од медиумското опкружување и од целите на публиката на секоја конкретна редакција. Би-Би-Си разви уникатен видеоформат за решенија, што се вклопува во преференциите на публиката на дигиталните и на социјалните медиумски платформи, а тоа неминовно го попречуваше имплементирањето на новинарските и уредувачките вредности, кои членовите на овој тим фокусиран на решенија, ги сметаат за драгоцени. Затоа, успешното следење на презентираните насоки е можно само кога тие се приспособени и преформулирани со контекстот на реалната редакција и нејзиниот проект за известување за решенија. За ова, неопходна е стручност на обучувачот за новинарство насочено кон решенија, заедно со културата на редакцијата која поттикнува експерименти и учење од грешките.

За авторот:

Петра Ковачевиќ

Петра Ковачевиќ е асистентка за настава и истражување на Отсекот за новинарство и медиумска продукција при Универзитетот во Загреб и членка e на тимот на истражувачкиот проект „Новинарска истражувачка лабораторија“, финансиран од Хрватската фондација за наука. Таа е докторантка на Школата за новинарство, медиуми и култура на Универзитетот во Кардиф, на отсекот за новинарство фокусирано на решенијата на Би-Би-Си. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат нови новинарски практики, како што се конструктивното новинарство и новинарството со решенија, културата на експериментите во редакцијата, иновативните и интерактивните новинарски техники на раскажување на приказни, новинарските содржини наменети за младата публика, со посебен фокус на телевизиската и видео продукцијате. Петра предава на модули поврзани со телевизијата, видеото и мултимедијалната продукција. Таа е, исто така, слободна новинарка и продуцентка и овластена предавачка за мобилно новинарство.

Author

  • Петра Ковачевиќ е асистентка за настава и истражување на Отсекот за новинарство и медиумска продукција при Универзитетот во Загреб и членка e на тимот на истражувачкиот проект „Новинарска истражувачка лабораторија“, финансиран од Хрватската фондација за наука. Таа е докторантка на Школата за новинарство, медиуми и култура на Универзитетот во Кардиф, на отсекот за новинарство фокусирано на решенијата на Би-Би-Си. Нејзините истражувачки интереси вклучуваат нови новинарски практики, како што се конструктивното новинарство и новинарството со решенија, културата на експериментите во редакцијата, иновативните и интерактивните новинарски техники на раскажување на приказни, новинарските содржини наменети за младата публика, со посебен фокус на телевизиската и видео продукцијате. Петра предава на модули поврзани со телевизијата, видеото и мултимедијалната продукција. Таа е, исто така, слободна новинарка и продуцентка и овластена предавачка за мобилно новинарство.

Поврзани статии:

Унапредувањето на деловните модели на локалните медиуми во Западен Балкан и тестирањето на новите извори на приходи, во ситуација
Ова е многу јасно. Медиумите се насекаде во општеството; скоро е невозможно луѓето да го игнорираат. За многу долго
Nowadays-Everyone-Is-Dependent-On-A-Media-Service

Врвни стории од Journalift:

00-Employment-of-persons-with-disabilities-achieves-their-inclusion
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со дискриминација и стигматизација. Сè уште официјално не е усвоена дефиниција за лице со попреченост во БиХ, иако БиХ ја усвои Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Во Србија, пак, според законот, поимот „лица со попреченост“ значи „лица
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата

Теми:

Најнови статии:

Јун 27
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со дискриминација
Јун 20
Во моментов, Рамизе Салихај е на одмор со семејството дома во Косово, за првпат откако започна да работи како медицинска
Јун 17
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата на
Јун 13
Ниска е свеста дека голем број деца и адолесценти страдаат од разни видови ментални здравствени проблеми, како и дека здравствените