На Интернет новинарството најмногу му недостасува трпеливост

Младен Обреновиќ

Младен Обреновиќ

 минути читање

Onlajn-novinarstvu-najvise-nedostaje-strpljenja

Лошата практика на современото новинарство, според која, во борбата против конкуренцијата прво се објавуваат одредени информации а потоа се проверуваат, ја покажа својата темна страна во приказната за наводната смрт на Ратко Младиќ, поранешен командант на Армијата на Република Српска, неправедно осуден на доживотен затвор за геноцид и други злосторства извршени во Босна и Херцеговина. Наместо да се придржуваат до едно од основните новинарски правила „провери, па потоа објави“, порталите во Босна и Херцеговина, но исто така и во соседството, минатата година објавуваа и/или пренесуваа вести што немаа вистинита основа и кои уште на самиот почетокот изгледаа многу сомнително.

На наводниот Твитер профил на Бисера Турковиќ, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, беше објавено дека Младиќ починал, а тоа ѝ го потврдиле амбасадорот на Босна и Херцеговина во Хаг, извори на Обединетите нации и претседателот на Меѓународниот суд на правдата. Овие информации почнаа да ги објавуваат порталите во Босна и Херцеговина, еден по друг, од најголем до најмал (некои од нив со поднаслов „Изгледа дека починал“), но и порталите во Хрватска и Србија. Откако информациите беа проверени - со семејството и во Меѓународниот механизам за кривични судови во Хаг - започнаа со објавување на извинување до читателите и користењето на наслови како „Младиќ сепак не е починат“ или „Се шират лажни вести дека Младиќ починал“.

Vijesijet-o-Mladicu-objavljena-s-laznog-twitter-profila
Извор: Anadolu Agency (BHS) - Twitter

Претходно, никој не се посомнева во веста и не го провери фактот дека министерката Турковиќ направила Твитер само еден ден порано, дека започнала да додава само новинари и дека Младиќ не бил суден во Меѓународниот суд на правдата од каде наводно пристигнала потврда. Наскоро беше откриен виновникот, всушност „вообичаениот виновник“ за ваквите подметнувања - италијанскиот „новинар“ Tommaso Debenedetti, кој претходно се прославуваше со слични постапки, објавувајќи лажни интервјуа или неточни информации за смртта на славните. Тој се правдаше со лековерноста и наивноста на медиумите.

Без оглед на тоа што до првата следна можност „славата“ му припаѓаше на Debenedettiju, останува да потсетиме дека создавањето и поставувањето на т.н. лажните вести немаат допирна точка со етиката и сериозноста, во ниту еден случај, дури ни кога станува збор за едукација. Сепак, остана лекцијата за балканските медиуми дека не треба да се работи на принципот на копирање/лепење, туку да не се трча како „прле пред магаре“, да се размислува и да се проверува секоја објава и дојава, а потоа да се даваат вистинити, прецизни, јасни информации. И зачувајте го угледот, бидејќи штом еднаш се изгуби - тешко е да се врати.

Профитот е пред сè, дури и пред угледот

Профитот е пред сè, дури и пред угледот

„Клучниот проблем е што информациите станаа продажна стока, а не социјален капитал“, рече Лејла Турчило, раководител на Катедрата за комуникација/новинарство на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Сараево, на прашањето дали сопствениците на медиумите се грижат за угледот ако на дофат им е профитот.

„Профитот е пред сè, а сопствениците, како што се очекуваше, повеќе се грижат за финансиите отколку за угледот“, додава Турчило.

Таа исто така забележува дека „профитот заснован на сензационализам, таблоидизација, ‘кликливост,’ е импресивен, но краткорочен“. Во врска со ова, наведува дека:

„Квалитетното и одговорно новинарство секогаш го наоѓа своето место во општеството и секогаш опстанува подолго, без разлика што некогаш, преплавени со огромни количини на неквалитетни информации, мислевме дека не е така“.

Сепак, се добива впечаток дека во современото новинарство, особено во медиумите кои ги објавуваат своите содржини на платформите кои ги нуди Интернетот, најважното олимписко мото стана „побрзо, повеќе, посилно“. И затоа е оправдано прашањето, исто како и во споменатиот случај на наводна смрт на Младиќ, дали е секогаш важно да се биде првиот, да се дадат најмногу информациии најгласно, или да се провери, а потоа да се објави?

Според Семир Хамбo, главниот уредник на порталот Klix, еден од најголемите предизвици на современото новинарство е да се обезбедат вистинити, прецизни и јасни информации, но и да се биде брз, односно побрз од другите. Во тој процес, додава тој, „сè уште е важно постојано да се има предвид кои се приоритетите“, при што „професионалниот приоритет е вистинитоста и прецизноста, а дури потоа доаѓа брзината“.

„Примената на овие постулати денес е доста променлива и зависи од моменталната проценка на авторите/новинарите и уредниците. Во сето тоа исто така е важно и дали некој медиум има намера неговиот приоритет постојано да биде брзината, а не проверка на фактите или ова е исклучок и токму таму треба да се бара разликата. На крајот, можам да се согласам дека на денешното новинарство можеби сè уште му недостасува трпеливост “, рече Хамбо.

И новинарот Армин Аљовиќ ја наведува брзината како една од клучните одлики на современото новинарство, а особено на Интернет новинарството, истакнувајќи дека „тоа не треба да биде на штета на вистинитоста, прецизноста и јасноста на информациите“.

„Вистина е дека мотото ‘побрзо, повеќе, посилно’ ја зголемува популарноста на медиумите на Интернет и општо на сите медиуми, но тој слоган е воедно и меч со две острици, што честопати им се удира од главите на новинарите и уредниците. Лесно е да се донесат вестите брзо, но вестите треба да бидат придружени со факти“, посочува Аљовиќ.

Од академска гледна точка, но сосема јасно и нужно применливо и во пракса, секогаш треба да се има предвид изјавата на професорот Турчило дека „клучната обврска на новинарите е всушност обврска кон вистината, а не брзината“.

„Секако, важно е информациите објавени од новинарите да бидат навремени за јавноста да може во соодветно време на соодветен начин да реагира на настаните во нивното опкружување, но навременоста не значи откажување од професионалноста и одговорноста кон вистината и квалитетот“, предупредува Турчило.

Најголемиот капитал е репутацијата, а не парите

Најголемиот капитал е репутацијата, а не парите

Со развојот на технологијата се развија и медиумите, се забрзаа производството и потрошувачката на медиумска содржина, но вистинската револуција се случи со појавата на Интернетот и платформите што ги донесе, што значително го забрза ширењето на информациите. Сепак, Турчило нè потсетува дека ова „резултираше со намалување на стандардот за квалитет на сметка да се биде прв во објавување на некои информации и врз основа на тоа да оствари профит“.

„Сериозните медиуми и одговорните новинари сè уште знаат дека најголемиот капитал им е угледот, а не исклучиво парите“, посочува Турчило.

Сепак, сериозни и одговорни медиуми и новинари има сè помалку, а сè повеќе од оние оние кои, сакале или не, се принудени да го следат споменатото олимписко мото во својата секојдневна работа. И во такви околности, особено во брзината, тие честопати се соочуваат со грешки

„За жал, онлајн новинарите не само што се под притисок на медиумите да бидат брзи, туку тие исто така се под притисок да бидат мултитаскери и да произведуваат информации во разни форми (текст, фотографија, видео, итн.). Ова ги става под огромен притисок и се разбира дека можат да направат грешки, но многу е важно тие не само да се минимизираат, туку и да се корегираат кога ќе бидат забележани, а не како изговор за намалување на сите стандарди (и аргументи, и логика, и стил, и честопати вкус) секогаш да се наведува брзината. Ниту новинарите, ниту публиката не треба да се навикнуваат на тоа дека новинарството е професија во која информациите со слаб квалитет се исфрлаат како на подвижна лента, односно дека брзината е (единствената) доблест во новинарството“, наведува Турчило.

Хамбо смета дека одговорот на прашањето како можат Интернет новинарите со силна брзина, и мораат, да ги сведат грешките на минимум, е од суштинско значење. Според него, Интернет медиумите и новинарството се гледаат во две димензии - „едната е надворешната што ја гледа просечниот читател, а другата е внатрешната за која треба да се размислува малку повеќе“.

„Секој оној кој сака да ја работи оваа работа мора на секој начин да ги сведе грешките на минимум и на тоа е тешко да се влијае. Повеќе би рекол дека ова е лична борба на новинарот со самиот себе, кој е под надворешен притисок на брзина, актуелност, ексклузивитет и слично“, вели Хамбо.

На сето ова, Аљовиќ додава трета димензија, а тоа е кредибилитетот. И во традиционалното и во современото новинарство, тој смета дека „кредибилитетот на новинарот е најтесно поврзан со кредибилитетот на неговите извори“.

„Брзото пласирање на информации не мора да значи дека новинарот ќе направи грешка, исто како што одземањето повеќе време не значи дека новинарот ќе заврши добра работа“, забележува тој.

Посложените форми, како што е репортажата, се потиснуваат

Посложените форми, како што е репортажата, се потиснуваат

Дури и на прв поглед, а уште повеќе кога детално ќе се прегледа, може јасно да се види како порталите претежно личат едни на други, како сите помалку или повеќе ги имаат истите вести (таква е практиката и на телевизијата, радиото, весниците), и споменатите мултитаскинг новинари и уредници се чини дека само ѝ фрлаат едно око на содржината што ја создаваат, а со другото око гледаат што конкуренцијата ќе објави. Понекогаш главните страници на порталот изгледаат како насловните на весниците во поранешна Југославија и само кога ќе промените некои делови добивате повеќе содржина.

Од друга страна, формите што бараат повеќе работа, како што е репортажата, се едноставно потиснати. Не само во Интернет новинарството туку и во печатеното, радиското и телевизиското новинарство. Турчило верува дека ова е последица на отсуството на три клучни елементи.

„Првиот е истражувачкиот нерв и посветеноста на сериозна анализа од страна на новинарите (кои на некој начин ја прифатија својата нова улога на „препишувачи“ на официјални соопштенија и статуси на социјалните медиуми во „своите“ вести и извештаи); второто е интересот на сопствениците финансиски да ги поддржат новинарските жанрови што бараат сериозна работа (бидејќи тие се водени од логиката на почетна акумулација на капитал: колку се пониски трошоците, толку е поголема добивката); третиот е интересот на јавноста и поддршката на читателот/слушателот/гледачот за сериозно новинарство (т.е. задоволување со бесконечно и бесцелно прелистување на површна содржина на Интернет). Се чини дека сите три наведени страни всушност се откажаа од квалитетот“, наведува Турчило.

На прашањето дали отсуството на овие форми се должи единствено на недоволното внимание на читателите/слушателите/гледачите или повлекувањето на новинарите од создавање содржина за која е потребно значително повеќе знаење и искуство, Хамбо одговори дека тоа е комбинација и на едното и на другото.

„Ова се причинско-последични врски каде модерното новинарство наметна брзина, но исто така и навиките на читателите и гледачите тргнаа во таа насока и тоа е едноставно наметнат пазар. Паралелно со овие трендови, се намали интересот на новинарите да создаваат содржина насочена кон повеќе знаење, искуство и слично. Образовниот систем исто така игра улога во целиот процес“, предупредува Хамбо.

Елаборирајќи за одговорот на истото прашање, Аљовиќ ја враќа приказната кон печатените медиуми за кои верува дека создадоа проблем што има две лица во потиснување на формите како што е репортажата - погрешна проценка и линија на помал отпор. Плашејќи се дека новите медиуми ќе ги соберат нивните читатели, потсетува Аљовиќ, новинарите и уредниците се обидоа да ги прилагодат печатените медиуми на нови онлајн медиуми и таа трка беше изгубена уште на самиот почеток затоа што „помладите читатели го прилагодуваат целиот свој живот на нови платформи вклучувајќи ја и конзумацијата на вести, кои бараат да се најчесто кратки и незасновани на факти“.

„Традиционалните медиуми мораа да се движат во друга насока - да ја задржат репортажата, големите интервјуа, анализите, коментарите... и со тоа да им понудат повеќе на оние читатели кои сакаат повеќе. Едноставно нема смисла да се полнат печатените медиуми со вести што порталите ги изџвакале претходниот ден. Јасно е дека е многу полесно во весниците да се пренесат кратки агенциски вести отколку да се напише добра репортажа, но во контекст на трката помеѓу традиционалните и новите медиуми, новите медиуми се поткопуваат самите себе си, секако на штета на традиционалните медиуми“, смета Аљовиќ.

Многумина не се свесни за моќта на Интернетот

Многумина не се свесни за моќта на Интернетот

На крајот, прашањето за одговорноста и дополнителна доза на сериозност се чини неизбежно. Со развојот на платформите кои ги нуди Интернетот, а особено со споделување на содржини на социјалните мрежи, Интернет медиумите и новинарите се многу подостапни од весниците, радиото, па дури и телевизијата.

Хамбо смета дека на ова прашање треба да се гледа индивидуално, но се добива впечаток дека многумина сè уште не се свесни за моќта на Интернетот или социјалните мрежи. Затоа, тој додава дека постои одреден недостаток на одговорност.

Според Аљовиќ, има новинари и уредници на Интернет медиуми кои се свесни за своите одговорности и се многу внимателни кога објавуваат содржина. Од друга страна, тој забележува дека постојат и Интернет медиуми за чии сопственици, уредници и новинари единствениот параметар е бројот на прегледи на вестите.

„Верувам дека тие се во голема мера свесни што прават, бидејќи тие самите најчесто споделуваат содржина на разни канали, обидувајќи се да допрат до што поголем број корисници на овие канали. Но, не сум сигурен дека свеста за тој факт придонесува за нивната одговорност и сериозност. Често ми се чини дека е токму спротивното“, заклучува Турчило.

И покрај оправдувањето со борбата против конкуренцијата, зачувувањето на позицијата на пазарот, привлекувањето на вниманието на публиката, за новинарите и уредниците, а особено за сопствениците на медиумите, пораката од почетокот на текстот останува - темната дамка врз совеста, а особено врз образот, угледот и кредибилитетот е тешко да се избрише. Довербата се гради долго и тешко, а може лесно да се изгуби. Затоа, валканото правило „објави, па провери“ секогаш мора да се замени со златното правило: „провери, па објави“.

За авторот:

Младен Обреновиќ

Младен Обреновиќ е доктор по комуниколошки науки и професионален новинар. Со новинарство се бави од 1996 година. Првите 14 години работи за локални медиуми кои известуваат / работат во источниот дел на Хрватска. Потоа преминал на позицијата дописник (од Вуковар) за весниците „Glas Slavonije“ и „Jutarnji list“, а од 2010 до 2013 година бил дел од екипата на веб-порталот „Tportal“, со седиште во Загреб, каде известувал за политички теми и актуелности во хрватското општество – хрватското собрание и влада, како и правосудните институции. Во 2013 година започна да работи за „Al Jazeera Balkans“ во Сараево, на почетокот како новинар, а од 2019 година како уредник на вести. Од август 2020 година, тој работи како новинар во Балканската мрежа за истражувачко известување Босна и Херцеговина (BIRN BiH). Од октомври 2017 година до септември 2018 година, тој беше асистент предавач за теории за медиумите на Универзитетот VERN во Загреб. Учествувал на бројни обуки за медиуми, научни конференции и како резултат на тоа, објавил бројни научни студии. Тој е член на Советодавната група за промовирање на медиумска и информативна писменост во Босна и Херцеговина.

Author

  • Младен Обреновиќ е доктор по комуниколошки науки и професионален новинар. Со новинарство се бави од 1996 година. Првите 14 години работи за локални медиуми кои известуваат / работат во источниот дел на Хрватска. Потоа преминал на позицијата дописник (од Вуковар) за весниците „Glas Slavonije“ и „Jutarnji list“, а од 2010 до 2013 година бил дел од екипата на веб-порталот „Tportal“, со седиште во Загреб, каде известувал за политички теми и актуелности во хрватското општество – хрватското собрание и влада, како и правосудните институции. Во 2013 година започна да работи за „Al Jazeera Balkans“ во Сараево, на почетокот како новинар, а од 2019 година како уредник на вести. Од август 2020 година, тој работи како новинар во Балканската мрежа за истражувачко известување Босна и Херцеговина (BIRN BiH). Од октомври 2017 година до септември 2018 година, тој беше асистент предавач за теории за медиумите на Универзитетот VERN во Загреб. Учествувал на бројни обуки за медиуми, научни конференции и како резултат на тоа, објавил бројни научни студии. Тој е член на Советодавната група за промовирање на медиумска и информативна писменост во Босна и Херцеговина.

Поврзани статии:

Поткастот како формат, во последниве години, доживеа раст како на глобално, така и на локално и регионално ниво. Има
7-pitanja-na-koja-treba-da-date-odgovor.

Врвни стории од Journalift:

00-Employment-of-persons-with-disabilities-achieves-their-inclusion
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со дискриминација и стигматизација. Сè уште официјално не е усвоена дефиниција за лице со попреченост во БиХ, иако БиХ ја усвои Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Во Србија, пак, според законот, поимот „лица со попреченост“ значи „лица
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата

Теми:

Најнови статии:

Јун 27
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со дискриминација
Јун 20
Во моментов, Рамизе Салихај е на одмор со семејството дома во Косово, за првпат откако започна да работи како медицинска
Јун 17
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата на
Јун 13
Ниска е свеста дека голем број деца и адолесценти страдаат од разни видови ментални здравствени проблеми, како и дека здравствените