АБВ на мобилното новинарство и зошто истото треба да го земете предвид

 минути читање

Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите очи? На многумина од нас, првото нешто што ни поминува низ мислите, е да го извадиме телефонот и тоа да го документираме, со фотографирање или со видеоснимка.

Паметните телефони речиси секогаш ни се при рака, а податоците покажуваат дека 92,5% од фотографиите се направени со мобилен телефон, додека само 7% со професионални фотоапарати.

Тогаш зошто креаторите на медиумите, често се двоумат да го користат паметниот телефон, како уред за создавање на новинарска содржина? Ако некогаш сте рекле „не“ на вклучувањето на мобилниот телефон во вашата основна новинарска опрема, овој текст ќе ве предомисли.

Следејќи ги овие 5 едноставни правила, можете да креирате видеоприказна која се истакнува и се натпреварува со телевизиската екипа, која има огромни камиони опрема.

1. Стабилизирајте ја вашата снимка

Ова е еден од најважните аспекти што треба да се има на ум. Стабилната слика е она што веднаш ја разликува аматерската снимка од професионалното видео. Значи, што треба да направите за да го стабилизирате вашето видео? Првата работа е да користите оптичка стабилизација на слика, опција која станува многу честа во светот на паметните телефони и која ѝ овозможува на камерата да ги коригира вашите движења, додека снимате фотографија или видео. На некои мобилни телефони таа е стандардно активирана, но во секој случај, оваа опција можете да ја најдете во поставките на камерата.

Ако немате додатоци како што се гимбал или трипод (стабилизатори или троножни стативи), начинот на кој го држите телефонот е многу важен. Секогаш внимавајте да го држите телефонот со двете раце, користете ги лактите за дополнителна поддршка и држете ги колената благо свиткани. Ако треба да се движите, погрижете се тоа да го правите полека, без нагли движења.

(Илустративен пример – замена на камерата со мобилен телефон)

Другите совети за стабилизирање на видеото вклучуваат позиционирање на телефонот на рамна површина (секогаш имајте на ум дека при интервјуата, камерата треба да биде поставена во висина на очите) или користење на додатоци како триподи, држачи и гимбали, кои ќе ви овозможат совршено стабилна слика.

2. Поставете ја камерата на позиција на која има совршено осветлување

Мобилните телефони се создадени да бидат уреди со мали и џебни димензии, следствено, сензорите за слика и леќите на овие уреди се мали. Ова го прави доброто осветлување аспект од клучно значење, ако сакате да снимате квалитетни слики. Ако снимате надвор додека е ден, секогаш внимавајте сончевата светлина директно да го осветлува вашиот субјект. Во внатрешен амбиент, субјектите треба да бидат осветлени со најсилниот извор на светлина во просторијата (како, на пример, голем прозорец).

(Илустративен пример 2 – замена на камерата со мобилен телефон)

Бонус совет: заклучување на фокусот и поставување на експозицијата

Вашето позиционирање и позиционирањето на вашиот субјект, не е секогаш доволно. Во некои ситуации, многу силни извори на светлина може да предизвикаат прекумерна експозиција (сликата станува премногу светла, а деталите изгледаат бледо). Ова можете лесно да го надминете, со користење на многу едноставна опција на телефонот. Автоматското фокусирање/автоматската експозиција (AF/AE) во речиси секој паметен телефон се активира со допирање на екранот на телефонот 2-4 секунди, и кога оваа опција е вклучена, можете да одите нагоре или надолу, за да го поставите саканото ниво на експозиција.

(Илустративен пример 3 – GIF)

3. Важноста да се сними добро аудио

Лошиот звук има моќ да ги уништи вашите интервјуа и за жал, микрофонот е едно од главните ограничувања на паметниот телефон. Повеќето микрофони за мобилен телефон се сенасочни (што значи дека ги фаќаат звуците од сите насоки), затоа имајте на ум дека најдобро е да го снимате вашето интервју во тивок простор, подалеку од ветер и други звуци. Приближувањето до изворот е клучно за да се сними добар звук. Но, да не се обесхрабруваме - вградените микрофони на професионалните камери, честопати не се ништо подобри и би се соочиле со истите проблеми, па ова е дополнителна причина да не се откажете од мобилното новинарство.

Лесен начин да добиете одличен звук е користењето на бубачка (лавален микрофон). Добрата вест е дека за секого има микрофон со штипалка, основната верзија можете да ја најдете за дури 6 евра, а добрата би чинела околу 25 евра. Ако одлучите да купите микрофон, компатибилноста е нешто што треба да ја имате на ум, повеќето модели доаѓаат со стандарден приклучок од 3,5 милиметри (кој го нема кај новите модели на паметните телефони), но можете да користите адаптер или да добиете микрофон што директно се поврзува со адаптерот (тип-c) или со приклучокот на самиот телефон.

4. Композиција - Правилно поставување на кадарот

Вашата видеоснимка може да биде стабилна, совршено осветлена и да има кристално чист звук. Но, ова не е доволно. Пред да стиснете ‘снимај’, има неколку совети во врска со композицијата, што ќе направат вашата приказна да се истакне. Кога снимате интервју, правилото на третини е наједноставниот начин за правилна поставување на сликата. Можете да го направите ова со активирање на мрежните линии во поставките за камерата на телефонот. Мрежните линии ќе го поделат вашиот екран на третини, хоризонтално и вертикално, и еве како да ги искористите во ваша корист:

(Илустративен пример: Мрежни линии – Правило на третини, простор над главата, преден простор)

  1. Позиционирајте ги очите долж горната хоризонтална линија и поставете го портретот во близина на точките, во коишто овие линии се вкрстуваат.
  2. Ако субјектот гледа надесно, тогаш поставете го портретот на левата страна од кадарот и обратно.
  3. Ова ќе ви овозможи да создадете преден простор и да создадете чувство за насока во вашиот кадар.

  4. Оставите малку простор над главата (10-15% од кадарот), а во случај да сакате да се приближите и да направите детални снимки, исечете го горниот дел од главата, а не брадата.
  5. Заклучете го фокусот и експозицијата и започнете со снимање.

5. Уредете, извезете, споделете…

Мобилните телефони, овие денови, нудат многу повеќе од само снимање и фотографирање. Иако секогаш можете да уредувате користејќи десктоп апликации, има бројни апликации развиени за медиумскиот бизнис, што можете да ги користите за да станете целосен мобилен продуцент.

Повеќето од овие апликации се плаќаат, но добрата вест е дека има неколку многу напредни апликации, кои можете да ги користите бесплатно:

  • Kinemaster – лесна за употреба апликација за уредување видеа, која е компатибилна и со постарите видови на паметни телефони. Оваа апликација овозможува мултитрак уредување на аудио и видеоснимките, што ги прави сечењето и спојувањето на клиповите, снимањето на гласовите и додавањето на анимираните текстови на вашите видеа, многу лесни. Како и со повеќето апликации на пазарот, со бесплатната верзија ќе добиете и воден печат со логото.

  • Adobe Premiere Rush – Достапна и за Анрдоид и за IOS, оваа неверојатна апликација нуди некои од најнапредните алатки за уредување видеа, што можете да ги најдете на мобилен телефон. Нуди широк опсег на графики, текстуални фонтови, музика и мултитрак уредување.

FilmoraGo, InShot и CapCut се дел од одличните понуди во редот на бесплатни апликации. Додека LumaFusion (само за IOS) и Filmmaker Pro се напредни апликации за уредување, кои нудат претплати со плаќање.

Сега кога ги имате овие основни совети, време е да му дадете шанса на вашиот паметен телефон и да го подигнете раскажувањето на приказни на ново ниво. Редакциите и фриленсерите во медиумскиот бизнис ги користат бројните предности на мобилното новинарство за производство на содржина, профитирајќи од достапноста и флексибилноста на овие уреди.

Имајќи предвид дека паметните телефони стануваат сѐ попаметни и подостапни, сигурно можеме да кажеме дека мобилниот телефон (со неколку додатоци), е уред кој може да се користи за секој чекор од продукцијата – за снимање, за монтажа и за дистрибуција, и сето тоа на едно место.

Лорин Кадиу дипломирал новинарство и комуникација, и поседува мастер диплома за односи со јавноста. Од 2018 година, тој е извршен директор на „Citizens Channel“, медиумска невладина организација со седиште во Тирана. Специјализиран е за мултимедијална продукција и работел како продуцент на неколку документарни филмови, серии за поткаст и визуелни истраги. Во изминатите 8 години работел и како новинар, како мултимедијален обучувач и консултант за медиумска писменост со локални и меѓународни партнери.

Поврзани статии:

Едно од прашањата со кои се соочуваат многу редакции е аматерскиот пристап кон менаџментот. Честопати, медиумските организации се раководени
01 Effective communication tools for media leaders

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за