Постигнете лесно, брзо и ангажирачко искуство, слично на она со апликација, без оригинална апликација

 минути читање

Дали размислувате да развиете апликација за вашата онлајн содржина на вести? Или можеби веќе имате апликација, но не сте убедени за вредноста на трошоците и придобивките? Одговорот на вашите прашања можат да бидат – Прогресивните веб-апликации (ПВА).

Да се има или да се нема апликација? Или само на веб?

Постои огромна шанса да го читате овој блог пост на мобилен телефон. Во просек, 80% од вашиот сообраќај доаѓа од мобилните уреди. Како се однесуваат вашите мобилни корисници? Тие трошат 87% од своето време на мобилни апликации, од кои 77% се трошат само на 3-те најкористени апликации. Но, кога станува збор за читањето содржини, мобилните корисници поминуваат само 6% од своето време на прелистувачите.

Ако сте издавач на содржина, информативен медиум или списание и сакате да постигнете ангажирачко искуство, особено кога се во прашање читателите што користат мобилни телефони, знаете дека вашата веб-страница е клучна за подигнување на свеста. Знаејќи ја горенаведената статистика, можеби мислите дека развивањето апликација е начин да ги ангажирате вашите читатели што користат мобилни телефони. Она што можеби не го сфаќате е дека она што всушност го сакате и ви треба, е да постигнете искуство слично на она со поседување на апликација.

Како може да постигнете искуство слично на она со поседување на апликација?

Ако сте сигурни дека имате силно име на бренд, можете да размислите да ја претворите вашата веб-страница во оргинална апликација. Ќе треба да вложите почетни трошоци во развојот на приспособена апликација, посебно за Андроид и iOS, да плаќате провизии за iOS и Play store и да инвестирате буџет за промовирање на вашата апликација.

Друга алтернатива е да се користи прогресивна веб-апликација.

Што е прогресивна веб-апликација?

Многу едноставно, ПВА е веб-локација која прифаќа некое однесување слично на апликацијата. Тоа е прекрасно име за „модерна веб-страница“, која се трансформира со дополнителни функции, за да изгледа како оргинална мобилна апликација и создава искуства, кои корисниците ги очекуваат. Но, тоа е многу повеќе од само веб-страница и доколку се креира правилно, изгледа како „вистинска апликација“. Зошто ПВА треба да биде нешто што вреди да го земете предвид?

Сигурно брзо вчитување на содржини

Нема повеќе веб-страници со бавно вчитување и изгубени читатели. Благодарение на можностите на ПВА, брзината на веб-страницата, перформансите и одговорноста се оптимизирани. Веб-страниците на ПВА се брзи, бидејќи нивните страници се претходно кеширани. Ова може да ви даде огромна шанса, вашите читатели да се вратат на вашата веб-страница, знаејќи дека е брза. Плус, колку побрзо се вчитува вашата веб-страница, толку подобро е и за сообраќајот на Гугл пребарувањето (Google Search), (исто така, Google Discover или Google News).

Трошоци и ефикасност на одржување

Развојот на ПВА е попристапен во однос на развојот на оргиналните апликации. Дополнително, имате опција да започнете со имплементирање на функциите една по една, а не со сите одеднаш. Бидејќи е веб-страница, многу е поевтино и полесно да се одржува само ПВА, отколку во исто време да се одржуваат и апликацијата, и веб-страницата. Така, со ПВА заштедувате и време и пари.

Еко-пријателство благодарение на оптимизацијата на протокот на податоци

Нашиот колега Даниел, кој сака да работи со ПВА, често вели: „Никогаш не испраќајте податоците што на читателите не им се потребни во дадениот момент“. Главната мотивација на Даниел да работи со ПВА е тоа што вчитувањето на веб-страниците со големи податоци, ја загадува нашата планета. Работата со методологијата ПВА, ве принудува да ја разделите вашата веб-страница на мали логички компоненти, наместо да ја вчитате целата веб-страница одеднаш. Благодарение на тоа, имате целосна контрола врз тоа кога да повикате која компонента, при што податоците пренесени од серверите на уредот на читателот, се намалуваат. Така, колку повеќе се оптимизирани веб-локациите и нивните текови на податоци, толку е поголема шансата да продонесете во намалувањето на ефектот од глобалното затоплување. Доколку ги редизајнираме сите веб-страници на нашите клиенти на FatChilli користејќи ПВА, би дошло до намалување од 50% на вкупните текови на податоците. И тоа е само во FatChilli.

Читање и следење медиуми, кога не сте на интернет

Благодарение на можностите за кеширање на ПВА, ние можеме да ја задржиме веќе преземената содржина на вашиот уред, дури и кога не сте на интернет. Дали имате нешто долго за читање, интервјуа, дали вашите читатели сакаат да читаат во викендичка или во авион без интернет конекција? ПВА ја презема содржината во мобилниот телефон додека корисникот е онлајн, за да може тој истата подоцна да ја прочита.

Максимизирање на ангажираноста на читателот со пуш известувања

ПВА може, кога се објавуваат нови написи, да им испраќа на вашите читатели пуш известувања, така што читателите секогаш ќе бидат во тек и ќе имаат интеракција со вашата содржина.

Сè што сакате кај апликациите може да се постигне и со ПВА:

  1. Погодност. Можете да додадете копче за инсталирање на ПВА на вашиот почетен екран, за полесен пристап
  2. Подобро корисничко искуство. ПВА нуди UX дизајн, информативен за корисниците, за искуство слично како кај оргиналната апликација, а достапни се и мобилни АПИ (програмски интерфејс на апликацијата) за веб (на пр. камера, геолокација, плаќања, акредитиви итн.)
  3. Брзина. ПВА е, исто така, брз
  4. Офлајн прелистување и испраќање на пуш известувања

Што знаат најголемите издавачи во Словачка за ПВА?

Бидејќи користењето ПВА е сè уште нов пристап, прашавме дел од најголемите издавачи во Словачка (од првите 20 според IAB монитор) какво е нивното искуство со ПВА. Тие ги споделија своите одговори, на четири прашања:

#1: Кое е вашето ниво на искуство со ПВА?

Длабочината на познавањето и искуствата со ПВА се распределени подеднакво. Гледаме корелација помеѓу големината на тимот за развој и нивото на искуство со ПВА. Колку е поголем тимот, толку е поголема веројатноста да се инвестира во технолошки експерименти.

#2: Како дознавте за ПВА?

Се обидовме да ги истражиме приликите, во кои медиумите стигнале до темата ПВА. Половина од испитаниците изјавија дека тоа е поврзано со оптимизацијата на перформансите на веб-страниците или со разгледување на развојот на оргиналните апликации.

#3: Колку е веројатно дека ќе експериментирате со ПВА во блиска иднина?

Мнозинството од испитаниците изјавија дека дефинитивно ќе експериментираат со ПВА во блиска иднина или барем внимателно ќе ја следат оваа тема. Неколку испитаници во истражувањето имаа поинакви приоритети од ПВА, поврзани со технички прашања.

#4: Што ве кочи во имплементацијата на ПВА во иднина?

Две третини од испитаниците одговорија дека без подобро прифаќање на ПВА во iOS, особено на пуш известувањата за АПИ, не размислуваат да ги заменат нивните оргинални апликации со ПВА. Во времето на нашето истражување, Ејпл (Apple) експериментираше со додавање на пуш известувања за АПИ, но оттогаш, ова е ажурирано.

Во најновата верзија на iOS, Ејпл конечно го додаде пуш известувањето за АПИ, засега само за бета тестери, велејќи дека ќе дојде на iOS во 2023 година. Но, сметаме дека тоа е добар сигнал. Инку, 17% од испитаниците, кои веќе започнале со имплементација на ПВА, се клиенти на FatChilli. Храбри иноватори! 🙂

Како изгледа иднината на ПВА?

Знаејќи го сето горенаведено, веб-времињата изгледаат возбудливо! Во нашиот ‘one-stop shop’ за издавачи, ние дополнително експериментираме со ПВА и ги подигнуваме неговите придобивки на ново ниво. Затоа, развивме ангажирачко предно решение за врвно искуство на читателот. Решение, кое автоматски вметнува рекламирање во текстовите, (ви овозможува да ја вметнете вашата самопромоција, поврзаните написи или CTA за донации), и кое испраќа податоци до податочниот слој на Google Tag Manager за да овозможи проширено следење на податоците. Тоа дури е и интегрирано со платформата за претплата REMP.

Можеби сè уште малку се колебате и сакате да видите повеќе докази. Во тој случај, претплатете се на нашиот билтен и добивајте ажурирањани информации за тоа како ги користиме можностите на ПВА, во нашите тековни проекти за редизајнирање на веб-страниците на медиумите.

Напомена: Оваа статија првично е објавена на Fatchillimedia.com, компанија со седиште во Словачка, која им помага на медиумските издавачи во целост да ги разберат своите читатели, да идентификуваат нови можности за раст и да ги максимизираат своите резултати, со иновативни и ефективни решенија.

Фет Чили е компанија со седиште во Словачка, која им помага на медиумските издавачи, целосно да ги разберат своите читатели, да идентификуваат нови можности за раст и да ги максимизираат своите резултати со иновативни и ефективни решенија.

Поврзани статии:

Јутјуб е моќна платформа за медиумските бизниси, особено во издавачката индустрија. Со преку 2 милијарди најавени корисници, кои го

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за