Северна Македонија, Дума.мк: 30% повеќе посети благодарение на новата веб страна

 минути читање

Duma.MK website

Новата веб страна на порталот Дума е со поголем број на посети, a воедно и времето кое читателите го поминуваат на веб страната е подолго, покажуваат податоците од редакцијата на Дума од Велес. Дневната посета е зголемена за 30%, додека времето кое читателите го поминуваат на страната е зголемено за 35%.

“Новиот дизајн е одлично изработен, функционалноста е оптимална и е супер приспособен за мобилни уреди,“

рече Убавка Јаневска, главен и одговорен уредник на Дума. Таа, исто така, додаде дека во последните три седмици, од кога е пуштена во функција новата веб страна, имаат околу 1.000 нови следбеници на друштвените мрежи.

Од Дума се надеваат дека со воведувањето на стриминг услугата (емитувањето на настани во живо е главен столб во нивниот бизнис планот) и истражувачките стории уште повеќе ќе го зголемат бројот на посетители.

Новата веб страна ќе им овозможи да ја остварат оваа цел полесно. Имено, таа е дизајнирана за емитување на настани во живо – од седници на општинскиот совет, до спортски и културни настани.

Дума.мк, основана во 2012 година, е првиот локален портал во Велес. Покрај градот, известува и за случувањата во Вардарскиот плански регион. 

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Гледајќи го од страна медиумскиот бизнис, но често вклучен како консултант или соработник на некои проекти, забележав дека постојат

Врвни стории од Journalift:

Периодот на пандемијата предизвикана од корона вирусот, во голема мера влијаеше на промената на навиките на граѓаните во онлајн опкружувањето и на користењето на платежните институции кои се нудат. Според голем број извештаи на релевантни институции и медиуми, тоа беше период на раст на е-трговијата и различните модели на претплата, кои се задржаа и денес, иако можеби не до
Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор

Теми:

Најнови статии:

Зошто не треба да се откажеме од моделот на претплата?
Периодот на пандемијата предизвикана од корона вирусот, во голема мера влијаеше на промената на навиките на граѓаните во онлајн опкружувањето
Како може да се унапреди соработката помеѓу локалните и истражувачките новинари?
Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор за
АБВ на мобилното новинарство и зошто истото треба да го земете предвид
Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите
Постигнете лесно, брзо и ангажирачко искуство, слично на она со апликација, без оригинална апликација
Дали размислувате да развиете апликација за вашата онлајн содржина на вести? Или можеби веќе имате апликација, но не сте убедени