[Media for All] Дневник на еден ментор

 минути читање

Мојата медиумска кариера трае повеќе од 35 години. Поминав низ сите електронски медиуми и единственото нешто со кое не можам да се пофалам е работа во печатен медиум. Со пионерски чекори, по десетгодишна кариера во радио, ја изградив првата приватна комерцијална телевизија заедно со моите колеги, откако конечно беше донесен Законот за телекомуникации во Хрватска.

По 22 години телевизиска кариера, започнав сè одново, од почеток. Овој пат со проект на специјализиран онлајн портал за медиуми со наплата. Исполнив една голема желба и со еден колега објавив книга, а и ни денес не ми недостасува ентузијазам и енергија во главата.

Па, од каде тогаш менторството?

Иако честопати ги споделував моето знаење и искуство во секојдневната работа, никогаш тоа не го нареков менторство. Главно, заради тоа што ги пренесував во фирмите каде што работев. Една средба во јануари 2019 година во Белград го смени тоа.

Потоа го запознав Давор Марко, со кого разговарав за можна соработка помеѓу мојот портал и институцијата за која работеше во тоа време. Соработката тогаш не се оствари, но семето на еден нов потфат беше посеано.

Минатата година Давор повторно ме контактираше, но овој пат не со тогашната институција, туку за Фондацијата Томсон за која сега работи, со покана да аплицирам за менторство под кое би се работело со мали локални и регионални медиуми во регионот со цел да ги развијат своите бизнис идеи во бизнис планови. Идејата навистина ми се допадна, бидејќи ми се укажа можност за прв пат да го пренесам своето знаење и искуство на други медиуми. Аплицирав, а потоа ме избраа како еден од менторите во рамките на проектот Медиуми за сите.

Проектот започна во ноември 2020 година како поддршка на поголема независност и одржливост на медиумите во 6 земји од Западен Балкан, во кои учествуваат дури 59 избрани медиуми. Проектот е финансиран од владата на Велика Британија и спроведен од конзорциум предводен од Британскиот совет во партнерство со Балканската истражувачка мрежа (БИРН), INTRAC (Меѓународен невладин центар за обука и истражување) и Фондацијата Томсон.

Како течеше процесот на менторство?

На секој ментор му беше дадена задача да менторира неколку медиуми, а според моето специфично знаење и искуство, добив три интересни медиуми: еден од Црна Гора и два од Србија.

Сите медиуми мораа успешно да поминат низ екстремно поучни и едукативни е-курсеви и да решат одредени задачи, организирани на неделно ниво, така што секој од медиумите ќе има доволно време за нив, без да ја трпи нивната редовна работа. Сите ние кои работиме во медиуми знаеме колку е ова важно за опстанок, па затоа бев пријатно изненаден од тоа колку организаторите од Фондацијата Томсон обрнаа внимание на тоа.

Квалитетни и детални е-курсеви беа објавени на мајчиниот јазик на медиумите што присуствуваа на нив, така што тоа значително помогна во разбирањето и успехот при изготвувањето бизнис планови, а исто така ја олесни работата за нас менторите. Се работи за е-курсевите Градење и вклучување на медиумската заедница и Бизнис модели и модели за монетизација за медиумите.

По два месеци, следеше финализирање на бизнис плановтеи, а потоа и апликација за неповратен грант со кој медиумите ќе ги монетизираат своите деловни идеи.

Заради пандемијата, целата комуникација со медиумите се одвиваше онлајн, а одржувавме и пократки или подолги состаноци неколку пати неделно преку апликацијата Зум, каде ги разјаснувавме прашањата што се појавуваа по одредено поглавје од е-курсот.

Покрај овие состаноци, ние, менторите. одржувавме комуникација и состаноци на неделно ниво со државните координатори и, се разбира, комуникација со координаторите од Фондацијата Томсон.

Овој интензивен тримесечен период на работа и дружење со исклучителни професионалци, кои несебично ги споделија своите знаења и искуства, неповратно ја збогати мојата медиумска кариера со ново непроценливо искуство.

Со кои медиуми работев?

Првиот медиум од моето портфолио беше црногорската RTV Mir & Teuta од Улцињ, основана во 2003 година. Тоа е млад и амбициозен тим од медиумски професионалци кои успешно го водат првиот двојазичен независен електронски медиум во Црна Гора кој ја информира албанската национална заедница, како и другите, за сите локални, национални и глобални настани.

РТВ Мир и Теута е мултимедијална компанија составена од три медиуми: радио, телевизија и веб портал. Најслабата алка во ланецот беше порталот што требаше да се модернизира и подобро да се поврзе со медиумската содржина произведена од радио и телевизија. За таа цел, тие аплицираа за финансиски средства.

Другите два медиуми беа од Србија. Lozničke novosti има 6 вработени со полно работно време и 3 соработници со скратено работно време, а сите вработени, вклучително и директорот и главниот уредник, се новинари со долгогодишно искуство и формираат единствена редакција за неделниот и веб порталот. Во вакви мали редакции сите прават сè, така што новинарите се и фоторепортери, што не ја намали нивната професионалност и исклучителна посветеност на работата, особено при придржувањето кон Кодексот на новинари на Србија. Нивниот бизнис план се состоеше во редизајн и подобрување на перформансите на порталот, како и развој на мобилна апликација.

Последниот од трите медиуми беше Business info group (БИГ) од Белград. Тоа е водечка медиумска куќа во Србија во областа на економското новинарство, која спроведува широк спектар на активности во областа на издаваштвото, ТВ-продукцијата, онлајн медиумите, образованието, бизнис консултации и организацијата на настани. БИГ е основана во 2009 година, има 16 вработени со полно работно време и уште 25 надворешни соработници. БИГ го издава месечникот Нова економија, и е издавач на истоимениот портал. Како можност за дополнителна заработка, бизнис планот за добивање на овој грант, предвидени се онлајн курсеви за оние кои сакаат да научат и да го подобрат своето знаење од областа на комуникацијата во јавен простор.

Што е следно?

Сите три медиуми ги доставија своите апликации и бизнис планови во рокот, а по евалуацијата на проектите, тие неодамна беа целосно одобрени од грант-менаџерот и се во фаза на потпишување договор.

Но, дури сега започнува вистинскиот дел од работата. Во следните 12 месеци ќе следи имплементација на бизнис плановите, што на крајот треба да им овозможи на медиумите поголема финансиска стабилност и со тоа зајакнување на нивната независност.

Со нетрпение го очекувам овој период бидејќи ќе имам можност активно да го продолжам моето менторство и пријателство со луѓе чиј професионален развој го пратам со интерес.

И кој знае, можеби дури и со слабеењето на пандемијата со Ковид-19 ќе имаме можност да се сретнеме лично.

Зоран Ковачиќ е експерт за радиодифузија, телевизија, радио и дигитални медиуми. Тој е иницијатор и основач на првиот веб-портал специјализиран за медиумска и телеком индустрија во Југоисточна Европа. Покрај ова, тој има огромна експертиза како консултант за управување со медиуми, обучувач, развој и примена на дигитални деловни модели за медиуми. Објавил неколку книги специјализирани за историја на медиумите. Тој не се смета себеси за новинар, туку за некој што сака да пишува, да создава и да започнува работи. Во 2018 година, тој го лансираше MediaDaily.biz, регионален портал со уникатен деловен модел – со претплата на hardwall- што го разви во сигурен извор на информации за професионалната медиумска и новинарска заедница во ЗБ. Досега работел и давал консултации на различни медиумски актери во регионот, вклучително и јавни сервиси и портали во раните фази на нивниот развој.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за