Како да го зголемите ангажманот на читателите и да ја задржите лојалноста – практични совети од медиумските професионалци, до издавачите

 минути читање

How-to-increase-reader-engagement-and-retain-loyalty

Што можеме да направиме за да ангажираме нова публика и истата да ја задржиме? Како да ги натераме читателите да се ангажираат повеќе, кога станува збор за нашата содржина? И како да развиеме љубители на медиумски брендови? Ако овие прашања ве окупираат и вас, ви нудиме совети и искуство на медиумски професионалци и специјалисти за претплата.

Содржината е Крал

Radoslav-Augustin

Сите ќе се согласиме дека квалитетната содржина е дефинитивно нешто без кое не можеме да ја водиме оваа дискусија понатаму. Како што вели Радо Аугустин (Rado Augustín), шеф на продукт во Деник Н (Denník N), „читателите на Деник Н, воглавно се мотивирани од квалитетната содржина. Но, клучно е и содржината многу често да се ажурира. На овој начин читателите имаат причина да научат редовно да ја посетуваат веб-страницата”.

Tim-Robinson

Но, не е доволнo само содржина да биде квалитетна. Тим Робинсон, главен уредник во „Нешнл Ворлд“ (National World) (информативен медиум од Обединетото Кралство) додава дека „клучот е да се разбере корисноста на нашата содржина. Читателите еволуираат и ние треба да еволуираме со нив, да понудиме длабочина и перспектива, што не можат да се најдат на друго место. За оние што објавуваат вести, ова не значи само да се биде прв, туку на нашите читатели да им се објасни светот и тие да се едуцираат за него - свет полн со помалку веродостојни извори на информации. Можеме да градиме односи преку билтените и социјалните мрежи, но тие ќе го издржат тестот на времето, само ако се изградени на цврсти темели на релевантна квалитетна содржина“.

Tatiana-Repková

Татјана Репкова (Tatiana Repková), основач на Клубот на менаџери за медиуми (Media Managers Club), објаснува како локална веб-страница која објавува вести во Молдавија, постигнала речиси неверојатно брзо зголемување на бројот на уникатни корисници, кој речиси тројно се зголемил во рок од еден месец. „Рецепт за успехот? Промени во содржината на вестите на страницата, со фокус на (1) портрети; (2) серија совети на три теми: хоби, доктор, адвокат; (3) утилитарни вести, имплицирани од анализа на личности од публиката; (4) туристички информации, вклучувајќи ја и историјата на градот и фото-извештаи; (5) интервјуа со интересни луѓе, пред сѐ од градот. Плус пренесување на написи или вести од други извори ширум Молдавија, што може да бидат корисни за публиката во градот”.

Содржината е Кинг, но дистрибуцијата е Кинг Конг

David-Tvrdon

Квалитетната содржина е предуслов, но без нејзина дистрибуција и доставување до вистинската публика во вистинско време, таа и натаму ќе биде само содржина.

Постојат многу допирни точки и формати за користење на иста содржина, за  да се допре до различна публика. Специјалистот за раст и задржување на претплати во Деник СМЕ (Denník SME), Давид Тврдон (Dávid Tvrdoň), вели дека три работи се покажале како функционални во градењето на лојалноста со читателите: билтените, подкастите и мобилната апликација.

„Петит Прес (Petit Press), во целина, моментално има 176.000 активни претплатници на 60+ билтени, од кои повеќето се всушност напишани од уредници и не се само автоматско споделување на линкови до текстови. Благодарение на билтените, ние сме, исто така, во можност, да ја процениме вредноста на претплатниците: доживотната вредност на конзументите (Customer Lifetime Value - CLV) на претплатниците на билтените е 30% повисока од CLV на просечните претплатници.

Ние, веќе 4 години, правиме анкети меѓу слушателите на нашите подкасти и резултатите постојано покажуваат дека голем дел од нашите претплатници се и обожаватели на подкастите. Многумина од нив изјавуваат дека тоа е една од причините зошто сè уште имаат активни претплати.

Нашата мобилна апликација се покажа како важна допирна точка за претплатниците, бидејќи служи како влезна точка за десетици илјади наши претплатници на содржината објавена на SME.sk“.

Ангажманот е врска, поврзаност и асоцијација

Robert-Casensky

Поврзаноста со конкретни автори, е многу важна за читателите на чешкиот независен магазин Репортер (Reportér).

Главниот уредник на овој магазин, Роберт Часенски (Robert Čásenský), смета дека „чувството на заедништво и припадност, без разлика дали е социјално или политичко, е многу важно. Последново има тенденција да биде посилно во време кога читателите чувствуваат дека „другата страна“ е на власт. Ова мора да се комбинира со квалитетот на услугата, од техничка гледна точка и од гледна точка на комфорот на корисникот. Да не беше тоа доволно, немаше да бидат доволни ниту другите, да речеме поемотивни, врски”.

Исто така, постои нешто што го нарекуваат „фактор на симпатија“ и Роберт додава: „Ова може да биде поврзано со приказна на даден медиум, со стилот на изведба или со начинот на комуникација со читателите“.

Charlie-Beckett

Чарли Бекет (Charlie Beckett), директор на проектот за новинарство за вештачка интелигенција на Лондонската школа за економија и политички науки, верува дека најдобрата стратегија за ангажираност, секогаш треба да започне со прашањето „зошто“ сакате повеќе внимание и лојалност од корисниците. 

„Некои ќе им дадат приоритет на насловите што привлекуваат внимание, затоа што сакаат поголема читаност. Но, најодржливиот ангажман не доаѓа од еднократните трикови, како што се тестовите или кликбајт сензационализмот. Најдобрата практика што сум ја видел, го третира ангажирањето како врска што вклучува „слушање“ на корисниците и прилагодување на форматот, па дури и содржината на новинарството, за да одговара на потребите на корисниците. Софистицираната употреба на податоците од публиката, па дури и технологиите за вештачка интелигенција, може да дозволи корисничкото искуство да биде персонализирано и автоматизирано, но човекот секогаш треба да биде во тој циклус“.

Дознајте го, разберете го и проценете го потенцијалот на вашата публика

Wahyu-Dhyatmika

„Во врска со ангажманот на читателите, откривме дека познавањето на карактерот на нашата публика и каква содржина таа бара, може да го подобри квалитетот на нашата работа. Исто така, треба да ги знаеме карактеристиките на платформата што ја користиме за тој ангажман, но и да ја оптимизираме, за да ги поддржиме нашите активности на таа конкретна платформа. Значи, комбинацијата на податоци од публиката, на вистинската содржина и добрата стратегија заснована на карактеристиките на платформата, навистина може да го подобри ангажманот на нашите читатели“, вели Вахју Дјатмика (Wahyu Dhyatmika), извршен директор на Темпо Дигитал (Tempo Digital) од Индонезија.

Madhav-Chinnappa

Мадав Чинапа (Madhav Chinnappa), директор за развој на екосистемот на вести во Гугл, се согласува дека првиот чекор за зголемен ангажман, е да ја разберете вашата публика и додава: „силно би препорачал да ја користите/погледнете нашата алатка News Consumer Insights која применува објектив ориентиран кон вестите, покрај податоците на Гугл Аналитикс (Google Analytics). за да им се овозможи на објавувачите подобро да ја разберат својата публика и да ги идентификуваат празнините во перформансите, а потоа да работат на подобрување на ангажирањето, задржувањето и лојалноста, и повторно NCI има многу препораки за активности за поттикнување на ангажираноста, а еве ги првите 3:

Зголемете го сообраќајот на вашиот билтен, со оптимизирање на протокот на пријавување на билтенот (детали за препораката)

Имплементирајте ги веб пуш (web push) известувањата ( детали за препораката)

Максимизирајте ја вашата внатрешна рециркулација  (детали за препораката).”

Кога знаете што сака вашата публика и како таа ја конзумира вашата содржина, многу е полесно да ги искористите податоците и да создадете поперсонализирано искуство за читателот. Без разлика дали се работи за персонализиран билтен, пуш известување или за содржина, покажете му на вашиот читател дека врската е взаемна.

Посветете се на размислувањето за производот

Dominic-Young

Доминик Јанг (Dominic Young), основач на Аксате (Axate), знае дека содржината сама по себе не создава навики, бидејќи се менува секој ден. „Ако сакате да ја ангажирате публиката и да изградите навика, треба да размислите за производот. Работи што не се менуваат постојано, како што се менува содржината, работи што вашиот читател знае дека постојано ќе ги испорачате, работи што ќе му недостигаат ако ги испушти.

Кои се тие работи, се разбира, варира од публикација до публикација. Дојдовме до заклучок дека, на пример (што не е изненадувачки), локалните вести, прашањата за локалното планирање, локалниот криминал и локалниот спорт, се големи двигатели на ангажираноста и плаќањето. Треба да ги разберете вашите читатели и треба да знаете да ги истакнувате вашите „пропуштени“ содржини.

Дури и ако вашиот деловен модел сè уште бара од вас да внесувате што е можно повеќе волумен, што може да ги подобри корисничките искуства, треба да го задржите размислувањето за овој производ, особено ако сакате приходите од потрошувачите да чинат сѐ поголем дел од вашите вкупни приходи”.

Ако сакате да дознаете повеќе за тоа како да ја ангажирате вашата публика, посетете го нашиот бесплатен курс за градење и ангажирање на заедницата уште денеска.

Напомена: Оваа статија првично беше објавена на FatChilli Media.

Фет Чили е компанија со седиште во Словачка, која им помага на медиумските издавачи, целосно да ги разберат своите читатели, да идентификуваат нови можности за раст и да ги максимизираат своите резултати со иновативни и ефективни решенија.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за