Како визуелизацијата на податоците помага во борбата против дезинформациите за КОВИД-19: Пет примери на добра практика

 минути читање

data-visualization

Глобалната пандемија на Ковид-19, ги натера медиумите ширум светот, да се борат да објават објаснувачки стории, кои ѝ помагаат на публиката да ја разбере пандемијата, нејзините причини и ефекти – на пример, како се шири вирусот и какви мерки можеме сите да преземеме за да ја минимизираме пандемијата. Се разбира, новинарската основна вредност – точноста, заедно со новинарскиот процес на верификација, тука имаат суштинско значење, особено во контекст на зголемената улога на новинарството, во борбата против дезинформациите за време на пандемијата.

Еден од најефикасните методи за информирање на публиката, особено на интернет и на телевизија, се висококвалитетните визуелизации на податоците. Интерактивната графика може да ја пренесе приказната на начин што ги охрабрува читателите дополнително да ги истражуваат податоците и да се занимаваат со приказната со сопствено темпо, што на крајот обезбедува подлабоко и позначајно разбирање на проблемот. Сепак, огромниот обем на достапни податоци, се покажа како предизвик за медиумите, кои треба правилно да ги изберат, да ги ‘сварат’, анализираат и на крајот да ги претстават овие информации на својата публика. Сепак, некои медиуми тоа го прават успешно. Еве 5 добри примери за онлајн раскажување на приказни, кои комбинираат податоци, графички елементи и интерактивност.

Како вирусот излезе надвор

Овој интерактивен временски распоред, на визуелно привлечен начин, објаснува како вирусот од пазарот во Вухан, се прошири до останатите делови од светот и предизвика глобална пандемија. Тука „Њујорк Тајмс“ користи мапи заедно со анимирани графики, кои покажуваат како се проширил вирусот. Нема многу текст, иако тој е стратешки многу добро поставен и во согласност со визуелизациите.

Интерактивноста е, сепак, минимална, бидејќи читателот не може да се движи низ мапите и не му се нуди избор кои аспекти на приказната треба да ги следи. Затоа, приказната е линеарна. Сепак, таа е дизајнирана како иновативно визуелно патување низ многу сложена тема што е објаснета на многу достапен начин, речиси без напор. На крајот, читателот добива многу информации, а начинот на кој тие се структурирани, овозможува доволно време приказната да се ‘свари’ и тоа со индивидуално темпо.

Ова е корисен пример за другите редакции - не само во контекст на вестите за КОВИД -19 - затоа што покажува како новинарите можат да разработат еден сложен проблем и да го презентираат на начин кој не е пренапорен, туку е интересен за публиката. Поинаков е од регуларните онлајн статии и го држи читателот заинтересиран, поради постојаните промени што се случуваат во визуелизациите и новите информации што доаѓаат со секое одење надолу со лизгачот.

Како победи вирусот

Оваа приказна користи сличен стил во однос на тоа како се презентирани податоците (можете да ги забележите линиите и точките што се користат во овој и во претходниот пример), но тука фокусот е ставен на Соединетите Американски Држави, односно како вирусот патувал низ САД и како на крајот „излегол од контрола “. Визуелниот јазик и стилот повторно се креативни, но сепак едноставни при презентирањето како голем дел од населението се движи и го шири вирусот.

Може да приметите дека текстот е позициониран поинаку отколку во првиот пример и е уште повеќе инкорпориран со визуелизациите. Исто така, картите во овој пример се повеќе анимирани – можете да ги забележите малите точки, кои покажуваат мало и намалено движење низ различни држави. Ова е едноставен, но сепак ефикасен начин за визуелно презентирање. Исто така, употребата на боја е индикативна и добро осмислена - проверете која боја е користена за кои аспекти на приказната.

Маските помагаат. Навистина. Ќе ви покажеме како.

Ова е интерактивно визуелно објаснување, кое покажува како различните видови на заштита со маски, помагаат во намалувањето на ширењето на вирусот. Ова е, исто така, совршен пример за тоа како графиката понекогаш е најсоодветен начин за илустрација на одредени теми, особено на апстрактните процеси како што е овој. Визуелно е многу поедноставен, но сепак ефикасен – можете да видите како се визуелизира ширењето на честичките.

Користењето на минимален текст, заедно со анимирана графика, за да се истакнат важните аспекти, потврдува дека графиката понекогаш е најефикасниот начин да се илустрираат одредени работи или апстрактни процеси, кои, од друга страна, е тешко да се објаснат. Иако производството на овој вид на интерактивна приказна е задача која му одзема многу време на еден тим составен од новинари, продуценти, графички дизајнери и аниматори, сепак е лекција што се исплати: во визуелизацијата на една сложена информација, повеќе е секогаш помалку.

Соба, кафуле и училница: Како корона вирусот се шири низ воздухот

Наодите од една научна студија се поедноставени и пренесени преку интерактивно визуелно раскажување на приказната. Другите медиуми во светот беа инспирирани од овој проект, направен од Ел-Паис, и тие продуцираа своја регионална верзија на истата приказна. Ова е повторно линеарна приказна каде што со одењето надолу со лизгачот, се откриваат нови информации. Можеби најинтересниот аспект на приказната е самата информација и едноставноста на која истата визуелно е презентирана.

Во времето кога беше објавена приказната, тоа беше многу корисен извор за сите граѓани кои сакаа подобро да разберат како, во рамките на секојдневните активности и во околината, се шири вирусот. Ова е интересен пример кога зборуваме за визуелизацијата на податоците, затоа што инспирира различен начин на размислување во објаснувачкото новинарство, особено во однос на едноставните илустрации, кои сите членови на публиката можат лесно да ги разберат и можат лесно со нив да се поврзат.

Невакцинираниот американски наставник кој зарази 12 ученици со корона вирус: Лекции што треба да се научат за враќање во училиште

Како и во претходниот пример, Ел Паис го користи истиот стил, но во оваа приказна новинарски оди чекор подалеку. Овде дава длабински преглед на студија на случај, како невакцинираните луѓе можат да заразат други, особено во училница. Визуелно јасно и едноставно, ги илустрира опасностите од непочитувањето на безбедносните протоколи и мерки на претпазливост, во врска со КОВИД-19.

Можеби најинтересниот аспект е визуелното прикажување на тоа како вирусот се шири во училница – може да го забележите минималистичкиот начин на кој се претставени учениците, заедно со насоката на ширење на вирусот. Овде и текстот е стратешки вграден во секоја визуелизација. Ако имате време, прочитајте ја целата статија и видете на кој начин се презентираат информациите - особено напорите на новинарите, со многу малку зборови, да објаснат што се случува. На крајот, употребата на две графики во приказната, иако едноставен, беа и идеален избор за презентација на трендовите.

Далибор Покец е креативен директор на Хрватската радиотелевизија (ХРТ), задолжен за визуелниот изглед на информативната програма на ХРТ. Ова вклучува создавање на иновативни дизајни, развој на креативни проекти, заедно со управување и соработка помеѓу сите аспекти вклучени во продукцијата. Тој е вклучен во креирање и производство на визуелни елементи за приказни и програми и раководење со тим за VizRT проширена реалност базирана на систем во реално време 3Д телевизиска графика во живо. Далибор, во последните 16 години, работи во електронските медиуми. Бил ангажиран на повеќе проекти како што се Олимпијада, The Voice и други, како монтажер, камерман, промо продуцент, главен графички уредник, 3Д дизајнер и дизајнер на движење. Тој, исто така, е сертифициран обучувач за мобилно новинарство, слободен видеограф и музичар.

Поврзани статии:

Во последните неколку години на глобално ниво сè повеќе се зборува за потребата медиумите да бидат самоодржливи. Ова се
Kako-do-samoodrzivosti-medija
Пред два месеци, имав можност да учествувам на конференција организирана од една од најголемите компании во светот. Меѓу бројните

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за