Комплет алатки за дигиталните новинари: Врвни дигитални алатки за визуелизации на податоци и интерактивни приказни

 минути читање

Digital-Journalists-toolkit.png

Со појавувањето на дигиталните алатки, визуелизирањето на податоците и создавањето на извонредни искуства за вашите приказни, никогаш не било полесно. Новинарите повеќе не треба да имаат искуство со кодирање, или силен ИТ оддел на располагање, за да создадат интерактивни онлајн стории и неверојатни визуелизации на податоци. Новинарите денес можат да ја земат работата во свои раце и, со помош на многу дигитални алатки кои им се достапни, можат да почнат да стануваат креативни.

Изборот на вистинската алатка за вистинската работа може да биде малку иритирачки, а навигацијата низ достапните онлајн алатки може да биде предизвик. Затоа, оваа брза листа претставува 5 корисни алатки, кои можете да ги користите во вашата секојдневна работа, за да ви помогнат да ги визуелизирате податоците, да креирате интерактивни елементи и да ги претставите вашите приказни на попривлечен начин.

Сите алатки наведени подолу се бесплатни за користење, при што некои од нив имаат опции „ПРО“, но користењето само на основните опции кај повеќето од нив, е повеќе од доволно за да започнете и да одлучите што најдобро ќе ви користи и за која задача.

  1. Google Sheets
01-Google-Sheets.png

Ова може да изгледа како малку чуден избор, но табелите се ваш пријател кога станува збор за ракување со податоци! Според моето искуство, студентите по новинарство со кои работам, сакаат да се држат настрана од „математика“ и бројките што е можно повеќе, а правењето нешто во табеларни пресметки изгледа како напорна работа, но порано или подоцна тие ги сфаќаат бескрајните можности на основната табела. Без разлика дали имате едноставна табела со малку вредности или табела со еден тон податоци, табелите ќе ви помогнат да ги организирате, да ги исчистите и да ги анализирате податоците, што е важен, прв чекор во новинарството базирано на податоци и прв чекор кон одлични визуелизации. Совладувањето на бројките и нивното разбирање, нивното сортирање и правење едноставни манипулации, за да се идентификуваат трендовите кои се вредни да  бидат вести, е вредна вештина која треба да ја има во секоја редакција.

Повеќето од вас веќе имаат одредено искуство со табеларни пресметки во програми како што е Ексел (Excel), а Гугл табели (Google Sheets) е онлајн повторување на истата идеја, што значи дека можете да пристапите од кој било компјутер поврзан на интернет и сметка на Гугл.

Како што ќе видите во ова упатство, табелите се навистина содржани во речиси сите алатки за визуелизација на податоци, па дури и во интерактивните приказни. И, за навистина да започнете да создавате привлечни визуелни приказни, совладувањето на основите на табеларните пресметки, е едноставен прв чекор.

Предност:

  • Бесплатни
  • Моќна алатка за манипулирање со податоци

Негативности:

  • Вградените визуелизации на податоци се малку досадни
  1. Infogram
02-Infogram

Инфограм е алатка за креирање и инфографики и визуелизации на податоци. Ако сакате да создадете интересен графички преглед, да објасните одреден сложен процес или дури само да ја збогатите вашата приказна со едноставни графикони и графикони, ова е алатката што треба да ја користите.

Тоа е многу јасна алатка, со многу опции и голем број графики, што можете да ги користите за вашите приказни. Неговата бесплатна верзија обезбедува повеќе од доволно опции и простор за 10 инфографики. Опциите за графикони доаѓаат однапред анимирани и имаат неколку теми со кои можете да започнете.

Ако ви требаат графикони за вашата приказна, ќе сфатите дека мора да ги внесете податоците преку вградената табела која обезбедува вредни информации за тоа како да ги форматирате вашите броеви, за да ги прикажувате правилно. Навистина можете да ѝ дозволите на вашата креативност да работи со оваа алатка и да креирате креативни контролни табли и инфографики.

Предности:

  • Директен и едноставен за употреба
  • Добра библиотека на средства, што можете да ја користите за вашите визуелизации
  • Шаблони и шеми на бои

Негативности:

  • Ограничени опции во бесплатната верзија
  1. Flourish
03-Flourish

Flourish стана една од моите омилени алатки за визуелизација на податоци. Има многу елегантен, чист и едноставен изглед и е разбирлива. Но, за да не се згреши, Flourish е моќна алатка која може да изгледа малку сложена, пред да почнете да работите со неа. Но, навистина може да биде речиси сè што ви треба за вашата приказна - од едноставни ленти и пити-табели, до 3Д мапи, анимирани графикони со столбови, временски линии и лизгачи за фотографии.

Речиси секоја задача може да се изработи во Flourish, а има и голема палета шаблони подготвени за употреба. Секој шаблон оди со претходно изграден пример за тој тип на визуелизација што навистина ви помага да откриете како да ги измените и прилагодите податоците за вашиот конкретен проект.

Уште еднаш ќе забележите дека во позадината на секој шаблон на Flourish има едноставна табела со странична алатка каде што можете лесно да ги одредите податоците кои се важни за вашата визуелизација. Потоа, можете дополнително да приспособите било кој шаблон во прозорецот за преглед ,за да ги добиете резултатите што ги сакате, па дури и да креирате самостојни стории за вашите визуелизации, кои лесно може да се вградат на вашата веб-страница.

Предност:

  • Елегантен и моќен
  • Бесплатен
  • Голем број шаблони
  • Одличен е за анализа на големи збирки податоци

Негативности:

  • Може да изгледа комплексен
  • Податочно управуван
  • Уредувањето на визуелната страница е посложено отколку кај Инфограмот
  1.  Data Wrapper
04-Data-Wrapper.png

Data Wrapper е практична алатка што ја користам најчесто за интерактивни мапи, но можете да ја користите и за графикони и табели. Можете да изберете помеѓу 3 типа на визуелизации на мапи - мапи со симболи, картограми и локатори. Мапата со симболи работи одлично за одредени локации, каде што можете да ја приспособите големината или бојата на локациите. Картограмите се користат кога се прикажуваат варијации во различни региони, како што се стапката на невработеност итн., а локатор мапата е 3d карта каде што можете да прикажете различни локации во градот, секоја означена со дополнителни податоци.

Процесот на креирање на овие мапи е јасен, имате бројни чекори каде што алатката ве води низ процесот. Прво избирате мапа, потоа ги додавате податоците, визуелизирате и на крајот објавувате и вградувате. Опсегот на достапни мапи е многу добар и лесно можете да најдете земји со окрузи и региони спремни за вашите податоци, што ви заштедува време за создавање специфични мапи.

Предност:

  • Одлична и моќна алатка за визуелизации на мапи

Негативности:

  • Работниот тек може да изгледа контраинтуитивен во споредба со слични алатки
  1. Knightlab tools
05-Knightlab-tools.png

Knightlab.js е збир на иновативни open-source алатки создадени од Northwestern University Knight Lab. Нивните алатки за раскажување приказни како Storymap.js, Timeline.js, навистина поставија стандард за алатките во онлајн новинарството и ја покажаа достапноста на овие алатки за новинарите. Нивната употреба зависи од моменталната ситуација и донекаде е удобна, но топло ви препорачувам да ги погледнете за да добиете инспирација за тоа што е можно во дигиталното новинарство и како можете да ја вклучите публиката со креативни и интерактивни приказни.

Секоја од алатките има детален сет на инструкции, што треба да ги следите и да започнете со работа.

На пример, можете да вметнете звуци директно во текстот со Soundcite.js за да може вашиот текст да оживее со атмосфера од настанот или со звуци од вашите извори. 

Storymaps.js е алатка каде што можете да креирате интерактивни мапи коишто им овозможуваат на читателите да ги проверуваат сториите кои вклучуваат локации. Тие можат слободно да истражуваат мапа со текст, слики или видео од секоја локација. Слично на тоа, Timeline.js ви овозможува да креирате интерактивни временски линии на настани, каде што секој настан може да го дополните со фотографии, текст и видео и да креирате извонредни временски линии, кои читателите можат да ги истражуваат со сопствено темпо. 

Предност:

  • Креативни алатки со детални упатства како да ги користите

Негативности:

  • Експериментални
  • Употребата на некои алатки зависи од ситуацијата

Ова е само врв на ледениот брег на достапните онлајн алатки кои можат да се користат за раскажување на приказни и за визуелизирање на податоци. Ве охрабрувам да истражувате и да научите нови вештини, бидејќи во дигиталната медиумска средина која постојано се менува, изнаоѓањето нов и иновативен начин за раскажување приказна, па дури и на дел од неа е од суштинско значење. На помладата публика ѝ требаат нови и пристапни начини за интеракција со новостите, а привлекувањето на нивното внимание е од клучно значење. Со подобрување на квалитетот на вашите стории, на пример размислување за визуелен дел на вашите податоци, или ангажирање на публиката на значаен и интерактивен начин, гради доверба на долг рок кон вашиот медиум и кон вас како новинар.

Дејан Облак е асистент за настава и истражување на Катедрата за новинарство и медиумска продукција на Универзитетот во Загреб. Тој е докторант на Катедрата за информатички и комуникациски науки на Факултетот за хуманистички и општествени науки, при Универзитетот во Загреб. Неговите истражувачки интереси се иновациите во мултимедијалното раскажување на приказни, со акцент на новите формати како што се инфографиката и анимацијата во новинарството. Има повеќе од 10 години работно искуство во медиумите и во образованието на студенти и медиумски професионалци. Спроведувал обуки и работилници за мултимедија и конвергентно новинарство во Хрватска, Србија, Црна Гора и Албанија, работејќи на проекти на ОБСЕ и Интерњус. Тој, исто така, е слободен дизајнер на движења и видеоуредник.

Поврзани статии:

На заситениот медиумски пазар, медиумите треба да се натпреваруваат за дезорганизираното внимание на публиката. Во нивното секојдневно работење, уредниците

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за