Радиото и поткастот – (не)пријатели?

 минути читање

Journalift-Blog-Radio-and-podcast-FrEnemies

Поткастите, во последните неколку години, се најбрзо растечкиот канал за испорака на содржина. Сепак, се чини дека јазот помеѓу радиоиндустријата и поткастерите е сѐ поголем. Со комерцијализирањето на радиото во балканскиот регион, на балкански начин, што претежно значи „форматирање“ (сакав да напишам „робустно форматирање“, но не би сакал некој да се навреди; форматот секако не е правење плејлисти и досадно, безлично најавување на музика од страна на некреативни водители/ки – за форматирањето на радиостаниците ќе зборуваме во некоја друга пригода) многу луѓе од радиото, се принудени да најдат некоја друга работа. Голем број од нив станаа поткастери.

Дали треба да биде така? И дали поткастите ќе го убијат радиото или тие се радио 2.0? Во овој текст ќе се обидам да објаснам зошто, сепак, треба да бидеме на иста страна.

Убавините на поткастот

Поткастот, сам по себе, е слободна форма, а во најтесна смисла на значењето (кованица создадена од POD - Personal On Demand и BroadCAST), претставува аудиодатотека, што може да се преземе и да се слуша тогаш кога тоа му одговара на слушателот. Според нивниот формат, постојат, навистина, различни видови:

  • Соло поткаст
  • Интервју/разговор
  • Панел/тркалезна маса
  • Шоу (магазин, колаж)
  • Шоу со двајца или повеќе водители
  • Пренос во живо (ова не би го нарекол поткаст, но секако ќе му обрнеме внимание и на ова)

Соло поткастот е адекватен за производителите на содржини, за инфлуенсерите и за едукаторите. Пример за тоа е стенд-ап комичар, кој ги промовира своите настапи преку поткаст. Исто така, има одлични научници кои прават едукативни поткасти - кои не се предавања како оние што ги држат на факултетите, а сепак се научно издржани и наменети за поширока публика.

Интервјуто е најраспространетиот вид на поткаст во целиот свет. Во нашиот регион убедливо најброен и не ги загрозува многу другите - секој што сака да започне со поткаст, мисли дека интервјуто е исто што и поткастот. За разлика од соло поткастите, тука гостинот е централна фигура. Интервју и разговор не се исто. Во разговорите, водителот има подеднакво важна улога како и гостинот, и често е поинтересно да се слуша отколку интервјуто.

Панелот/тркалезната маса, е одличен поткаст за слушање и многу лесно може да прерасне во фантастична содржина. Комплициран е за продукција.

Шоуто е најшарениот формат на поткастот. Бара многу време, знаење и тешко се подготвува самостојно.

Шоуто со двајца или повеќе водители е намерно издвоено како посебна категорија, бидејќи претставува речиси круна на продукцијата и подготовката. Исклучително има барања и во продукцискиот сегмент, а веројатно уште повеќе во подготовката.

Пренос во живо - според значењето на поткастот, преносот во живо не може да биде поткаст. Секоја од наведените категории може да се направи во живо. Но, кога интегралната верзија ќе остане на мрежа, како епизода на поткастот, се враќаме на дефиницијата, па решив и тоа да го спомнам. Зошто преносот во живо е важен? Нема право на грешка. Ок, има, но потоа тоа ја расипува целокупната слика на епизодата, или ќе мора да се среди со монтажа. Ја има таа интерактивност во реално време.

Убавините на радиото

Радиото е традиционален медиум, така сите го доживуваат. Сепак, не би можел да се согласам со таквото тврдење. Доброто, модерно радио, денес е во голема мера дигитално и цврсто позиционирано во согласност со времето и просторот во кој се наоѓа, па така во Велика Британија постои Поткаст ФМ (Podcast FM), радио кое својата програма ја базира на поткасти.

Не толку одамна, кога интернетот стана достапен за пошироката публика, луѓето од радиото ги поставуваа снимките од емисиите на одамна заборавените angelfire, geocities, myspace и слични платформи, но не ги нарекуваа поткасти.

Радиото, исто така, има многу формати. Постои AC (современо за возрасни), музичко, CHR (поп современо хит радио), народно (кантри, најпопуларно во Америка), говорно (вести/разговор/информации), Rock, Oldies  и многу други. Овие се најпопуларните. Во нашиот регион сè уште не е дефинирано слушателството, па немаме ниту јасно профилирани радиостаници, бидејќи повеќето луѓе „сакаат разновидна музика“.

За разлика од поткастите, радиото е јасно регулирано. Знам, постои и многу послободно, онлајн радио, кое генерално не е предмет на скенерирање на надлежните институции. Тука некаде се и поткастите – доста слободни, а сѐ уште недоволно правно дефинирани.

Разликата помеѓу радиото и поткастот

Додека радиото се бори да привлече што повеќе слушатели (прочитајте ги 10-те совети за локалните радио станици), поткастите генерално ја немаат таа цел. Постои одредена група на жанрови кои „водат радиотрка за слушатели“, но поголемиот дел од поткастите, поради нивната слободна форма, навлегуваат во најмали детали, интервјуата и разговорите одат во „тежок разговор“, а слушателите токму тоа го сакаат. Затоа и се посветени на некоја епизода.

На радио, особено на комерцијалното, нема доволно време, а ниту слушатели кои би можеле да посветат внимание. Навиката на слушање е поинаква – сакам да слушам кога јас сакам и она што во тој момент го сакам. Тоа е можно со поткастите, но со радиопрограмата не е.

На иста страна сме

Многу радиостаници започнаа свои поткасти, многу поткастери завршија на радиостаници, затоа што сите увидоа дека сме ист тим. Луѓето што консумираат аудиосодржина се во пораст. И додека количината на слушатели на AM и FM радиото опаѓа, бројот на слушатели на поткастите расте, како и бројот на оние што користат стриминг сервиси за консумирање на музика. Во просек, како што веќе напишав, бројот на слушатели континуирано расте од година во година, само што тие слушатели се селат од една аудиоплатформа на друга. Радиото е тоа што мора многу да се менува, за да преживее.

Поткастите се тука, тие се пријателски настроени кон радиоиндустријата, сите заедно се на истата страна. Медиумскиот бизнис, од ден на ден, се менува – радиото се соочува со голем проблем – како, покрај стриминг сервисите, поткастите и онлајн содржините, да привлече млада слушателска популација. Поткастерите имаат голем проблем да бидат откриени, тие често не знаат како да се промовираат, а со самото тоа и да заработат (Иван Миниќ ве води низ најважните прашања, на кои треба да одговорите пред да започнете поткаст). И кога ќе подвлечеме линија - на поткастите им треба радиото, на радиото му треба поткастот.

Наместо заклучок:

  • Слушателите чекаат да ги привлечете, без разлика дали сте радиоличност или поткастер. Тие сакаат добра и квалитетна содржина.

  • Почнете да размислувате како може да бидете подобри, анализирајте ја вашата содржина, но запознајте ја и вашата конкуренција.
  • Конкуренцијата треба да биде здрава. Ова значи дека не треба меѓусебно да си ставате сопки, туку дека треба сите, со заеднички сили, да се потрудиме маркетиншкиот колач за радио и поткасти, да станува сè поголем и поголем.
  • Направете стратегија со која ќе победувате.
  • Водете грижа за содржината, кога и како ја пласирате. Инвестирајте во содржината, бидејќи содржината чини пари. Промовирајте ја.

Урош Богдановиќ е консултант за радио и поткаст, со повеќе од 20 години искуство во областа на мултимедијалните и медиумските работи и секојдневното производство на содржини. Тој е автор на многу работи, кои сигурно сте имале можност да ги слушнете и видите на интернет. Некои од нив беа и наградени. Во светот на радиото, тој ги поминал сите позиции – од водител, до програмски директор на национална радиостаница и водител на проект за креирање и организирање на нови радиостаници. Соработувал со најдобрите радиостаници во регионот. Со поткасти активно се занимава во последните 6 години, како тренер и консултант. Урош е со задоволство виден предавач на медиумските конференции низ Европа, а темите за кои сака да зборува (и она што е уште поважно – сакаат да го слушаат) се поврзани со радиото, поткастот и продажбата. Најпознатите, светски признати конференции на кои тој бил говорник се Radiodays Europe, Medientage и Tell a vision. Автор е на напредната таканаречена „storyselling“ техника за продажба, „Малиот зелен змеј“ (Little green dragon), која најде примена кај бројни продажни тимови на големи компании и медиуми. Обожува да јаде. Различни теста, особено (бурек и пица, не пица-бурек). Повеќе можете да најдете на неговата веб-страница uros.rs.

Поврзани статии:

Според Меѓународната организација на трудот, Ковид-19 диспропорционално ги зафати младите од Балканот, предизвикувајќи невработеност, несоодветно образование и проблеми со

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за