Независност на локалните медиуми: невозможна мисија или предизвик што може да се надмине?

 минути читање

Дури и на времето кога медиумите немаа толку многу предизвици како денес, не им беше така лесно да обезбедат средства за нормално функционирање. Притоа мислам на навистина независните локални медиуми кои не правеа компромиси дали нешто треба да се објави или не, бидејќи со објавување на некои информации можат да „му стапнат на жуљ“ некому.

Искрено, таквите медиуми никогаш ги немало премногу, но сигурно порано ги имаше повеќе од денес.

Кратко патување во минатото

Повеќето од нив во златното доба беа финансирани со продажба на весници во киосци или плаќање од граѓаните за поздрави и честитки на радиостаниците, па затоа им беше полесно да обезбедат средства за работа и, повеќе или помалку, да останат независни и свои. Локалните телевизии и онлајн медиумите во тоа време дури и не постоеја.

Стигаа и некои ситни пари од реклами. Колку повеќе заработуваа самостојно, толку помалку зависеа од буџетот на единиците на локалната самоуправа. Сепак, буџетарите финансии секогаш пристигнувале. Барем, колку што ме служи меморијата, така е откако сум активен во медиумите, а во полето сум последните 35 години.

Но, тоа веќе одамна е минато.

Враќање во иднината

Пазарниот бизнис, приватните иницијативи, зголемена конкуренција, онлајн медиумите и, пред сè, социјалните медиуми ги „прегазија“ старите локални гигантски медиуми и нивните добро познати начини на „опстанок“

Одеднаш почнаа да пристигаат информации од сите страни, достапни за секого, па така граѓаните станаа „новинари“, а новинарите „платеници и манипулатори“. Се случи поплава од непроверени вести, па во таа дисхармонија медиумите први го изгубија кредибилитетот. Не сите медиуми, но сега не зборувам за исклучоци, туку за правило.

Златното правило на професијата за двојно проверување на информациите пред објавувањето се замени со правилото „кој прв ќе објави“, а препишувањето на веста и „кликбејт“ насловот станаа новиот „мејнстрим“ на медиумите.

Рекламите исто така „мигрираа“ на социјалните медиумите, пред сѐ на Фејсбук и на Гугл. Локалните пекари, вулканизатори и кафулиња повеќе сакаат да трошат пари на дигитално рекламирање или објавување на нивните профили отколку на локални медиуми, со што се затвори кругот на пеколот за локалците.

Националните медиуми се во подобра позиција бидејќи националните огласувачи сè уште ги трошат своите буџети за маркетинг кај нив, додека пак локалните медиуми и нивните новинари се соочуваат не само со хроничен недостаток на пари, туку и со бројни притисоци од челниците на општините, градовите или други, па стигнаа дури и до тужби што станаа вообичаена пракса.

Суровата реалност на сегашноста

Како да се подобри кредибилитетот на медиумите и новинарството во таква ситуација и во исто време да се остане независен, е навистина тешко прашање. Новинарските теоретичари честопати велат дека медиумите мора да бидат кредибилни за да можат да укажуваат на туѓите грешки. Во пракса, ова честопати е различно, бидејќи предизвикот е како критички да се известува за постапките на градоначалникот кога добар дел од буџетот за плати и други медиумски трошоци се добива со потпис на истиот тој градоначалник на некој годишен договор?

Проблемот на медиумите, што дополнително додава масло на огнот, е нетранспарентноста на сопственоста и активистичкото новинарство. Индивидуални новинари, уредници и сопственици ги користат медиумите за да ги промовираат своите или ставовите на оние кои финансиски ги спонзорираат. Некои од нив и ги „рекетираат“ оние кои не сакаат да се рекламираат или да плаќаат за реклама, или пак припаѓаат на друга политичка опција, па затоа известуваат крајно негативно за нив. Во сите овие аномалии, дел од медиумската сцена ја изгуби смислата на постоењето. Заборавија дека се таму за јавноста.

Овој начин на работа на медиумите ја подели и ја донесе Америка скоро на работ на конфликт. Америка која има најмалку двесте години демократија. Колку е тек поразително тоа за нашите кревки балкански демократии?

Како да излеземе од маѓепсаниот круг?

Јас мислам дека прво локалните медиуми мора да се вратат на своите почетни позиции и да направат еден вид рестартирање. Како дел од ова рестартирање, потребно е дисперзирање на приходите на што повеќе извори со цел да се намали зависноста од еден доминантен извор на приход, на пример од локалниот општински буџет.

Како што некогаш заработуваа од годишни претплати или од продажба во киосци, така  мора да се прилагодат на сегашноста и да си обезбедат буџет од дигитални претплати за содржина која ќе има додадена вредност за читателите или да собираат средства преку донации, crowdfunding кампањи и други слични методи.

Второ и многу важно, локалните медиуми нужно мора да го повратат сопствениот кредибилитет и да се борат за сопствените позиции и углед, а не да не одат по линијата на најмал отпор. Ова бара многу упорност, решителност и промени во редакциите, а први кои ќе инсистираат во тоа, особено во приватните медиуми, мора да бидат нивните сопственици.

Читателите тоа ќе го препознаат и наградат. Но, сепак е потребно време, бидејќи ерозијата на медиумите не се случи одеднаш, туку процесот трае веќе некое време.

Сепак, локалните медиуми не можат да го сторат тоа сами. Медиумите се важни за демократијата и затоа постои јавен интерес, така што државата треба да одвои повеќе ресурси за медиумите. И не само да се издвои, туку и да гарантира за транспарентноста на тој процес.

Од каде да се обезбедат финансии?

Да, знам дека постои финансирање на проекти во Србија или Фонд за плурализам на медиуми во Хрватска, што е во основа скоро исто, освен што има разлика во изворот на финансирањето и начинот на доделување на овие средства. Во Србија, парите ги доделуваат комисии составени според предлогот на новинарските и медиумски здруженија, а во Хрватска, Советот за електронски медиуми. Таквиот начин на дистрибуција на средства воопшто не е позитивен, затоа што создава и медиумски поделби во Србија, а содржината на програмата чие производство се охрабрува е во голема мера невидлива, нечитлива и нечуена.

Знаете зошто?

Затоа што никој не ги прашал оние за кои се произведува - граѓани, читатели, слушатели и гледачи!

Кога би се бирале теми од интерес на граѓаните, кога би се поттикнувало поквалитетно истражувачко новинарство и кога би се дозволило на граѓаните да одлучуваат кои медиуми заслужуваат повеќе јавни пари за нивната работа, тогаш и повеќето приговори за тековните начини на распределување пари нема да постојат.

Можеби звучи утописки, но навистина не е. Во денешниот дигитален свет, лесно е да се имплементираат едноставни и ефективни алатки за гласање на граѓаните и да се оцени квалитетна медиумска содржина од локалните заедници според нивната важност и обем. Можеби дури и најдобрата содржина ќе биде претставена на национално ниво. Ова ќе ја зголеми конкуренцијата помеѓу медиумите.

Значи, конечното решение е…

Да повторам - јас сум за моделите на финансирање каде средствата ќе бидат покриени од локален фонд на општинско или градско или регионално ниво, со јасни и едноставни правила за распределба. Па нека гласаат граѓаните кои медиуми сакаат да ги финансираат. На крајот на краиштата, зарем тоа не се парите на истите тие даночни обврзници? Кога медиумите повторно ќе станат одговорни пред јавноста и „зависат“ повеќе од граѓаните отколку од политичарите, ситуацијата ќе се подобри.

На крајот, ќе се обидам приближно да ги цитирам зборовите на воениот командант од филмот „Аватар“ (2009), што ги кажа пред ново пристигнатиот контингент на нови војници во далечната земјина колонија Пандора:

“Моја задача е да ве заштитам СИТЕ од сите видови штетници кои ползат и лижат на оваа планета и да ви ги спасам животите. За жал, нема да успеам во тоа и некои од вас нема да преживеат “.

Имајте го тоа на ум и променете се додека има уште време.

Зоран Ковачиќ е експерт за радиодифузија, телевизија, радио и дигитални медиуми. Тој е иницијатор и основач на првиот веб-портал специјализиран за медиумска и телеком индустрија во Југоисточна Европа. Покрај ова, тој има огромна експертиза како консултант за управување со медиуми, обучувач, развој и примена на дигитални деловни модели за медиуми. Објавил неколку книги специјализирани за историја на медиумите. Тој не се смета себеси за новинар, туку за некој што сака да пишува, да создава и да започнува работи. Во 2018 година, тој го лансираше MediaDaily.biz, регионален портал со уникатен деловен модел – со претплата на hardwall- што го разви во сигурен извор на информации за професионалната медиумска и новинарска заедница во ЗБ. Досега работел и давал консултации на различни медиумски актери во регионот, вклучително и јавни сервиси и портали во раните фази на нивниот развој.

Поврзани статии:

Претприемништвото отсекогаш била најбурната и најдинамичната гранка на бизнисот. Многумина се обиделе и не успеале. Повеќето претприемачи кои се
5-stvari-koje-mediji-mogu-nauciti-od-preduzetnika

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за