Новинарите од Западен Балкан – честа цел

 минути читање

01-Novinari-ke-na-zapadnom-Balkanu-su-cesta-meta.jpg

Нападите врз новинарките во Европа, минатата година се зголемија за речиси 17 отсто. Особено во септември 2021 година, велат податоците на  Коалицијата за жени во новинарството. Само во текот на овој месец, онлајн насилството врз новинарките во светот, се зголеми за 900%.

Во регионот на Западен Балкан, онлајн малтретирањето, но и вербалните и физичките закани, сè уште се секојдневна реалност со која се соочуваат новинарите. Ситуацијата е многу слична во сите шест земји, при што разликата во положбата на новинарите и новинарките, како и проблемите со кои тие се среќаваат додека ја вршат својата работа, се сведува само на нијанси.

Според Светскиот индекс за слободата на печатот на Репортери без граници (РБГ), најдобро рангирана од шесте земји од Западен Балкан е Босна и Херцеговина (на 58-мото место).

Тужби, онлајн закани и недостаток на институционална поддршка – најдоброто во регионот

Тужби, онлајн закани и недостаток на институционална поддршка – најдоброто во регионот

Според Индексот за безбедност на новинарите од Западен Балкан, алатка дизајнирана од платформата safejournalists.net, во Босна и Херцеговина бројот на тужби за клевета, поднесени од политичари и други функционери против медиумите, кои новинарите ги доживуваат како притисок, и натаму е многу висок.

Во 2020 година, властите се обидоа да го ограничат правото на слобода на изразување на новинарите и граѓаните, со донесување на регулатива, под изговор за спречување на ширењето на паника за време на пандемијата“, се наведува во Индексот на безбедност, при што се додава дека имало неколку неодамнешни случаи на SLAPP тужби, со исклучително висока отштета. Фактот што новинарите во оваа земја главно немаат договори на неопределено време, надополнет со ниските плати и немањето синдикати и колективни договори, исто така, се смета за еден од најголемите проблеми.

Од 2019 до август 2021 година, линијата за помош за новинари, што ја води Здружението на новинари на БиХ, наведува 44 случаи на родово засновано насилство и напади врз новинарки во Босна и Херцеговина. Нивната анализа покажува дека родовото вознемирување на интернет, сочинува речиси 53% од сите овие случаи. Само две третини од новинарките се решаваат да го пријават ова во својата редакција

Иако Здружението на новинари на БиХ редовно комуницира со полицијата, обвинителствата, судовите, како и со канцеларијата на Омбдусменот за човекови права, поради многу сложената политичка структура што ја има Босна и Херцеговина, Здружението троши многу време обидувајќи се да открие која од институциите е вистинската адреса на која може да се обрати за секој поединечен случај.

„Во судскиот систем на БиХ, нема специфична евиденција за случаите поврзани со нападите врз новинарите и тоа ни отежнува да имаме релевантни статистики. Единствените што ги имаме се оние од линијата за помош на новинарите и од  Министерството за внатрешни работи на Република Српска“, велат од здружението на новинари на БиХ.

Според нив, она што би ги унапредило правата на медиумските работници, би било формирањето на посебен сектор посветен на слободата на медиумите, во рамките на институцијата Омбдусмен за човекови права на Босна и Херцеговина. И покрај тоа што неколку пати го иницирале ова, сепак промени нема.

Што носи 78-то место?

Што носи 78-то место?

Според Светскиот индекс за слобода на печатот на РБГ, на второ место во регионот е Косово (кое се наоѓа на 78-то место на светската листа). Главниот предизвик за новинарите во овој дел од Западен Балкан е финансиската несигурност и несигурноста поврзана со работата, кои уште повеќе се влошија поради пандемијата која се појави во 2020 година, велат од Здружението на новинари на Косово.

Условите за работа за новинарите и новинарките не се толку различни, но притисоците врз основа на полот стануваат видливи кога станува збор за проблемите со бременоста и породилното отсуство. Особено откако новинарките ќе се вратат повторно да ги преземат своите работни позиции.

Извештаите за напади врз новинарите, покажуваат дека ситуацијата не е многу променета во однос на претходните години. Иако Косово почна да напредува на листата на Репортери без граници во последните неколку години, во 2021 година падна за осум места. Сега, според индексот за слобода на печатот, е рангирано на 78-то место. 

Скпоред Здружението на новинари на Косово (ЗНК), бројот на физички напади и закани кон новинарите е во пораст. Во последните три години (до септември 2021 година), евидентирани се 62 такви случаи. И пандемијата и политичките превирања имаа негативен ефект врз слободата на медиумите.

Кога станува збор за неказнивоста, ситуацијата не е многу променета во претходните две децении. Случаите на исчезнати или убиени новинари во Косово, сè уште не се решени. На Косово му недостасуваат сериозни механизми за следење и собирање на информации за заканите и нападите врз медиумските работници и нивните организации, наведува ЗНК.

Албанија – земјата во која добивате отказ преку СМС

Албанија – земјата во која добивате отказ преку СМС

Оваа земја од Западен Балкан е рангирана на 83-тото место, од 180 земји во светот. Што значи тоа во секојдневниот живот на албанските новинари? Па, според платформата ѕafejournalists.net, тоа значи дека тие треба да се соочат со реалноста, во која албанските државни институции немаат воспоставено ефективни механизми, специфични за новинарите и медиумските работници, преку кои би се обезбедила нивна заштита кога тие  се загрозени.

„Повеќето од случаите на напади врз новинарите во 2020 година, се однесуваат на незаконски полициски апсења или приведувања на новинарите, додека тие покриваат протести или известуваат од терен. Последователните мерките, како што се истрагите и изведувањето на сторителите пред лицето на правдата, во случај на напад врз новинари, се бавни и неефикасни. На државните институции им недостасуваат ресурси и капацитети да ги заштитат новинарите во онлајн просторот и надвор од него“, стои во извештајот за Индексот на Safejournalists.

Она што, исто така, имаше застрашувачки ефект врз новинарите во Албанија во 2020 година, особено врз оние кои практикуваат истражувачко новинарство, беше поднесувањето на десетици тужби за клевета.

Таканаречените SLAPP тужби станаа вообичаен механизам за цензура, заплашување и замолчување на независните медиуми.

Safejournalists, исто така, забележува дека највообичаените форми на притисок со кои се соочуваат новинарите во Албанија во нивните редакции, се одлуките донесени од менаџерите или сопствениците на медиумите за затворање на програми, потоа заплашувањето, економската несигурност, малтретирањето. Во Албанија сопствениците на медиумите отпуштаат новинари испраќајќи им СМС.

И покрај тоа што ситуацијата, во однос на тоа дали се работи за новинар или новинарка не е многу различна, новинарките, сепак, велат дека тие се изложени на сексуално вознемирување, но и дека нивното право на породилно отсуство не секогаш се почитува.

Во текот на 2019 и 2020 година, врз новинарите во Албанија е пукано, употребен е солзавец, тие примаа закани на телевизија во живо, им беа одзимани работните дозволи и беа цел на кампањи на високопозиционирани политичари.

Во 2020 година еден новинар во Албанија беше убиен, на друг животот и физичката безбедност му беа загрозени, девет од нив беа физички нападнати, тројца беа вознемирувани, следени и малтретирани преку администрацијата.

СОС – операторот моментално е зафатен, обидете се подоцна

СОС – операторот моментално е зафатен, обидете се подоцна

Рангирана на 90-то место на листата на РБГ, Северна Македонија регистрирала два физички напади врз новинари во 2020 година, тројца добиле закани кои се однесувале на загрозување на нивната безбедност и нивните животи. Имало седум закани кои не биле од физички карактер и случаи на малтретирање, и два напади врз медиуми.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Северна Македонија соопшти дека девет од нив биле напади врз новинарки. Само четири биле пријавени во полиција, а само еден напаѓач бил уапсен и подоцна осуден. Повеќето од нападите се случиле на интернет.

Според ѕafejournalists.net, во 2020 година не е воспоставен механизам за бесплатна правна помош за која било жртва на родово базиран напад и насилство, вклучувајќи ги тука и новинарките. Оваа платформа сугерира дека имало бројни родово базирани закани и вознемирувања упатени кон новинарките во Северна Македонија. Исто така, воспоставената телефонска линија за брза и ефикасна помош на новинарите во случај на напади, не функционирала.

„Новинарите кои беа предмет на напади, немаа каде да им се обратат на институциите за итна помош и поддршка, освен на Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи. Од регистрираните онлајн напади, само два се процесирани“, се вели во извештајот на платформата, за Северна Македонија. Претставниците на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници очекуваат нов закон, за да се подобрат работите за новинарите во оваа земја.

Очекуваме Собранието наскоро да го промени Кривичниот закон, со што нападите врз новинари, додека тие ги извршуваат своите професионални задачи, ќе станат напади врз службени лица. Тоа би значело дека полицијата и обвинителството ќе мора да дејствуваат брзо, за новинарите да не мора, како и во повеќето случаи досега, да поднесуваат приватни тужби“, изјави висок претставник на Синдикатот, во септември 2021 година.

Ескалација на насилството врз новинарите во Србија

Ескалација на насилството врз новинарите во Србија

Србија е рангирана на 93-тото место на листата на РБГ, зад Северна Македонија, Перу, Унгарија и 89 други земји од целиот свет.

Според Индексот за безбедност на новинарите на Западен Балкан, севкупната ситуација во медиумската сфера се влошила во текот на 2020 година. Платформата сугерира оти „постојат докази кои укажуваат дека некои случаи вклучуваат следење на новинарите или медиумите, бидејќи нивната комуникација била прислушувана. Тие добиваат закани или директно се цел на социјалните мрежи, на членовите на владејачката политичка партија, и тие закани постојано растат. Политичките претставници во Собранието се закануваат, таргетираат и навредуваат новинари и медиуми на кои тие им припаѓаат“.

Понекогаш се добива впечаток дека овие напади врз конкретни новинари или конкретни медиуми се добро организирани, се наведува на платформата safejournalists.net. Еден од механизмите на притисок се и тужбите против новинарите. Независното здружение на новинари на Србија, истакнува дека само во првите десет месеци од 2020 година, до Вишиот суд во Белград биле поднесени 325 тужби против новинари и медиуми. Тие немаа потврдени информации за тоа колку од тие тужби биле поднесени од државни функционери и политичари.

На новинарите во Србија им бил забранет пристап и известување од одредени настани - вкупно шеснаесет такви случаи имало во текот на 2020 година. Нивната работа стана уште потешка поради пандемијата и протестите во неколку српски градови во јули 2020 година. Тоа доведе до ескалација на бројот на насилни физички напади врз новинарите. Имало 28 такви случаи, во дел од нив се работело за сериозно повредени новинари, во некои новинарите биле уапсени, а во одредени случаи на новинарите им била одземена или уништена опремата.

Присутни се и економски притисоци, особено кај новинарите кои работат за локалните медиуми, посебно со избувнувањето на пандемијата. Според Независното здружение на новинари, луѓето кои работат за приватните медиуми, се соочуваат со многу различни пречки на дневна основа– од финансии, до тежок политички притисок и цензура.

Положбата на новинарките е дури и полоша. Тие се повеќе изложени на родово базиран притисок, особено во онлајн сферата. Во претходната година работите не се променија драстично. Во 2021 Србија го задржа своето место, како 93-та земја на листата.

Што ја става Црна Гора седум места зад земјата, во која во моментов беснее вооружен конфликт?

Што ја става Црна Гора седум места зад земјата, во која во моментов беснее вооружен конфликт?

Од шестте земји на Западен Балкан, Црна Гора е најлошо рангирана според Светскиот индекс за слободата на печатот во 2021 година (на 104-тото место). Седум места зад Украина, а пред неа се и земји како Либерија, Мали, Парагвај, Етиопија, Кенија и Ангола.

Институтот за медиуми на Црна Гора, бележи четиринаесет напади врз новинари, во првите девет месеци од 2021 година. Од таму посочуваат дека тоа е последица на високите тензии и, во голема мера, поларизираниот политички пејзаж во земјата. Сите напади се поврзани со работата на нападнатите новинари или со уредувачката политика на медиумите за кои тие работат. Половина од тие напади биле насочени кон новинарки. Од Институтот наведуваат дека се процесирани и сите напади кои биле пријавени во полиција и дека во повеќето случаи постапката против одговорните е во тек.

Во 2020 година, имало 16 регистрирани напади, вклучително и апсење на четворица новинари. Бидејќи условите за работа на новинарите се влошија, неколку невладини организации покренаа барање за промена на Кривичниот закон на Црна Гора и препознавање на нови кривични дела – спречување на новинар во вршењето на работата и напад врз новинар додека бил на професионална задача.

Еден од проблемите во Црна Гора, според Институтот за медиуми, е бавната реакција на властите, кога станува збор за таргетирањето на новинарите, долгите процеси во многу деликатните случаи и недовербата во институциите, кои со години не успеваат да ги решат случаите на напади врз новинари, вклучувајќи го и убиството на уредникот на списанието „Дан“, Душко Јовановиќ.

Значи, сите земји од Западен Балкан имаат едно нешто заедничко - пандемијата им ја отежна работата на новинарите, а, исто така, ја направи и поопасна. Политичките притисоци и натаму се присутни, а вербалните и онлајн напади се зголемија. И додека се зборува за приближување кон крајот на пандемијата, сè уште не е на повидок иднината без закани или таргетирање на новинарите на Балканот.

Наташа Ковачев – репортер со 15-годишно искуство во телевизиско новинарство. Во моментов, јас сум дописник од Војводина и работи за Euronews Србија. Претходно имам работено за телевизија N1, Ал Џезира Балканс, РТВ Војводина. Опфатени приказни од локалната политика, економијата, до претседателските избори во САД во 2016 година, украинските кризи, масовните протести во Романија, последиците од бомбашките напади во Брисел и Анкара, бегалската криза во Европа, обидот за воен удар во Турција, многу различни демонстрации во текот на балканските земји.

Поврзани статии:

„Види Вака“, со седиште во Скопје, е добро познат и почитуван мултимедијален медиум, благодарение на нивната препознатлива продукција на
jl naslovna

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за