Северна Македонија, OhridNews: Туристичките услуги како одржлив бизнис модел

 минути читање

Ohrid News

OhridNews, независен информативен портал од крајезерскиот град Охрид, работи на воведување на нов производ/услуга на пазарот – интерактивна веб-страница која ќе ја информира, ангажира и едуцира пошироката јавност, за случувањата од областа на туризмот. Идејата е новата веб-страница да стане самоодржлива деловна единица, која ќе му обезбеди дополнителни приходи за OhridNews.

За жал, имплементацијата на проектот беше забавена поради компликациите што ги создаде пандемијата на КОВИД-19. „Во моментов сме во завршна фаза на имплементација. Ни треба уште малку време за да го финализираме проектот. Очекуваме се да биде готово до крајот на април“, вели, Горан Момироски, главен и одговорен уредник на OhridNews.

Новата веб-страница ќе се фокусира на регионот на Охрид и на Струга, во Северна Македонија, како и на заедниците околу Охридското Езеро во Албанија, и ќе обезбеди транспарентна и сеопфатна покриеност на туристичкиот сектор.

Медиумот ќе го информира читателот за постоечките атракции, настани, искуства, за расположливото сместување, за контакт информациите на институциите и службите за итни случаи итн. Исто така, низ атрактивни приказни, ќе ги едуцира читателите за историјата, за постоечките традиции и кулинарските специјалитети,.Воедно, читателите ќе ги пренасочува на релевантни веб-страници за резервации за настани, сместување и тури. Дополнителна мисија е подигнувањето на свеста за важноста на природните ресурси, со предлагање на начини како да се зачува животната средина, со свесно искористување на ресурсите.

OhridNews е првиот регионален онлајн портал во југозападниот регион на Северна Македонија. Од јануари 2007 година, овој онлајн портал има објавено над 130.000 вести, стории, колумни и видео емисии. Порталот е еден од 11-те медиуми од Северна Македонија, кои се дел од „Media for All“ грант шемата за развој на бизнисот. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, а имплементиран од страна на Британскиот совет, Фондацијата Томсон, БИРН и ИНТРАК, во сите земји од Западен Балкан.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за