Редакциски менаџмент и организација, во дигитално опкружување

 минути читање

Newsroom management

Курсот е наменет за медиумските работници, со цел тие да се запознаат со процесите и начините на структурирање и водење на редакциите – без разлика дали се работи за мали или за големи редакции. Од самото запознавање со поимот конвергенција во медиумите, преку новите трендови во медиумската индустрија и примената на дигиталната технологија во производството на содржини, па сѐ до поглавјето за развивање на вештини.

Низ овој интерактивен курс, ве водат медиумски експерти, кои ќе ви помогнат самите да го изберете моделот на организација, што можете да го примените во локалната средина. Курсот се состои од 5 целини.

Во првиот дел ве запознаваме со основните поими и со новите трендови во медиумскиот свет. Ве запознаваме и со поимот конвергенција на медиумите и кои се степените на конвергенција што можете да ги примените, во зависност од медиумот и платформите на кои објавувате содржини. На овој начин ќе дознаете и што значи начелото „digital first“, во една модерно организирана редакција.

Во второто поглавје, ве водиме со светот на интегрираната редакција и ви даваме можност самите да исцртате нов модел на вашата интегрирана редакција, како и соодветно на тоа да ги прилагодите вашите работни процеси.

Во третото поглавје, зборуваме за редакциската култура и за примерите на добар начин на комуникација во редакцијата.

Во четвртиот дел, се запознаваме со мултимедијалното известување, со новите иновативни форми во новинарството и секако, во завршното поглавје, зборуваме за управувањето со ваквата редакција и создавањето на здрава работна средина.

Д-р ТЕНА ПЕРИШИН, професор на Катедрата за новинарство и медиумска продукција на Факултетот за политички науки, Универзитет во Загреб. Долгогодишна новинарка на Хрватската радиотелевизија. Специјализирала на американски универзитети (Универзитет Харвард, Универзитет Сиракуза) и на Си-Ен-Ен. Таа беше уредник во Радио Слободна Европа, работеше како хонорарка за Си-Ен-Ен и други медиуми. Таа водеше развојни проекти, вклучувајќи и проектот за дигитализација на информативната програма ХРТ а и лансирање на новинскиот канал ХРТ4. Таа ја основа и ја води Тлевизијата Студент, прва новинарска истражувачка лабораторија во регионот. Добитник е на повеќе награди за нејзината новинарска работа и државната награда за популаризација на науката. Автор е на бројни стручни и научни текстови, како и на книгата „Телевизиски вести“.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за