Редакциски менаџмент и организација во дигитална средина

Целта на овој курс е стекнување на знаење што ќе ви овозможи не само да разберете, туку и да ги прилагодите и создадете работните процеси што ќе ја модернизираат вашата редакција и да научите како да управувате со тоа за да медиумите станат поконкурентни во дигиталното опкружување.

Ламија Алечковиќ

Модулите се состојат од лекции во формат на текст и видео. Со практични примери и совети, ќе можете да ја извршите задачата на квалитетен начин и да започнете да применувате нови знаења во вашата редакција.

При пријавувањето, ве молиме внесете го вашето полно име и презиме, бидејќи тоа ќе биде информацијата напишана на вашиот сертификат.

Бесплатен курс

Ќе бидете пренасочени на надворешна веб-локација

  • Модул 1: Вовед
  • Модул 2: Конвергенција на медиумите
  • Модул 3: Интегрирана редакција
  • Модул 4: Редакциска култура
  • Модул 5: Мултимедијално известување
  • Модул 6: Развој и управување со вештини

Во овој курс ќе научите:

Медиумите се соочуваат со многу предизвици во овој дигитален свет во кој живееме и работиме. Овој курс е дизајниран да ве запознае со процесите и начините на структурирање и водење редакции – без разлика дали се мали или големи. Работните процеси се менуваат, а исто така се менуваат и барањата на публиката. Новите технологии наметнуваат поинаков начин и динамика на производство, така што треба да се прилагодиме и на тоа. На овој курс ќе се запознаете со идеите и трендовите во медиумската индустрија, ќе научите и процените дали можете да примените дел од тоа во вашите редакции.

Целта на овој курс е стекнување на знаење што ќе ви овозможи не само да разберете, туку и да ги прилагодите и создадете работните процеси што ќе ја модернизираат вашата редакција и да научите како да управувате со тоа за да медиумите станат поконкурентни во дигиталното опкружување.

Курсот е поделен на 6 модули:

  • Модул 1 –  Ви дава преглед на курсот и ќе ве запознае со новите трендови во медиумскиот свет.
  • Модул 2 – Ќе се запознаете со поимите „конвергенција“ и „digital first“, но исто така и со важноста од познавање на публиката.
  • Модул 3 –  Што е интегрирана редакција и како да се создаде и управува со истата? Поминувајќи низ овој дел од курсот, учејќи, задачата ќе биде да нацртате нов модел на вашата интегрирана редакција и да создадете свои, прилагодени работни процеси.
  • Модул 4 – Редакциската култура е исклучително важна во контекст на digital first стратегијата, ќе се научат добри начини на комуникација во редакцијата и управување со неа.
  • Модул 5 – Целта на овој дел од курсот е да се запознае со различни видови на мултимедијално известување, нови концепти и форми во новинарството.
  • Модул 6 – Ќе научите како да управувате со редакцијата, како да зајакнувате лица во различни уреднички улоги, да се грижите за вработените и да создадете здрава работна околина за нив.

Овој курс можете да го завршите за 8 часа во повеќе сесии за 10 дена.

Овој онлајн курс е изработен во рамки на проектот „Медиуми за сите“, финансиран од страна на Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и Развој (FCDO) и изготвен од конзорциум на организации предводени од Британскиот совет, во партнерство со Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН), INTRAC и Фондацијата Томсон (ТФ).

Целта на проектот е да се развие и зајакне уредничката независност и деловното работење на медиумите низ шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) преку обезбедување грантови и техничка помош на низа медиуми.

Наставниците на овој курс:

Andrija Vučković

Učitelj bezbrojnih mudrosti

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Duis vestibulum lectus condimentum turpis cursus, sit amet porta ipsum pulvinar. Class aptent taciti sociosqu ad litora torquent per conubia nostra, per inceptos himenaeos. Quisque sollicitudin vestibulum nunc a euismod. Nullam venenatis ultrices nibh ac tincidunt. 

Ламија Алечковиќ

Новинарка и уредничка

Беше извршна продуцентка на „Aljazeera Balkans“ и директорка на Информативниот медиумски сервис во Хрватската радиотелевизија. Во последниве години работи како консултантка за медиуми и советничка за дигитално новинарство на ВМАР проектот (Internews/USAID).

Други курсеви:

Александар Манасиев
Курсот е наменет за сите новинари кои сакаат самостојно да креираат новинарска содржина. Преку објаснување на техниките и најдобрите практики за креирање содржина со мобилен телефон новинарите ќе станат подготвени самостојно, без никаква помош да создаваат ангажирани приказни, визуелно моќни видео-приказни, интервјуа и да ги објавуваат на кој било медиум.
Александар Манасиев
Преку курсот ќе научите како се менува светот на медиумите под влијание на технологијата, како се менуваат навиките на публиката, каква содржина треба да креирате и како да ја прилагодите за следење на различни платформи.
Натан Коешал, Милош Јанковиќ, Сања Лазиќ
Целта на овој курс е да ви помогне да почнете да размислувате за вашата заедница на вистински начин, како и да ви обезбеди основни и практични концепти за градење и ангажирање на таа заедница.
Ламија Алечковиќ
Целта на овој курс е стекнување на знаење што ќе ви овозможи не само да разберете, туку и да ги прилагодите и создадете работните процеси што ќе ја модернизираат вашата редакција и да научите како да управувате со тоа за да медиумите станат поконкурентни во дигиталното опкружување.
Александар Бировљев
Овој курс е ризница на практични искуства, кои ќе Ви помогнат да не застанете на креираниот бизнис модел, туку да го наплатите својот труд, бидејќи Вие бизнисот сте го почнале со намера да ги продавате своите содржини, своите услуги или своите стоки и да заработите пари. Може да слушнете искуства од прва рака, за тоа како електронските плаќања станаа индустрија сама за себе и како тие ја преобликуваа електронската трговија (ecommerce), во последните 10 години.
Наташа Ковачев
Целта на овој курс е да ги подготви новинарите/ките за можни непредвидени ситуации што можат да ги сретнат додека известуваат од протести и различни демонстрации. Во последниве години, повеќето од протестите што се случија во регионот станаа насилни во одреден момент со тоа што новинарите станаа мета. Овој курс носи корисни совети за тоа како да избегнете или да се справите со проблеми на вакви настани.