Северна Македонија: Поддршка за медиумите за имплементирање електронско плаќање

 минути читање

e-payment

Можноста за електронско плаќање наскоро би требало да биде реалност за неколкуте медиуми во Северна Македонија со кои Фондацијата Томсон соработува во склоп на проектот ‘Media for All’. За прв пат медиумите ќе имаат можност да ги наплатат своите содржини, роби, и услуги – во зависност од бизнис моделот за кој се определиле – преку електронско плаќање.

„Најпрво ги идентификувавме банките кои пружаат адекватна поддршка за e-commerce услугите во Македонија. Тоа се Комерцијална, Стопанска, и НЛБ банка. Потоа извршивме проценка на капацитетите на вклучените медиуми, по што се договоривме со посредничката компанија WSPay која нуди готови решенија за електронско плаќање, додатно да ги поддржи медиумите и да им ја олесни интеграцијата со горенаведените банки. Тој систем, од една страна, ќе им овозможи на медиумите со адекватна техничка поддршка полесно да ги наплаќаат своите услуги електронски, додека од друга страна за банките тоа ќе значи имплементација на напредни сервиси при прифаќањето и обработката на платежните картици, а воедно и оптимизација на ресурсите со префрлање на сите одговорности на посредникот. WSPay има интерес да им овозможи на трговците во Северна Македонија конекција со што повеќе банки со што се позиционира во улога на партнер и за трговците и за банките,“ рече Александар Бировљев, водечки експерт за електронски плаќања и дигитални бизнис модели кој во склоп на овој проект менторски поддржува неколку медиуми.

Еден од медиумите со кој работи Бировљев, Радио Канал 77 од Штип, во својот бизнис план планира отворање на онлајн продавница. Потенцијалот на оваа онлајн продавница е во обединувањето на понудите од неколку доставувачи од Штип и околината, а исто така и од цела Македонија, со што се позиционира како една од најсериозните онлајн продавници во земјата. Паралелно со оваа активност, активирањето на радио фан клубот, може оваа електронска продавница да ја издигне на ниво на ценет електронски пазар.  

Покрај Радио Канал 77, уште три медиуми од Македонија ќе имаат бенефит од користењето на овој систем – OhridNews од Охрид, Независен весник од Скопје, и ТВ Кисс и Менада од Тетово. Во склоп на проектот 'Media for All' Фондацијата Томсон соработува со 11 медиуми во Македонија на развој на нови бизнис решенија.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Постои една работа својствена за многу професии: од лекари и адвокати, до новинари и различни видови нa инженери. Повеќето
From-journalist-mindset-to-business-mindset-

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за