Како приказните за активизмот и човековите права, завршија на најчитаните портали во Босна и Херцеговина?

 минути читање

Мнозинството вработени во непрофитниот сектор, често се соочуваат со слична фрустрација – зошто темите со кои се занимаваат и резултатите што ги постигнуваат, а кои го подобруваат животот на луѓето, немаат поголема видливост. Како одговор на овие фрустрации, беше креиран Diskriminacija.ba – онлајн медиум фокусиран на приказни поврзани со човековите права, со мисија, со овие приказни, да допре до што е можно повеќе луѓе. Бидејќи нивниот тим се состои од новинари, кои, исто така, се активисти на полето на човековите права, тие ги комбинираа вештините за раскажување на приказни со активистичкиот сензибилитет и решија да ја претворат оваа единствена комбинација на знаење во бизнис модел, кој го развија со помош на експерти и грантови за поддршка, во рамките на проектот „Media for All“.

„Работејќи долго време со медиумите и на полето на промовирањето на човековите права, ние сфативме дека, всушност, постои значителен јаз помеѓу начинот на кој комуницираат граѓанските организации кои работат во полето на човековите права, јаз помеѓу нивниот капацитет да им наметнат одредени теми како важни на медиумите и да се комуницира надвор од она од што сите страдаме, а тоа е проектната комуникација. Од друга страна, медиумите многу ретко имаат време, на малку подлабок и посериозен начин, да се посветат на некои теми, кои не мора да генерираат голем број на кликови“, вели, Маида Муминовиќ, извршна директорка на Медиацентар Сараево, родител компанија на порталот.

Откако ја идентификува оваа празнина и доби поддршка преку проектот „Мedia for All“, Diskriminacija.ba, со помош на својот ментор, темелно и детално работеше на анализата на нивната претходна деловна стратегија и методите на финансирање. По овој процес, стана јасно дека нивната главна стратегија е собирање средства од меѓународни донатори, како и понуда на нивните услуги на други граѓански организации.

„Во моментов, се стремиме граѓанските организации, кои, исто така, функционираат како нас, да ја препознаат Diskriminacija.ba како нешто што можат да го интегрираат во нивните проектни предлози. Така, кога ги развиваат своите проекти и размислуваат како да ги соопштат проектните цели и достигнувања или проблеми што ги решава проектот, да нè имаат на ум и да вклучат нешто што ќе го направат со Diskriminacija.ba во нивната апликација. Тоа се двата главни извори на финансирање и приходи за медиумите“, нагласува Маида.

Иако во тимот се само тројца луѓе, тие се потпираат на мрежата новинари од целата земја,  кои се одговорни за идентификување на важни приказни, кои можат да бидат покриени. Тие, исто така, ја користат алатката ECR (онлајн платформата за активно граѓанско известување), која беше развиена преку проектот „Мedia for All“, како начин за поддршка на медиумите во ефективното истражување и известување. „Користењето на алатката ECR, се покажа како добар начин за збогатување на приказните и за потврдување на одреден проблем преку комуникација со поширока публика, уште во раните фази на развојот на приказната“, нагласува Маида. Една од приказните што е создадена на овој начин, се занимава со правото на пристап до здравствено осигурување, во Босна и Херцеговина.

Diskriminacija.ba, речиси три години од почетокот на поддршката што ја добија преку проектот „Мedia for All“, полека но сигурно ја консолидира својата единствена позиција на медиумскиот пазар и во граѓанското општество, но не планира да застане тука. Нивните идни планови вклучуваат воведување на нови форми на содржини и формати, како и потенцијално проширување и нудење услуги на други земји во регионот.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Во фокус група организирана минатата година за употреба на локални медиуми, покрај локалната телевизија и радио, учесниците повеќепати споменуваа
Lokalni-mediji-gube-na-znacaju-i-to-nije-dobro-za-kosovsko-drustvo
Линеарната телевизиска програма, барем во поразвиените земји, наскоро најверојатно ќе се најде на смртна постела. Сè помалку гледачи седат
01-Razmišljajte-izvan-TV-kutije.png
Жените и натаму се недоволно застапени во медиумите на Балканот, што ја потврдува родовата нерамнотежа и покажува постоење на
BIRD Directory: Bridging the Gender Gap in Balkans

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за