Северна Македонија, TВ Kiss &Mенада: Таргетирање на дијаспората со посебни емисии

 минути читање

Kiss&Menada

Регионалниот медиум, ТВ Kiss&Менада, со седиште во Тетово, развива нов и иновативен модел за монетизација, насочен кон големата дијаспора од полошкиот регион, со цел поддршка на работата на медиумот, со издвојување на симболични финансиски средства за емисии, кои овој медиум сам ги продуцира.

Планот е да се промовираат и да се стават на интернет вкупно 24 емисии, од кои половина се снимени на македонски, а половина на албански јазик, а кои можат да се купат онлајн.

 „Цената сè уште не е дефинирана, но таа би требало да изнесува околу 5 евра по емисија или ако преземете повеќе емисии, цената би била пониска“, вели, Маја Пероска, програмска координаторка и новинарка на ТВ Kiss&Менада.

Поголемиот дел од емисиите се снимени, но системот за електронска наплата (е-плаќање) допрва треба да биде имплементиран, па медиумот моментално работи на неговото прилагодување и калибрација. Но, без разлика на тоа, можноста за користење на опцијата е-плаќање на нивната веб-страница, наскоро би можела да стане реалност за ТВ Kiss&Менада, како и за неколку други медиуми во Северна Македонија, кои ја имаат поддршката од Фондацијата Томсон, преку проектот „Media for All“.

Согласно досегашниот бизнис план, беа реализирани повеќе активности. Беа распишани јавни повици за ангажирање на дополнителни соработници, меѓу кои и за новинар соработник, кој го зборува албанскиот јазик како мајчин јазик, а чија задача е да ги подготвува планираните емисии. Исто така, беше објавен јавен повик за позицијата уредник за ангажирање на публиката, чија задача е комуникација со заедницата, нејзино вклучување во уредувањето на медиумските содржини, како и давање на насоки на медиумскиот тим, со цел запазување на уредувачката политика, согласно потребите на воспоставената целна група.

Не само финансиската поддршка, туку и обуките и менторските сесии ни помогнаа многу во спроведувањето на оваа идеја. Знаењето што го добивме и искуството што го стекнуваме на овие сесии, се од огромно значење“, вели Тошо Маркоски, генерален директор на ТВ Kiss&Менада.

Фондацијата Томсон, како дел од проектот „Media for All“, поддржува 11 медиуми во Северна Македонија, во развојот на остварливи и локализирани деловни планови. Покрај ТВ Kiss&Менада, уште три медиуми од Северна Македонија ќе имаат бенефит од овој систем за е-плаќање, во имплементацијата на нивните бизнис планови - OhridNews од Охрид, Независен весник од Скопје и Радио Канал 77 од Штип. Како резултат на оваа поддршка, овие медиуми ќе можат да ги понудат и да ги наплатат своите содржини, стоки и услуги – во зависност од нивниот бизнис модел – по електронски пат.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Медиумските куќи повеќе не можат да се потпрат на традиционалните и добро воспоставени медиумски практики. Потребна е постојана иновација,
Redakcijski menadžment i organizacija u digitalnom okruženju

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за