На овој курс, ќе имате можност да ги совладате основите на кои се базираат аналитичките алатки наменети за дигиталните медиуми. Курсот треба да ви овозможи да ги анализирате перформансите на медиумските содржини на онлајн медиумите и да понудите конкретни примери за тоа како се анализираат перформансите на содржините низ индустријата на онлајн медиуми.
Покрај основите на аналитиката, ќе научите и за создавање увид од податоците и донесување одлуки засновани на податоци за посети на страници. Исто така, ќе добиете основно знаење за тоа како можете да ги користите податоците обезбедени од социјалните мрежи за да донесувате уреднички одлуки
Содржина на курсот:
- Модул 1 – Различни пристапи кон употреба на податоци во редакциите на онлајн медиумите
- Модул 2 – Видови платформи за анализа на податоци во редакциите и метрики на кои се засноваат
- Модул 3 – Основи на анализа на податоци: actionable insights и метрики на социјалните мрежи
- Модул 4 – Демократизација на податоците во редакцијата
- Модул 5 – Донесување стратешки одлуки со помош на податоци, создавање увид врз основа на кој може да се донесуваат одлуки и запознавање со разни аналитички платформи
За време на курсот ќе имате можност да слушнете многу луѓе од медиумите и нивните искуства во работата со податоци. Исто така, за време на курсот, ќе зборуваат и претставници на софтверски компании кои се занимаваат со развој на аналитички решенија за медиуми. Меѓу гостите има поранешни уредници на Би-Би-Си, како и сегашни уредници на медиуми од Балканот – дневниот весник Данас, Српската радио и телевизија, Спортклуб итн.
Потребни ви се околу осум часа за да го завршите овој курс, но точното време ќе зависи од времето што ви е потребно за да ги завршите практичните задачи.
Овој онлајн курс е изработен во рамки на проектот „Медиуми за сите“, финансиран од страна на Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и Развој (FCDO) и изготвен од конзорциум на организации предводени од Британскиот совет, во партнерство со Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН), INTRAC и Фондацијата Томсон (ТФ).
Целта на проектот е да се развие и зајакне уредничката независност и деловното работење на медиумите низ шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) преку обезбедување грантови и техничка помош на низа медиуми.