Порано или подоцна, сигурно сте се запрашале дали е потребно да се најдете на интернет. Веќе петнаесет години наназад, се вели дека оној што не е на интернет, сериозно задоцнил. Но, сигурно се прашувате дали вашите стоки или услуги ќе можат и како ќе можат да се продаваат преку интернет. Дали треба да направите веб-страница? Дали и како можете на постоечката веб-страница, да имплементирате некој од моделите на плаќање? Постојат бројни прашања, кои веројатно, ако веќе не сте си ги поставиле, ќе си ги поставите порано или подоцна.
Овој курс ќе се занимава со следната тематика – како на вашата постоечка или нова веб-страница да продадете услуга, стока, што и да сте замислиле, какви и да се Вашите содржини, и тоа да го наплатите и да користите соодветни начини на плаќање, со посебен фокус на тоа како да ги договорите и да ги имплементирате тие методи на плаќање.
Секој дел од курсот содржи кратка видеосодржина, а најинтересните теми содржат и придружен текст, практични примери, како и интересни прашалници. Структурата на курсот вклучува:
Модул 1: Вовед – Краток опис на курсот и запознавање со авторот, кој, преку практични искуства, ќе Ви ги приближи предизвиците на електронската трговијата.
Модул 2: Концепт на деловен (бизнис) модел – Демистифицирањето на терминот „бизнис“ и едноставното претставување на деловниот концепт, ќе го прошири погледот на можностите што стојат пред Вас и ќе Ве охрабри да започнете нови деловни потфати.
Модул 3: Воведување на методи на плаќање (предуслови и претпоставки) – Одговорите на најчесто поставуваните прашања и сфаќањето на улогата на различните учесници во воведувањето на различни начини на плаќање, точно ќе Ве насочат во одговорноста на овие учесници.
Модул 4: Помош и поддршка за време на деловниот потфат – Ова продолжување на претходниот дел, се занимава со специфични активности на различни учесници, во процесот на имплементација на различните методи на плаќање.
Модул 5: Концепт за воведување на методи на плаќање од техничка и деловна гледна точка – Овој модул ќе Ви ја објасни разликата и поврзаноста помеѓу монетизациските модели и методите на плаќање, и ќе ви помогне во согледувањетo на нивната поврзаност од различни гледни точки.
Модул 6: Имплементација на методите на плаќање – Спроведување на сите активности според однапред дефиниран план, соодветни подготовки и тестирања, како и следење на бизнисот по започнувањето на проектот, се делови од курсот што ќе ви помогнат практично да го спроведете сето она што сте го научиле од претходните модули.
За да го завршите курсот, ќе ви требаат 4 часа работа, кои можете да ги распоредите во неколку сесии.
Овој онлајн курс е изработен во рамки на проектот „Медиуми за сите“, финансиран од страна на Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и Развој (FCDO) и изготвен од конзорциум на организации предводени од Британскиот совет, во партнерство со Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН), INTRAC и Фондацијата Томсон (ТФ).
Целта на проектот е да се развие и зајакне уредничката независност и деловното работење на медиумите низ шест земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) преку обезбедување грантови и техничка помош на низа медиуми.