Србија и Северна Македонија: Огласи за вработување како извор на приходи

 минути читање

Pononudizarabota-i-pressek

Публиката на три портали од Западен Балкан ќе има можност покрај секојдневните информации, на страниците на своите омилени медиуми, да најде и огласи за слободни работни места. Со поддршка на проектот Media for All два портали од Србија, Озон прес од Чачак и Пресек од Крагуевац, како и Независен весник од македонскиот главен град Скопје, развија посебни микро страни за огласување работни места, а воедно и за поврзување на работодавците со потенцијалните работници.  

Микро страните на Пресек и Независен весник се веќе активни, додека таа на Озон прес е веќе во завршна фаза на изработка. Основната идеја на овој иновативен пристап е да се воведат и тестираат нови извори на приходи за медиумите.   

„Приметивме дека нашите читатели се посебно заинтересирани за вести и теми околу запослувањето. Имаше случаи кога некои читатели дури се јавуваа во нашата редакција тражејќи повеќе детали,“ рече Марија Обреновиќ од Пресек. Микро страната на овој крагуевачки медиум е активна од средината на јуни и досега, без промотивни кампањи, бележи околу 20.000 посети месечно.    

„До сега објавивме повеќе од 200 огласи за вработување,“ рече Обреновиќ, додавајќи дека на есен ќе започнат со промотивната кампања за новата страна. 

Од друга страна, Независен весник имаше поинаков пат во реализирањето на проектот. Како што ни кажа уредничката Слободанка Јовановска идејата потекнува од желбата да имаат „производ кој е траен и отпорен на политички влијанија, а воедно може да понуди одржливост на долги стази.“ Микро страната има повеќе од 40 активни огласи, а наскоро планираат да започнат и со промоција како би го зголемиле бројот на огласи. 

Владимир Тркуља, бизнис ментор, кој работи со сите три медиуми на развој на нивните бизнис планови, е охрабрен од иницијалните резултати.

„Навистина сум среќен што медиумите ги лансираа своите микро страни. Сите три се целосно функционални и веќе полека се полнат со огласи,“ рече Тркуља додавајќи дека во блиска иднина медиумите ќе работат на промоција на страните, но исто така ќе се трудат да учат во од, а воедно и да ги имплементираат сите неопходни решенија кои ќе се наметнат во тој процес. 

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за