ЗБ6, Градење на капацитети: Повеќе од 250 медиумски професионалци се здобија со вештини и знаења

 минути читање

Capacity building Blogpost Journalift

Повеќе од 250 новинари, уредници и медиумски менаџери, од 80 медиуми од 6-те земји на Западен Балкан, учествуваа во активности врзано за градење на капацитетите, во рамките на проектот, „Медиуми за сите“, во периодот од мај до август 2021 година.

Оваа компонента на програмата беше координирана од Фондацијата Томсон и резултираше со:

  • одржување на 17 онлајн групни сесии за обука, со превод на локалните јазици, за повеќе од 190 учесници, кои добија повеќе сознанија за маркетингот и продажбата, за мобилното новинарство, креирањето на подкасти, за збирното финансирање (краудфундинг) и за многу други теми;
  • 15 групни сесии за обука и техничка поддршка во врска со алатката за мерење на ангажманот на дигиталната публика на медиумите, беа одржани за 39 учесници;
  • одржување на околу 30 еден на еден сесии за градење на капацитетите, каде што експерти работеа и ги консултираа медиумите во области како што се имплементацијата на системите за е-плаќање, подкастингот, маркетингот, уредничкиот менаџмент, интеграцијата во редакцијата и многу други теми;
  • објавени се два курса за е-учење со повеќе од 70 регистрирани професионалци.

„Компонентата-градење на капацитетите, која е дел од проектот ‘Медиуми за сите’ (МЗС), со текот на времето се зголеми и беше проширена и прилагодена за да овозможи нови знаења и вештини за повеќе од 80 медиуми од целиот регион“,

изјави, Јелена Ожеговиќ, координатор за медиумска поддршка и МЕЛ на Фондацијата Томсон.

Некои медиуми започнаа активно да користат нови алатки и графички елементи, за мултимедијално да ја збогатат својата содржина, се воведуваат нови работни текови во редакциите и уредувачки менаџмент, и се развиваат нови стратегии за маркетинг и градење на заедницата.

„Сите овие резултати беа направени благодарение на големиот интерес, на посветеноста и на мотивацијата на медиумските професионалци, кои беа вклучени во компонентата - градење на капацитетите“,

заклучи Ожеговиќ. Таа додаде дека прилагодената поддршка ќе продолжи во текот на целиот проект, со цел да се добијат максимални резултати.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Медиумските куќи повеќе не можат да се потпрат на традиционалните и добро воспоставени медиумски практики. Потребна е постојана иновација,
Redakcijski menadžment i organizacija u digitalnom okruženju

Врвни стории од Journalift:

Периодот на пандемијата предизвикана од корона вирусот, во голема мера влијаеше на промената на навиките на граѓаните во онлајн опкружувањето и на користењето на платежните институции кои се нудат. Според голем број извештаи на релевантни институции и медиуми, тоа беше период на раст на е-трговијата и различните модели на претплата, кои се задржаа и денес, иако можеби не до
Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор

Теми:

Најнови статии:

Зошто не треба да се откажеме од моделот на претплата?
Периодот на пандемијата предизвикана од корона вирусот, во голема мера влијаеше на промената на навиките на граѓаните во онлајн опкружувањето
Како може да се унапреди соработката помеѓу локалните и истражувачките новинари?
Честопати, во медиумскиот бизнис, е предизвик да се продуцираат успешни соработки и контакти меѓу новинарите, особено кога станува збор за
АБВ на мобилното новинарство и зошто истото треба да го земете предвид
Што правите кога се наоѓате пред глетка која го одзема здивот или кога се случува некоја необична работа пред вашите
Постигнете лесно, брзо и ангажирачко искуство, слично на она со апликација, без оригинална апликација
Дали размислувате да развиете апликација за вашата онлајн содржина на вести? Или можеби веќе имате апликација, но не сте убедени