Како да се изгради и развие заедница на корисници и како истата да се монетизира на вистински начин?

Пред околу 20 години, беше воведен терминот Веб 2.0. Тој претставува сосема поинаков пристап кон реализацијата на интернет проектите. До тој момент интернетот беше место на кое што се информиравме, но комуникацијата беше речиси целосно еднонасочна.

Во тоа време (некаде од 1991 до 2004 година) интернетот беше место каде најпрвин релативно мал, а потоа сѐ поголем број корисници, консумираа содржини создадени од многу мал број автори. Се разбира, бројот на автори, медиуми и извори на информации, со текот на времето растеше, но бројот на „конзументи“ експлодираше.

Со развојот на инфраструктурата, алатките и зголемената достапност на технологијата, создадена е можност, одреден број корисници да добијат можност да станат креатори на содржини. Токму оваа содржина што ја создаваат корисниците (user generated content) е основата на феноменот Веб 2.0.

Колку и да се посветени авторите, едноставно мал број од нив произведуваат конечна количина на содржина, го прават тоа од конечен број на агли и визури, и многу често немаат доволно време и волја за специфични теми. Едноставно, кога нема доволно ресурси (дури и да е во прашање времето), приоритизацијата е многу важна, а компромисите не одат секогаш во корист на различностите.

Веб 2.0 од квантитетот го извади квалитетот. Донесе демократизација на содржините и можност секој, без разлика колку е мал процентот на публика, да има некое свое катче, бидејќи и 0,01% од заинтересираните корисници, во базата која брои повеќе стотици милиони луѓе ширум светот, ќе бидат доволно да се изгради заедница, каде што ќе можете да дискутирате и да се информирате.

Каква врска има сето ова со медиумите?

Каква врска има сето ова со медиумите?

Има голема врска, бидејќи оној моментот кога речиси секој, а денес е тоа и буквално, добива можност да биде медиум и да го привлече вниманието на корисниците и да формира заедница, медиумите веќе ги немаат за конкуренција само медиумите, туку и сите останати кои се подготвени да вложат време и да креираат содржина.

Медиумите кои не се прилагодија на тоа, со текот на времето, почнаа да го губат пазарниот натпревар, освен ако не се во толку софистицирана пазарна ниша, каде независните автори не можат да станат конкурентни. Верувајте, такви медиуми има многу помалку, отколку што мислите.

Велат дека за бизнисот една од најопасните работи што може да ја каже основачот е - ова го правиме на ваков начин веќе 30 години. Навистина, не сите бизниси се такви за да можат да внесуваат иновации и да се развиваат со текот на времето, но сепак, огромното мнозинство се, иако се чини дека не се. Дури и оние кои со векови функционираа на еден начин, мораа да се прилагодат на процесот на дигитализација и децентрализација, што го донесе технологијата.

Повеќе не можете да бидете таксист, ако не умеете да користите паметен телефон, не можете да бидете психотерапевт, ако не ја користите технологијата. Дали мислите дека можете? Па, ако тоа и беше така до март 2020 година, од тој момент, на сите им стана јасно дека не можеме да се потпреме само на физичкото присуство и на тоа „како сме го правеле ние тоа во последните 30 години“.

Така е и со новинарството.

Пред 100 години, информациите патуваа со денови или недели за да стигнат до нас. Но, тоа е далеку во минатото и не е релевантно.

Пред само 15 години дневните весници излегуваа наутро или навечер (или двапати во текот на денот) и тие беа пресеци на сѐ што се случувало. Неделните и месечните весници, со својата динамика, ни носеа резиме на новостите во работата со којашто се занимаваа.

Денес е незамисливо да немаме информации за тоа што не интересира во реално време, а најдоцна истиот ден. Повеќето од овие информации се дигитални и стигнуваат до нас на некои од уредите што ги имаме со себе.

Дури и физичките производи, доколку е потребно, од која било точка на нашата планета, можат да стигнат до која било друга точка, за максимум 48 часа, а цената за тоа, иако не е многу поволна, всушност му е целосно достапна на секој од нас.

Дали постои нешто добро во сето ова?

Очекувањата се поголеми, но и достапните можности се многу поголеми од претходно. За почеток, вие денес, всушност, можете веднаш да знаете што ги интересира луѓето, а што не ги интересира. Што ги интересира краткорочно, а што долгорочно.

Пишувате извонреден текст и тој се чита 10 години и 10 години тој ги привлекува луѓето кон вашиот медиум. И секогаш кога ќе се покрене таа тема, луѓето трчаат токму кај вас, затоа што вие сте најрелевантни.

Пред само 10 години, тоа беше незамисливо. Медиумите беа линеарни и ако не сте го доживеале нешто во моментот кога се емитувало, или не сте го прочитале во деновите, неделите или месеците по објавувањето, немало шанси тоа да го видите повторно. Освен ако некој не го сочувал тој примерок од весникот или не ја снимил таа содржина на аудио или видео касета.

Сега можете да размислувате на поинаков начин и да имате многу поголеми можности. Тоа значи дека треба и да размислувате поинаку, што никогаш не им е лесно на луѓето кои имаат формирано навики.

Порано моравте да се потпрете на чувствата и, евентуално, на некои несистематски повратни информации од корисниците, а денес сето тоа можете да го прочитате на Гугл аналитикс и на слични алатки. Во процесот на осмислување на подобрувањето, го прескокнувате чекорот во кој претпоставувате што сакаат луѓето и како ќе реагираат. И натаму морате да претпоставувате што е тоа што ќе ги исполни нивните желби и ќе ги реши проблемите, но тоа се значително помалку непознати, во равенката што не води до решението.

Дали порано медиумите создаваа заедници?

Дали порано медиумите создаваа заедници?

Секако дека создаваа. Отсекогаш имало семејства кои со децении купувале одредени дневни весници, често и со генерации, постоеше публика посветена на одредени телевизиски содржини, која ги обликуваше своите обврски според програмата, бидејќи само така можеа да бидат во тек.

Можностите се сменија, па мора и ние, но, главните причини поради кои луѓето беа мотивирани да станат редовни конзументи и купувачи на нашите производи, и денес е главната причина поради која тие стануваат дел од заедницата. Денес само многу повеќе луѓе се борат за нивното внимание и потешко е да се задржат.

Исто така, фактот што огромното мнозинство на содржини се бесплатни, значи дека се работи за помала инвестиција која не врзува за некоја содржина и за некој автор.

Како тогаш да се гради заедница, во општество со многу високи очекувања и краток распон на внимание?

Како тогаш да се гради заедница, во општество со многу високи очекувања и краток распон на внимание?

Најважно е да донесеме одлука за тоа кои се нашите долгорочни цели и која е нашата долгорочна стратегија, која нѐ води до тие цели. Да банализирам - 100 нови читатели дневно, за една година е 36.500 читатели, а растот од 1% дневно, годишно носи раст од вкупно 3.800%.

А тоа е „само“ една година.

Долгорочната стратегија е важна, но важни се и краткорочните и среднорочните тактики. Ова значи експериментирање, тестирање, мерење и барање адекватни решенија за краткорочните предизвици што ги имаме.

Тоа значи и следење на трендовите и нивно користење, а со време и да почне да ги предвидуваме, во домените каде што тоа е можно. Оваа проактивност со текот на времето носи отпорност на промените и предизвиците на пазарот.

Разберете ги корисниците, прашајте ги, поканете ги да се вклучат.

Не правете компромиси за работи што не се за компромис. Затоа стратегијата е клучна. Но, немојте да бидете ниту премногу ригидни, бидејќи медиумскиот бизнис стана јавна и пазарна работа, а вие сте тука за да ги задоволите потребите на пазарот и на корисниците.

Искористете ги алатките и можностите, за систематски да слушате и да соберете повратни информации од корисниците. Користете анкети, анализирајте ги податоците на Гугл аналитикс и алатките за следење на навиките на корисниците.

Важно е да се занимавате со краткорочно атрактивни содржини, за да бидете релевантни во тој момент, но важно е и да се развива таа евергрин содржина, која долгорочно ќе ги привлекува и собира корисниците.

Каде е тука просторот за монетизација на заедницата?

Секоја деловна приказна и секоја медиумска приказна е единствена, но повеќето се вклопуваат во некои категории или шаблони.

Обично најдобриот модел е оној како кај мобилните игри – фримиум (freemium). Тоа значи повеќето работи да им бидат достапни на корисниците бесплатно, но не баш со идеално корисничко искуство, а доколку сакаат дополнителни содржини или подобро искуство без реклами, можат да платат симболична сума за претплата или да купат конкретен дополнителен материјал – да речеме, детален извештај или истражување на некоја тема.

За претплатничките модели, можеме многу да зборуваме, а тоа е дефинитивно тема за посебен текст, но добро е да ги споменеме овде, бидејќи тие се важни и претставуваат стабилен, сигурен, предвидлив и растечки приход за медиумите. Растечки, бидејќи со текот на времето се акумулираат.

Кои се другите опции?

Кои се другите опции?

Имате заедница, значи, луѓето се тука и тие ви го посветуваат своето внимание. Тоа значи дека можете, внимателно, да им понудите некои од производите или услугите кои се комплементарни - да речеме, билети за некакво предавање, курс, некоја соодветна книга. Доколку никој не организира такви работи, тоа вие можете да го направите или сами, или со некој што се занимава со такви услуги.

Претплатата значи дека им го ограничувате пристапот на корисниците, но тоа не мора да биде и единствениот начин. Она што можете да го направите е да им дадете на корисниците нешто повеќе – да имаат порано пристап до содржината или да се вклучат во изборот на гостите, темите, прашањата. Исто така, тие можат да добијат и некои попусти и поволности, во однос на другите работи што ги нудите. Добар пример за тоа, кој функционира во нашиот регион, е Клубот на читатели на весникот „Данас“.

Вклучувањето на луѓето во заедницата, подразбира и чувство на припадност. Не секој има потреба тоа да го покаже, но некои имаат. Тоа значи дека тие можеби ќе сакаат да поседуваат парче облека или некој друг предмет што ќе го употребуваат, кој го носи брендот на вашиот медиум. Освен извор на приходи, ова е можност и да се прошири гласот за она што го работите, можност вашиот бренд да биде повидлив, да стигнете некаде каде што речиси е незамисливо да се биде.

Последно, но не и најмалку важно – едноставно, оставете им можност на корисниците да донираат, доколку сакаат да го поддржат она што го правите. Кај нас, луѓето се срамат да побараат донации, но ако ги погледнете најразвиените пазари, сосема е нормално, на пример, една Википедија или аrchive.org, кои вршат општествено корисна активност, повремено да ги замолат корисниците за поддршка.

Имајте на ум и дека карактеристика на нашиот географски регион е тоа што имаме многубројна дијаспора, во најразвиените земји во светот. Иако се културолошки дел од ова поднебје, тие се и дел од културата во која живеат, а таму се плаќања за содржината и донирањето е многу поблиску до свеста отколку овде.

Исто така, поради повисокиот стандард, ваквиот вид на издаток ним не им претставува проблем, особено доколку се свесни дека можат да придонесат за некоја цел. Она што е важно, е да им овозможите, механизмот, со чија помош можат да се вклучат, да им биде блиску до она на што се навикнати и да не бара премногу време и ангажман од нив. Процесот на активирање на донации или претплати, или купување на некој артикал, да биде едноставен и ефикасен.

Да се занимавате денес со бизнис, значи да се разберат корисниците, да им се прилагодите и подредите. А медиумскиот бизнис можеби е медиумски бизнис, но сепак и понатаму е бизнис и работи според пазарните принципи.

За авторот:

Иван Миниќ

Иван Миниќ е стручно лице со меѓународно искуство за маркетинг и ИТ . Тој е основач на една од најголемите онлајн заедници во балканскиот регион со повеќе од 2 милиони корисници (форум „Burek“) и самостоен претприемач со започнати неколку бизниси („Moja Pijaca“, „Burgos“ – бургер бар). Иван е домаќин и уредник на Појачало – подкаст за претприемништво што достигнува до 5.000 претплатници. Иван соработувал со медиуми од Србија и Босна и Херцеговина, помагајќи им да го развијат своето присуство на Интернет и да ја зголемат својата публика. Тој предаваше управување со проекти за студенти на Дигитален маркетинг на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.

Author

  • Иван Миниќ е стручно лице со меѓународно искуство за маркетинг и ИТ . Тој е основач на една од најголемите онлајн заедници во балканскиот регион со повеќе од 2 милиони корисници (форум „Burek“) и самостоен претприемач со започнати неколку бизниси („Moja Pijaca“, „Burgos“ – бургер бар). Иван е домаќин и уредник на Појачало – подкаст за претприемништво што достигнува до 5.000 претплатници. Иван соработувал со медиуми од Србија и Босна и Херцеговина, помагајќи им да го развијат своето присуство на Интернет и да ја зголемат својата публика. Тој предаваше управување со проекти за студенти на Дигитален маркетинг на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.

Поврзани статии:

Со децении наназад, едно од главните правила за работата на медиумите е дека тие кои создаваат новинарство и оние
Во фокус група организирана минатата година за употреба на локални медиуми, покрај локалната телевизија и радио, учесниците повеќепати споменуваа
Lokalni-mediji-gube-na-znacaju-i-to-nije-dobro-za-kosovsko-drustvo

Врвни стории од Journalift:

00-Employment-of-persons-with-disabilities-achieves-their-inclusion
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со дискриминација и стигматизација. Сè уште официјално не е усвоена дефиниција за лице со попреченост во БиХ, иако БиХ ја усвои Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Во Србија, пак, според законот, поимот „лица со попреченост“ значи „лица
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата

Теми:

Најнови статии:

Јун 27
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со дискриминација
Јун 20
Во моментов, Рамизе Салихај е на одмор со семејството дома во Косово, за првпат откако започна да работи како медицинска
Јун 17
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата на
Јун 13
Ниска е свеста дека голем број деца и адолесценти страдаат од разни видови ментални здравствени проблеми, како и дека здравствените