Ослободување од казнување

Маја Васиќ-Николиќ

Маја Васиќ-Николиќ

 минути читање

01 Freedom from punishment

Неказнивост: изземање или ослободување од казна, штета или загуба.

Пример: законите беа прекршени неказнето.

Извор: речник Мериам Вебстер.

Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата против новинарите, беше воспоставен во декември 2013 година, кога Генералното собрание на ООН усвои Резолуција која, меѓу другото, признава дека новинарската работа, често ги става новинарите во специфичен ризик од заплашување, вознемирување и насилство, а имајќи предвид дека неказнивоста за нападите врз новинарите, претставува еден од главните предизвици за зајакнување на заштитата на новинарите. Датумот на одбележување на овој ден, беше избран во знак на сеќавање на атентатот врз Клод Верлон (Claude Verlon) и Жислен Дипон (Ghislaine Dupont), извршен во Мали, на 2 ноември 2013 година.

Како што наведува ООН, оваа значајна резолуција ги осудува сите напади и насилства врз новинарите и медиумските работници, ги повикува земјите-членки да го спречат насилството врз нив и да обезбедат одговорност, носење на сторителите на злосторствата врз новинарите и медиумските работници пред лицето на правдата, а на жртвите да им обезбедат пристап до соодветни правни лекови.

Секоја година, до крајот на октомври и почетокот на ноември, јавноста се потсетува на фактот дека 87% од убиствата на новинарите, помеѓу 2006 и 2020 година, остануваат нерешени.  Опсерваторијата на УНЕСКО на убиени новинари, бележи 455 убиства на новинари помеѓу 2016 и 2021 година. Таа известува дека во 2021 година, повеќето смртни случаи се случиле во Азиско-пацифичкиот регион, во Латинска Америка и на Карибите. Во последната деценија, низ светот беа имплементирани стотици различни активности, кои имаа за цел зајакнување на судството, па сепак, бројот на решени случаи, се чини дека не се зголемува.

Во значителен број случаи, постои основано сомневање дека убиствата биле нарачани, дури и спроведени од страна на државата, станувајќи алатка за угнетување.

Убиства на новинари на Западен Балкан

Убиства на новинари на Западен Балкан

Културата на неказнивост често се поврзува со авторитарните режими. Но, како што покажуваат податоците, таа е присутна и во таканаречените демократии во подем, какви што се земјите од Западен Балкан. Регионот има свој несреќен рекорд.

Наследството на Србија го вклучува убиството на новинарот Славко Ќурувија, извршено во 1999 година, а организираното од Државната безбедност. Правните постапки течат, припадници на Државната безбедност двапати беа прогласувани за виновни, но пресуда сè уште нема. Сè уште не е познат мозокот кој го наредил убиството. За разлика од случајот Ќурувија, кој стигна пред суд, случаите на Радислава Дада Вујасиновиќ, убиена во 1994 година, и на Милан Пантиќ, убиен во 2001 година, сè уште се во предистражна фаза.

Црногорскиот новинар, Душко Јовановиќ, беше убиен со автоматска пушка во 2004 година. Едно лице беше осудено на 19 години затвор, но тоа не даде информации за тоа кој стои зад нападот. На 17 октомври 2022 година, се појави вест дека заштитен сведок ќе даде изјава која ќе фрли нова светлина на ова кривично дело и веројатно ќе го поврзе со државата.

И покрај смртта на Јовановиќ, некои можеби ќе кажат дека немало убиства на новинари на ЗБ, туку само неуспешни обиди, но сите имаат едно нешто заедничко – допрва треба да се расветлат:

Во 2007 година, црногорскиот новинар, Туфик Софтиќ, беше брутално претепан во Црна Гора. Шест години подоцна, на неговиот автомобил, паркиран пред неговата семејна куќа, беше фрлена бомба. Софтиќ живееше со полициска заштита од 2014 до 2016 година, кога таа беше повлечена. Новинарот ја тужеше Црна Гора затоа што не ги заштитила неговите права и овозможила опструкција од страна на судството. И овој случај допрва ќе се решава.

Во 2018 година, новинарката, Оливера Лакиќ, беше ранета кога беше застрелана пред куќата во која живееше во Црна Гора. Во 2021 година беше уапсен полицаец, поради сомнение дека е вмешан во пукотницата. Засега, судството нема направено никаков напредок во овој случај.

Во 2007 година, една од две бомби експлодираше под прозорецот на српскиот новинар Дејан Анастасијевиќ. Она што ги спаси Анастасијевиќ и неговата сопруга е тоа што во моментот на експлозијата се наоѓале во кревет. Соочен со незаинтересираност на полицијата, Анастасијевиќ сам го истражуваше овој напад, давајќи индиции за тоа кој, можеби, стои зад него. Полицијата не постапи по неговите наоди, а јавноста допрва треба да дознае кој ја поставил бомбата и кој го нарачал ова дело. Инаки, Анастасијевиќ почина во 2019 година.

Во 2018 година, српскиот новинар, Милан Јовановиќ, и неговата сопруга, се разбудиле додека нивната куќа горела. Успеале да избегаат, но куќата веќе не била соодветна за живеење. Врз основа на истрагата што беше спроведена, претседателот на локалната самоуправа беше обвинет дека наредил подметнување на пожарот, а двајца мажи беа обвинети за извршување на наредбата. По двегодишна постапка, судот ја поништи пресудата со која сите беа прогласени за виновни и наложи повторно судење, кое е во тек.

Кон крајот на 2020 година, албанскиот новинар, Елдион Ндрека, бил со своето семејство, вклучително и со неговите две мали ќерки, кога дошло до експлозија на влезната врата од нивниот дом. Овој инцидентот сѐ уште чека разрешница.

Овие напади се насочени кон конкретни новинари поради нивната работа, но регионот памети и други настани – вклучувајќи го и оној кога 16 медиумски професионалци ги загубија своите животи во бомбардирањето на НАТО на зградата на јавниот радиодифузен сервис, во 1999 година. Како и во другите случаи, и овој ќе биде решен тогаш кога ќе бидат разоткриени информациите за тоа кое е лицето кое им наредило на медиумските професионалци да останат во зградата, и покрај тоа што знаело дека таа ќе биде нападната. Националната истрага најверојатно ќе доведе до самата држава. Од друга страна, преседанот на прогласување на медиум за легитимна цел во време на војна, останува под голем знак прашалник.

Заплашување – вербално и физичко

Заплашување – вербално и физичко

Нападите во регионот, кои го загрозуваат животот на новинарите и на другите медиумски професионалци, за среќа, деновиве се ретки. Некои новинари тврдат дека постојат подобри начини да се влијае врз животoт на новинарите, со цел тие да се одвратат од информирање кое е во јавен интерес. Ова вклучува физички напади, смртни закани упатени кон новинарите, но и кон нивните семејства, како и други вербални закани и содржини, кои имаат за цел да заплашат.

Овие инциденти, без разлика дали се работи за закани или за вистински напади, се чини дека укажуваат и на високо ниво на неказнивост на Западен Балкан. Мрежата „Безбедни новинари“, регистрира такви инциденти во својата база на податоци и издава годишни извештаи за нивото на медиумските слободи и безбедноста на новинарите. Во нејзиниот најнов извештај, кој дава компаративна анализа на ситуацијата во регионот, се вели:

Вербалните закани и вознемирувања, но уште позагрижувачки, заканите кон новинарите по животот и физичката безбедност, сè уште се најистакнатите видови на отворен притисок врз новинарите и нивните медиумски организации. Зачестеноста на ваквото однесување, и во 2020 и во 2021 година, беше најголемо во Србија, но веројатно голем број ваков вид (на притисок) имало во речиси сите останати земји во регионот.

Извештајот дава податоци и за бројот на инциденти, вербални и физички, против новинари во регионот и по земја, кои прикажуваат мрачна слика и сугерираат дека не постои политичка волја за да се обезбеди ефикасно и независно судство, кое ќе ги најде и ќе ги санкционира сторителите.

Базата на податоци што ја одржува Мрежата „Безбедни новинари“ ги собира информациите врз основа на специфични критериуми.

До крајот на 2021 година, регистрирани се 1.074 инциденти, од кои во 242 случаи се работи за вистински физички напад. Во само 29 случаи – или 12% – сторителот е осуден.

Научете како да се заштитите

Научете како да се заштитите

Доколку сте новинар кој известува од мирни собири или протести, кои може да прераснат во насилни, посетете го курсот што Томсон Медиа го подготви за вас. Западен Балкан – Како да се остане безбеден при покривање протестиза новинари, курс со темпо што вие сами го одредувате, чија цел е да ве подготви за непредвидливи ситуации – почнувајќи од тоа што да облечете, до како да ги зачувате податоците на вашиот мобилен телефон. Проверете ги курсевите, распоредени врз основа на јазикот, овде:

Напади врз новинарки

Напади врз новинарки

Базата на податоци дава информации и за бројот на инциденти против новинарки,  во базата забележани – 239 (машки: 531, групни: 303). Иако новинарите се почеста цел или веројатноста дека тоа го пријавуваат е поголема, новинарките се соочуваат со поинаков предизвик. Заканите што ги добиваат вклучуваат закани за силување и убиство, не само на новинарките, туку и на нивните деца. Тие се демнеат онлајн, но и надвор од интернет, подложени се на кампањи за оцрнување и омраза со поголем интензитет од нивните колеги новинари и се оставени сами да се носат со страдањето, како што покажува и истражувањето на БИРН.

До крајот на 2021 година, базата на податоци на „Безбедни новинари“ бележи бројка од 51 случај на вистински физички напад врз новинарки, од кои само 3 завршиле со осуда на сторителите.

Сведоштвата на новинарките укажуваат дека во процесот на пријавување на нападите, тие повторно се виктимизирани од властите и очигледно воопшто не се заштитени, сѐ додека не се акумулира притисок од јавноста.

Ако сте новинарка, проверете го Вотсап курсот на Томсон Медиа за безбедноста на новинарките. Тој вклучува два неразделни модули – безбедност на новинарите во реалниот живот и безбедност на новинарите во онлајн опкружувањето. Проверете го дури и ако сте новинар – содржи важни информации кои можат да ви помогнат вам и на вашите колешки, кога се соочувате со закани на и надвор од интернет. Само следете ја врската до курсот, релевантен за вашата земја:

Неказнивост – ефекти

Неказнивост – ефекти

Осврнувајќи се на ситуацијата на Западен Балкан во 2021 година, извештајот на „Безбедни новинари“ укажува на неверојатно вознемирувачки пораст на заканите по животите и физичката безбедност на новинарите во 2021 година во Србија, но и во Хрватска и Косово. Тие се показател за нивото на беззаконие, кое во својот вакуум создава атмосфера на неказнивост, имајќи предвид дека повеќето од овие закани се упатени од структури на власта или од луѓе кои се отворено или прикриено заштитени од власта. Ефектот на овие манифестации, исто така, создава култура на страв во средината на новинарската заедница, што резултира со самоцензура што ја уништува јавната сфера.

Иако коментарите се поврзани со конкретен регион – со Западниот Балкан, нивното предупредување е релевантно на глобално ниво. Затоа прашањето за неказнивоста на злосторствата врз новинарите, треба да се решава секојдневно, во секоја земја во светот.

Во јули 2021 година, резултатот од јавната истрага за атентатот врз Дафне Каруана Галиција, покажа дека државата сноси одговорност за нејзината смрт. Како што објави „Тајмс оф Малта“ (Times of Malta), истрагата заклучила дека културата на неказнивост е создадена од највисоките ешалони на моќ во Кастилја, при што се издвојува поранешниот премиер, Џозеф Мускат, како некој кој ја овозможил оваа култура на неказнивост и се заклучува оти целиот негов кабинет колективно е одговорен за нивната неактивност пред да се случи атентатот.

Неодамнешниот пресврт во случајот со убиството во Каруана Галиција, покажува дека националниот притисок, со помош на меѓународниот, може да даде резултати. Дали овој случај ќе биде целосно затворен, останува да се види, но граѓаните ширум светот треба да признаат дека известувањето од јавен интерес е клучно за нивната егзистенција. Овој факт е ист и во демократиите кои се сметаат себеси за воспоставени, како и во оние што се во процесот на воспоставување и се стремат кон промени.

Убиството на Дафне Каруана Галиција – крај на неказнивоста во Малта?

Убиството на Дафне Каруана Галиција – крај на неказнивоста во Малта?

Малтешката новинарка, Дафне Каруана Галиција, е убиена на 16 октомври 2017 година. Автомобилот во кој таа се наоѓала експлодирал. Во него била поставена бомба. Последните напори на Каруана Галиција за разоткривање на корупцијата во Владата на Малта, беа поврзани со Панамскиte документи, нo нејзината работа вклучуваше различни теми од јавен интерес, кои речиси секогаш водеа до организиран криминал и корупција. Нејзината насилна смрт предизвика протести како во Малта, така и во Европа. Кампањите на нејзиното семејство, поддржани од организациите за човекови права и од новинарските здруженија, не запреа. По неочекуваниот пресврт на почетокот на оваа година, кога двајцата браќа обвинети за убиство на Каруана Галиција, во замена за поблага казна, го сменија своето изјаснување за вината во „виновни“, судот ги осуди на 40 години затвор. Третообвинетиот, во февруари 2021 година, ги призна обвиненијата и доби 15 години затвор.

Премиерот на Малта, Роберт Абела, ја опиша пресудата како важен чекор напред во испорачување на правда во случај кој претставува темно поглавје во историјата на Малта и ја повтори посветеноста на Владата да им испорача целосна правда на семејството Каруана Галиција, како и на малтешкиот народ.

За авторот:

Маја Васиќ-Николиќ

Маја Васиќ-Николиќ, од 2006 до 2021 година, работела во Здружението на независни новинари на Србија, ЗННС. За време на нејзината работа во ЗННС, Маја ги координирала проектите на Здружението и ги застапувала напорите поврзани со зголемувањето на безбедноста на новинарите и нивото на медиумска слобода во Србија, а преку регионалните проекти на ЗННС, и во Западен Балкан.

Author

  • Маја Васиќ-Николиќ

    Маја Васиќ-Николиќ, од 2006 до 2021 година, работела во Здружението на независни новинари на Србија, ЗННС. За време на нејзината работа во ЗННС, Маја ги координирала проектите на Здружението и ги застапувала напорите поврзани со зголемувањето на безбедноста на новинарите и нивото на медиумска слобода во Србија, а преку регионалните проекти на ЗННС, и во Западен Балкан.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Blerjana-Bino-The-role-of-media-organisations-in-promoting-media-literacy
Post Author
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички и да кликнуваат мудро. Како што вели УНЕСКО: „Медиумската и информациската писменост се меѓусебно поврзан збир на компетенции, кои им помагаат на луѓето да ги максимизираат предностите и да ја минимизираат штетата во новите информациски, дигитални и комуникациски пејсажи“
Пандемијата na КОВИД-19 го сврте светот наопаку, вклучително и медиумската индустрија. Многу медиуми засекогаш се затворија, додека во исто
E-COMMERCE AND E-PAYMENTS: UNUSED POTENTIAL FOR MEDIA OUTLETS

Теми:

Најнови статии:

Улогата на медиумските организации во поддршката на медиумската писменост
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички
Избегнувањето на вести во пораст, довербата во вестите oпаѓа – клучни сознанија од Извештајот за дигитални вести за 2022 година
Медиумите одиграа одлучувачка улога во покривањето на пандемијата на КОВИД-19 и војната што ја води Русија во Украина. Меѓутоа, луѓето
Ослободување од казнување
Неказнивост: изземање или ослободување од казна, штета или загуба. Пример: законите беа прекршени неказнето. Извор: речник Мериам Вебстер. Меѓународниот ден
Е-трговија и e-плаќања: Неискористен потенцијал за медиумите
Пандемијата na КОВИД-19 го сврте светот наопаку, вклучително и медиумската индустрија. Многу медиуми засекогаш се затворија, додека во исто време,