Посветено менторство: Што научивме од имплементацијата на Медиумскиот акселератор на Западен Балкан?

Давор Марко

Давор Марко

 минути читање

Унапредувањето на деловните модели на локалните медиуми во Западен Балкан и тестирањето на новите извори на приходи, во ситуација кога состојбата со медиумската слобода никогаш не била полоша, а самите медиуми практично се невидливи на медиумскиот пазар, делува како „невозможна мисија“. Но, проектот „Media for All“ и Фодацијата Томсон (ФТ), како нејзин клучен партнер во доменот на деловната поддршка на медиумите, длабоко веруваше дека постојат начини и модалитети на поддршка, кои ќе им помогнат на локалните медиуми да се развиваат.

Локалните медиуми се важен извор на информации за локалните заедници, без разлика дали тие живеат на територијата на Западен Балкан или, делумно, се отселиле да живеат надвор од границите на својата земја и ја сочинуваат многубројната балканска дијаспора.

Проектниот тим настојуваше смислено да го унапреди нивното дигитално присуство, да ги тестира новите деловни идеи, да ги унапреди знаењата и вештините на нивниот професионален кадар, да ја унапреди продукцијата и квалитетот на содржините и информациите и, генерално, да ги направи тие медиуми поконкурентни во нивните локални заедници и да го изгради или да го унапреди односот на доверба со нивната публика.

Меѓу најважните механизми на програмска поддршка на нашите медиумски партнери. покрај обуките - групни и индивидуални, развојните грантови и онлајн учењето (e-learning), континуираното и посветено менторство се покажа како еден од клучните столбови за успешна работа со медиумите, како и за резултатите кои беа добиени од таа поддршка.

Постои ли рецепт за успех?

Не постои уникатен рецепт за успешна менторска работа, која во друг контекст, со различни медиуми, разновидни деловни идеи и специфична динамика на односи и комуникации, ќе донесе исти резултати и успех. Менторките и менторите, како и програмите со кои соработуваат, секогаш се прилагодуваат кон медиумите или кон било кои други клиенти, со кои работат. Сепак, можно е да се набројат неколку состојки од таа магична менторска формула за успех, која ја дефинира менторската работа, координирана од страна на Фондацијата Томсон.

Еден од нашите ментори во својот Дневник се осврнува на личното искуство, а воедно споделува и импресии за тоа како течел целиот процес.

Како дел од проектот „Media for All“, Фондацијата Томсон го води Медиумскиот акселератор, регионална програма за поддршка на развојот на деловните идеи, со фокус на локалните и помалку развиени медиуми, односно медиуми чија мисија, фокус и содржина се специфични (тнр. niche медиуми), како што се малцинските медиуми, непрофитните медиуми, медиумите кои се профилирани како истражувачки или се фокусирани на теми како што е економијата, итн.

За менторската работа на развојот и тестирањето на деловните идеи, клучна беше фазата - градење на довербата, во тек на почетните три месеци на поддршката, од ноември 2020 до крајот на јануари 2021 година. Со оглед на бројот на медиуми (59 медиумски куќи), на учеснички и учесници во процесот (преку 100), бројот на менторки и ментори (29) и модалитетот на работата - онлајн поради рестриктивните мерки кои беа на сила во тој период поради КОВИД-19, беше потребно да се заштити автономијата на процесот и да се овозможи двете страни - самите медиуми како и менторскиот пул кој претставуваше продолжена рака на програмскиот тим на проектот - да бидат што е можно повеќе посветени на работата.

После евалуацијата на квалитетот на деловните планови, кои ги изработи проектен тим, 55 од 59 медиуми добија финанскиска поддршка за нивна имплементација, преку грантови во период март 2021 – април 2021. За да го илустрираме успехот од овој процес и адаптивноста на проектниот тим, ќе спомнам само дека на почетокот планиравме да работиме со 36 медиуми (а работевме со вкупно 59) и дека буџетот за инвестициски грантови од 750.000 фунти беше зголемен на 1.26 милиони фунти.

Со менторската поддршка продолживме и за време на имплементацијата на деловните планови, преку системот на мониторинг на напредокот на медиумите и нa оствраување на целите од деловните планови, кои ги развивме заедно со грант менаџерките од Британскиот совет.

Менторки и ментори

Во рамки на проектот „Media for All“,  фондацијата Томсон работи со 29 професионалци, 12 менторки и 17 ментори. Тие доаѓаат од 10 различни земји, вклучувајќи ги, покрај земјите од Западен Балкан, и земјите од Европската унија. Со себе носат разнолика експертиза од областа на развојот на медиумите, новинарството, бизнисот, високото образование и истражувањето.  Поврзувањето на менторките и менторите со медиумските тимови, ги земаше предвид, освен наведената експертиза, и самите деловни идеи, кои медиумите ги делегираа на почетокот на процесот, како и контекстот во кој тие медиуми работат. Во поединечни случаи, како на пример во случајот со Албанија, и познавањето на јазикот беше еден од критериумите за поврзување. Поради комплексноста на процесот во секоја од шесте земји на регионот, имавме по една координаторка или координатор, кои покрај менторските задолженија, имаа и дополнителни задачи, со цел целиот менторски процес да оди по планот, а размената на искуства помеѓу тимот на ФТ, менторките и менторите и медиумите, беше максимализирана.

Довербата е клуч. Таа е воз кој поминува само еднаш ...

Не вели, без причина, еден евергрин цитат дека „постои воз кој поминува само еднаш во животот... се вика доверба“. Има ли поважен фактор кој одредува и влијае на човечките односи, на комуникацијата и на заедничката, тимска работа? Се чини дека нема. Во деловното опкружување, во бизнисите, па и во медиумскиот развој - секторот кој е најблизок до нашиот ангажман, довербата стана магична формула и клучен концепт (дури и buzzword) кон кој се тежнее, а без кој не се може.

„Најдоброто нешто што се случи во нашата менторска работа е што, пред сѐ, добивме пријател, а потоа ментор, со безусловно споделено знаење, искуство и вештини”

Градењето на доверба меѓу проектниот тим и нивните партнери или клиенти, во овој случај локалните и регионалните медиуми, е клучен предуслов за успех и за крајните резултати.

29 менторки и ментори кои работеа со 59 медиумски партнери во текот на четиримесечниот период, во кој заедно работеа на креирање на деловни планови и буџети, успеаја, со својот отворен пристап, интегритет и достапност, да ја стекнат довербата на медиумите. Без таа есенцијална „состојка“ немаше да постои ниту магијата создадена околу нашите односи, нити ќе постоеше резултатот и крајното задоволство.

Знаење и експертиза. Поддршка и покрај очекувањата.

Менторската работа не подразбира само стручност или експертиза во одредена област. Таа бара многу повеќе и подразбира подеднакво и професионални, и лични, и педагошки квалитети. Но, знаењето, особено она применето во практика, кое нашиот менторски пул го понуди на медиумите во нивната секојдневна комуникација, е еден од највредните ресурси.

„Излезе дека нашиот ментор има големи знаења, особено во врска со онлајн содржините и дигиталното рекламирање. Неговата помош резултираше со зголемен број на претплати на социјалните медиуми и посети на веб-страниците, кои ги надминаа нашите очекувања“.

Начинот на кој се делеше знаењето, што подоцна генерираше проемни во начинот на размислување и работа во самите медиуми, беше немерлив придонес во развојот на овие професионални медиуми. Било да се во прашање специфични области - економијата на медиумите, ИТ, ангажирањето на заедницата, дигиталниот маркетинг, итн - или одредени теми, менторките и менторите тое несебично го делеа со медиумите, правејќи ги нив, себеси и целата наша програма, побогати за едно ново искуство.

Едноставност и посветеност. Сите сме еден тим.

„Да се работи со ментор е совршена работа. Тој дури оди подалеку од менторството и се однесува како вистински дел од тимот. Ги надминавме формалните состаноци наведени во правилата на проектот. Комуницираме речиси секојдневно, тој беше вклучен во сите активности”.

Градењето на доверба помеѓу менторот и медиумот беше клучно за успехот, но дополнителната вредност  на целиот процес се огледа и во посветеноста на работата на многуте менторки и ментори и на поддршката на медиумските тимови. Често нивниот ангажман ги поминуваше границите на договорениот однос, кој теоретски лесно се дефинира преку листа на специфични активности и услуги, таканаречен Опис на работите или Scope of Work. Но, практиката покажа дека е многу пофлуидна и непредвидлива, а менторскиот тим на ФТ на тоа реагираше адекватно и проактивно. Во врска со тоа е и следната карактеристика на добрата менторска работа, флексибилноста.

Флексибилноста е добра особина. Ништо не е непроменливо - Nothing is set in the stone.

Редовната и отворена комуникација, ги карактеризираше односите помеѓу тимот на ФТ и менторската група, како и односите со медиумите, кои се крајни корисници на нашата поддршка. Тоа на сите ни овозможува заеднички да ги воочиме пропустите, проблемите и препреките за несметано одвивање на активностите, но, што е и најважно, активно да трагаме по решенија и да се прилагодуваме кон реалните потреби на медиумите и нивните деловни планови.

„Во текот на целиот овој период, нашиот ментор беше достапен за секое прашање и за секое недоразбирање што го имавме. Тој беше многу срдечно и пријателски настроен кон нас, така што не се срамевме да му поставиме и некои глупави прашања. Тој разјасни сè и ни помогна да ги разбереме нашите задачи и да ја исполниме задачата”.

Таа флексибилност и можноста за прилагодување на моменталната ситуација и на предизвиците кои непредвидено искрснуваат, е уште една вредност на менторскиот процес во рамките на проектот „Media for All“. Нашите менторки и ментори покажаа дека, покрај неоспорното знаење, тие умеат истото да го пренесат на еден прилагоден начин, со голема доза за секое прашање и дилема, па дури понекогаш и во ситуации на нереспонзивност на медиумите.  

Визија, усмерување и влијание. Да гледаме напред, а не назад.

Менторките и менторите кои ги насочуваа медиумите кон најоптимелните деловни решенија и модели, се визионери, професионалци и личности кои ги красат исклучителни човечки доблести. Искуството покажа дека нивната флексибилност, како и флексибилноста на целиот тим на ФТ, но и адаптираниот пристап кој произлезе од тоа, се клуч за добивање на резултати и ваемното задоволство.

„Најдоброто нешто што ни се случи додека работевме со неа, беше тоа што таа не истурка од нашата сопствена комфорна зона и нѐ охрабри да си поставиме значително повисоки цели од првично планираните”.

Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваше оваа програма за медиумска поддршка, беше менталитетот, толку вкоренет помеѓу представниците на медиумите, кои беа навикнати на работа со донатори, кој во голема мера ги спречуваше да размислуваат поинаку, да бидат иновативни и храбро да ги испитуваат своите граници и некои поинакви решенија.

Благодарение на флексибилниот однос на групата на ментори со кои работевме, односите на доверба и авторитетот кој е заснован на нивното знаење и искуство, успеавме да ги охрабриме медиумите да размислуваат поинаку. И да не се плашат од промените кои ова искуство ќе ги донесе, и од грешките кои неминовно ќе се прават. Но, од кои ќе извлечат драгоцени искуства и знаење.

Научивме многу. Затоа тоа искуство и го споделуваме со вас.

Единственото професионално искуство, кое се заснова на искрени човечки односи и доверба, на солидарност и активно пренесување на знаењата, што ги донесе оваа менторска програма, нѐ наведе да размислуваме активно за сите научени лекции кои проектот, „'Media for All“, ги произведе како додадена вредност. Наместо заклучоци, во продолжение ги изнесувам најважните научени лекции:

  • Менторството е многу важно за професионалниот и личниот развој, и долгорочно придонесува за начинот на кои медиумските тимови го осмислуваат своето работење, односот со публиката и својата мисија;
  • Важно е, во менторските програми, освен оние кои произведуваат содржини, да се обезбеди учеството и на доносителите на одлуки, без разлика дали станува збор за уредничките и уредниците, за менаџментот, а понекогаш и за представничките/претставниците на сопственичката структура на медиумите;
  • Менторството е важно и како пратечка активност, која на медиумските тимови им помага подобро да ги разберат, за нив, сложените деловни концепти и пристапи (како што се таргетирањето, бизнис моделот Канвас, диверзификацијата на приходите) и да почнат да ги тестираат во практика и на тој начин да изегуваат од својата зона на комфор.
  • Менторството треба да се воведе во раните фази на планирање, уште кај формулирањето на деловните идеи, што не беше случај во нашиот проект;
  • Освен во раните фази, кога се дефинираат идеите, и во фазата на развој на деловните планови, менторството, како што покажува практиката, е исклучително важно и во фазата на имплементација на деловните планови, каде што континуираната поддршка на медиумските тимови е исклучително драгоцена;
  • Синергијата којашто е создадена по пат на динамимчна комуникација и поддршка меѓу менторите, медиумите и проектниот тим, генерира и создава за резултат нови знаења и искуства, идентификува иновативни и добри практики и можности за соработка, која го надминува самиот проект;
  • Потребно е, спомнатата динамика на односите и синергијата на знаењата и довербата, континуирано да се одржува преку различни канали, кои не се само класични онлајн средби, состаноци, работилници или, генерално, активности дефинирани со проектот. Затоа тимот на ФТ ја покрена Journalift како e-learning платформа, но и како место кое преку прибирање на знаења, ширење на добри приказни и споделување на ресурси за учење и напредок, ќе продолжи да биде место за понатамошно генерирање на таа енергија.
За авторот:

Давор Марко

Давор Марко е програмски менаџер на Фондацијата Томсон за Балканот. Тој е проектен координатор на компонентата на Фондацијата Томсон од програмата Поддршка за поголема независност на медиумите во Западен Балкан, поддржана од Канцеларијата на Обединетото Кралство за надворешни работи, Комонвелт и развој. Има огромно искуство во полето на развојот на медиумите. Неговиот фокус е ставен на деловната поддршка, иновациите и мерењето и ангажирањето на публиката. Тој е нерезидентен научен соработник со експертиза за јавните медиуми, социјалните медиуми и медиумските трендови во новите медиумски пејзажи, во Центарот за медиуми, податоци и општество во Будимпешта.

Author

  • Давор Марко е програмски менаџер на Фондацијата Томсон за Балканот. Тој е проектен координатор на компонентата на Фондацијата Томсон од програмата Поддршка за поголема независност на медиумите во Западен Балкан, поддржана од Канцеларијата на Обединетото Кралство за надворешни работи, Комонвелт и развој. Има огромно искуство во полето на развојот на медиумите. Неговиот фокус е ставен на деловната поддршка, иновациите и мерењето и ангажирањето на публиката. Тој е нерезидентен научен соработник со експертиза за јавните медиуми, социјалните медиуми и медиумските трендови во новите медиумски пејзажи, во Центарот за медиуми, податоци и општество во Будимпешта.

Поврзани статии:

Малите медиуми се борат за финансиска поддршка на нивната агенда на вести, што често ги принудува овие медиуми да
Brand-Newsroom-Organization-and-Workflow.
На заситениот медиумски пазар, медиумите треба да се натпреваруваат за дезорганизираното внимание на публиката. Во нивното секојдневно работење, уредниците
Медиумите многу често строго ги следат принципите на етичко новинарство. Ова значи дека тие имаат тенденција да избегнуваат одредени
Во фокус група организирана минатата година за употреба на локални медиуми, покрај локалната телевизија и радио, учесниците повеќепати споменуваа
Lokalni-mediji-gube-na-znacaju-i-to-nije-dobro-za-kosovsko-drustvo

Врвни стории од Journalift:

00-Employment-of-persons-with-disabilities-achieves-their-inclusion
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со дискриминација и стигматизација. Сè уште официјално не е усвоена дефиниција за лице со попреченост во БиХ, иако БиХ ја усвои Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Во Србија, пак, според законот, поимот „лица со попреченост“ значи „лица
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата

Теми:

Најнови статии:

Јун 27
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со дискриминација
Јун 20
Во моментов, Рамизе Салихај е на одмор со семејството дома во Косово, за првпат откако започна да работи како медицинска
Јун 17
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата на
Јун 13
Ниска е свеста дека голем број деца и адолесценти страдаат од разни видови ментални здравствени проблеми, како и дека здравствените