Локалните медиуми, столбот на професионалното и независно новинарство

 минути читање

local-media,-the-backbone-of-professional-and-independent-journalism

Состојбата со медиумите на Западен Балкан се влошува како резултат на честите напади врз слободата на медиумите и систематско поткопување на професијата. Земјите од Западен Балкан се меѓу најниско рангирани Eвропски земји на Светскиот индекс на слобода на печатот „Репортери без граници“ (РСФ) за 2021 година.

Од 180 земји наведени во РСФ, Босна и Херцеговина е на 58-то место, а потоа следува Косово на 78, Албанија е 83, Северна Македонија 90, Србија 93 и Црна Гора 104.

Говорејќи на конференција во Сараево, Босна и Херцеговина, во 2019 година, генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез, рече дека „Слободата на медиумите опаѓа низ цела Европа, но ситуацијата е полоша во овој регион отколку на кое било друго место.”

Токму во рамките на овој предизвикувачки медиумски пејзаж, Фондацијата Томсон, како дел од поголем конзорциум, работи на проект за развој и зајакнување на уредничката независност и деловното работење на локалните медиуми во шесте земји од Западен Балкан, финансиран од Фондот за конфликти, стабилност и безбедност на Владата на Велика Британија (CSSF).

redakcija3-montaza.j

Зошто локални медиуми?

Според неодамнешното истражување нарачано од Фондацијата Томсон локалните медиуми се особено ранливи. Истражувањето укажува на тоа дека во сите шест земји на Западен Балкан локалните медиуми се претежно запоставени во споредба со националните.

Кога зборуваме за локални медиуми мислиме на оние организации кои работат надвор од главниот град или големите градови.

Студијата е несекојдневна бидејќи во моментов има малку или воопшто нема истражувања фокусирани на локалните медиуми. Повеќето од нив се фокусираат на националните медиуми. Помеѓу останатото, како потенцијален извор на приходи за локалните медиуми оваа студија го детектираше ангажирањето на публиката.

Истражувањето доаѓа во време кога значење за локалните медиуми е повеќекратно зголемено. Имено, пандемијата со Ковид-19 доведе до потреба за локални, соодветни и точни информации. Како што истакна Советот на Европа „обезбедувањето навремени информации за јавните здравствени ризици е клучен елемент за одговор на кризата.“

Медиумите на Западен Балкан

Околу 18 милиони луѓе живеат во шесте земји од Западен Балкан, од кои Србија има најголемо население, околу 7 милиони, а Црна Гора најмало, 0.6 милиони.

Севкупно, постојат околу 1.500 локални медиуми, од кои речиси половината се во Србија, потоа следат Босна и Херцеговина со 19%, Албанија со 12%, Северна Македонија со 10%, Косово со 7%, и Црна Гора со 5%.

Медиумскиот пазар во сите овие земји е фрагментиран, заситен, и нетранспарентен во однос на бројот и нивното работење, а сопственоста исто така честопати е нејасна. Онлајн медиумскиот пазар е најживописен, и во просек во секоја заедница/град работат по шест портали.

Студијата на Фондацијата Томсон идентификува дека, во отсуство на стабилни приходи, локалните медиуми се зависни од јавното финансирање, и затоа, бидејќи приходите од рекламирање се ограничени, нивните уредувачки политики се прилагодуваат на доминантната политичка опција, додека оние кои се стремат да останат професионални и независни тешко преживуваат, и тоа пред се со мала донаторска помош.

TV-Forum

Локалните медиуми

Некои информативни веб-страници се обидуваат да ја избегнат зависноста од јавното финансирање со иновативни пристапи. Вработените на порталот Ул-инфо од Улцињ во Црна Гора укажуваат на важноста од блиската соработка со граѓанското општество. „Заедничките проекти со граѓанската организација можат да бидат еден од алтернативните извори за финансирање на локалните медиуми,“ рече Мустафа Цанка, главен уредник на Ул-инфо.

Милева Малешиќ од ТВ Форум во Пријеполе, Србија, нуди друг пристап. „Создавањето мрежа за локални медиуми за споделување производи и информации може да биде од огромна помош,“ вели таа.

ТВ Форум неодамна спроведе донаторска кампања за собирање средства за нова опрема. За помалку од два месеци тие собраа 5.500 УСД, донација од нивните гледачи, што претставува скоро 50 проценти од нивниот месечен буџет.

Улогата во заедницата

Според Цанка, старата поделба на медиумите на локални и национални е застарена. Како резултат на интернет револуцијата, огромното мнозинство медиуми се онлајн, па така се лесно достапни на глобалната публика. „Затоа“, посочува Цанка, „мотото мисли глобално, дејствувај локално е од огромно значење во денешно време.“ Локалните медиуми имаат предност постојано да известуваат за важни прашања во локалната заедница, додека националните изданија можат да ги покријат тие прашања еднаш или двапати.

Сузана Николиќ од веб-страницата KumanovoNews во Северна Македонија, има слични ставови. Таа посочува дека најголемата предност на локалните медиуми е истовремено и нивен најголем недостаток.

„Познавањето на повеќето луѓе или познавањето на некој што знае некого е добро за добивање неофицијални информации“, вели таа. „Но, во исто време тоа е проблематично поради можноста за притисок врз медиумските работници“.

Kumanovo-news

Предизвикувачка средина

Но, и покрај работата во предизвикувачки средини, новинарите во локалните медиуми се свесни за нивната важност и клучната улога што ја играат за локалните заедници.

Лимос Дидани, основач на SarandaWeb, портал за вести со седиште во Саранда, Албанија, посочува дека улогата на локалните медиуми е клучна за гласовите на заедницата да се слушнат. Луѓето сакаат проблемите во локалните заедници да се актуелизираат, и да продожат да бидат во вестите се додека не се решат.

Како пример за бавен, но постојан напредок што локалните медиуми можат да го започнат во локалните заедници, Милева Малешиќ од ТВ Форум го посочува нејзиното лично искуство. Таа е првата жена новинарка која се вработила во локалниот медиум во Пријеполе кој е формиран во 1952. Од нејзиното вработување, бројот на новинарки во Пријеполе постојано се зголемувал. Спориот напредок доведе до тоа да на ТВ Форум, кој Милева го воспостави во 2008 година, од 10-те вработени новинари, шест да бидат жени.

Journalift е онлајн платформа наменета за сите кои сакаат да дознаат повеќе за развојот на медиумите, медиумскиот бизнис, и најновите трендови во медиумската индустрија. Место кое е осмислено како центар за знаење и ресурси од оваа област. Нна себе гледаме како на „менувачи на играта.“ Некои кои носат нови идеи, иновативни алатки и пристапи засновани на резултати кон работењето со медиумските бизниси.

Поврзани статии:

Поткастот како формат, во последниве години, доживеа раст како на глобално, така и на локално и регионално ниво. Има
7-pitanja-na-koja-treba-da-date-odgovor.

Врвни стории од Journalift:

Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата, па дури и интернетот во 20 век. Тоа е технологија која трајно ќе го преобликува општеството. За многумина од нас, вештачката интелигенција значи она што сме го научиле од повеќето дистописки филмови (Одисеја 2001, Терминатор, Матрикс, Блејд Ранер, …).
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува

Теми:

Најнови статии:

Навигација на ветувањата и опасностите на вештачката интелигенција: Што секој медиумски професионалец треба да знае за ЧетГПТ
Вештачката интелегенција, на многу начини, е револуционерен настан, какви што беа печатницата на Гутенберг во 15 век, или радиото, телевизијата,
Разбијте го кодот: Како да разговарате со програмерите за (ре)дизајнирање на веб-страницата на вашиот медиум
Работењето на веб-страницата на вашиот бизнис, може подеднакво да биде и возбудлив и застрашувачки ангажман. Возбудлив, бидејќи ви овозможува да
Како ЧетГПТ (ChatGPT) ќе ги промени новинарството и медиумите?
Го замолив ЧетГПТ да го напише овој текст за мене. Секако дека го направив тоа. Поставував и преформулирав прашања, за