Уредничка иновативност

01-Editorial-Innovation

Зборот ‘иновативност’ стана еден од клучните зборови, кога зборуваме за новинарството. Во свет во кој интернетот е пребукиран со информации и забавни содржини, повеќе играчи се натпреваруваат за вниманието на публиката, на повеќе платформи. Во оваа средина, создавањето на нешто различно, нешто иновативно, што ќе се истакне и ќе привлече внимание, станува суштинско за успехот на една медиумска организација. За жал, како што е тоа случај и со многу други зборови што се користат премногу често, вистинското значење на зборот ‘иновативност’, стана нејасно и неопипливо.

Значи, што е иновативноста во контекст на медиумите и производството на содржини?

Најчесто, кога новинарите и уредниците зборуваат за иновативноста, тие алудираат на технолошкиот пристап кон раскажувањето на сториите, на форматите на приказната. Тие се, се разбира, важни. Но сепак, технологијата, сама по себе, нема да создаде навистина извонредно парче новинарство. Слаба, генеричка, ирелевантна приказна, дури и ако е направена со помош на најнови продукциски трикови, ќе остане само трик, прекумерно украсен кликбајт, што нема да воздејствува со вашата публика, а потенцијално може дури и да ја наруши вашата репутација.

Ако ги погледнете некои од најдобрите примери за успешно и влијателно новинарство, ќе забележите дека вистинската иновативност е во уредувачкиот пристап кон сториите. Тоа се уредничките одлуки што ги носат новинарите и уредниците, кога одлучуваат каква приказна ќе покријат, и што е најважно, каков пристап, каков агол ќе заземат – тоа е она што навистина е важно. Секоја приказна, откако ќе биде објавена како вест, има огромен потенцијал за понатамошен развој. Како ќе ја развиете таа приказна, зависи од вашиот креативен и иновативен пристап кон неа и, што е многу важно, од вашата публика.

Често го користам овој пример во мојата работа со редакциите: едноставна, невозбудлива, но важна приказна: „Поскапуваат билетите за јавен превоз“.

ИЛУСТРАЦИЈА: Здодевна слика од официјална прес-конференција

Замислете ваква, штотуку излезена вест: „Локалните власти најавија значително зголемување на цената на билетите за 25%“. Кога вакво нешто ќе се случи, секој локален медиум ова би го објавил. Така и вие. Најчесто луѓето нема ни да се сетат во кој медиум првпат ја виделе таа вест, кратките приказни ќе бидат речиси идентични на секоја страница и платформа. Тешко дека некоја ќе се истакне.

Но, што се случува понатаму? Тоа е приказна која би била релевантна за повеќето луѓе, кои живеат во вашиот град. Значи, логична уредувачка одлука би била да се оди понатаму со сторијата и истата да се опфати подетално. Што можете да направите? Традиционалниот пристап во минатото би бил да се напише долга аналитичка статија, во која ќе се објаснат сите аспекти и последици од тоа зголемување на цената. Или да направите долго ТВ/Радио интервју во студио, со официјално лице кое ќе каже зошто морале да го направат тоа. И двата пристапа веројатно би содржеле многу информации, но во денешно време, нема да бидат многу популарни кај публиката.

Значи, ова е моментот кога треба да станеме креативни и да внесеме иновативност.

Постојат многу начини на кои можете да ја развиете оваа сторија. Но, прво, треба да размислите за вашата основна и целна публика – кој аспект од оваа приказна е најрелевантен за неа?

Да замислиме дека вашата целна публика се студентите – тие секојдневно користат јавен превоз, немаат многу пари, па зголемувањето ќе има влијание врз нив. Во исто време, тие веројатно нема да бидат заинтересирани за прашањата за градскиот буџет, за интервјуа со функционери во одела или за долги аналитички текстови. Тие консумираат содржина на платформите на социјалните медиуми. Како можете да ја направите таа приказна релевантна и интересна за нив? Еве неколку примери:

ИЛУСТРАЦИЈА: Студенти/млади луѓе гледаат во паметните телефони

Алтернативи на јавниот превоз

Можете да разгледате кои се алтернативите на традиционалниот превоз, што ги имаат младите луѓе, доколку тие не можат да си ги дозволат трошоците. Велосипед или скутери? Тоа може да го направите со ангажирање на репортер, кој ќе помине иста определена маршрута, од точка А до точка Б, со автобус, велосипед и скутер, при што ќе ги измери и времето, и трошоците, и попат ќе се сними себеси, односно ќе направи кратки видеа со мобилен телефон. Или, може да организирате натпревар меѓу тројца студенти, кои ќе поминат иста маршрута, користејќи различни средства за превоз, и кои ќе го пренесат своето искуство снимајќи се себеси, односно правејќи кратки видеа или фотографии. Можете да користите камера со временско забрзување, за да создадете забавно и динамично видео.

Колку е тоа 25%?

Можете да создадете едноставна илустрација за тоа што значи тоа зголемување на цената, споредувајќи ја со други работи што студентите ги користат. На пример, за една недела, разликата во трошокот ќе значи 3 кафиња помалку, во популарното кафуле. За објава или приказна на Инстаграм, не мора да користите никакви напредни алатки за продукција – само фотографирајте пет шолји кафе на маса, а на следната снимка само 2, со тажен емотикон и краток текст за објаснување. Можете, исто така, да прикачите ГИФ, меме или Тик-Ток видео, играјќи се со идејата со намалување на бројот на кафињата, за да можете да си дозволите возење со автобус.

Фитнес

Можете да пресметате колку калории би согорил човек, ако пешачи неколку станици, наместо да се вози во автобус. Ова може да биде графикон, видео, скриншот од план за вежбање од фитнес апликација на телефон.

Сега, да замислиме дека треба да ја покриете приказната за билетите за средовечни работнички од социоекономска група со ниски примања (ако моментално се обидувате да го зголемите овој сегмент од вашата публика), за кои зголемувањето на цената на билетите за јавен превоз, е значаен удар на нивниот семеен буџет.

ИЛУСТРАЦИЈА: Уморна средовечна жена во автобус/метро

Лична приказна

За оваа публика, добар формат би бил личната приказна на некоја личност, која ќе ја рефлектира и изрази својата фрустрација и загриженост. Разговор со жена која е загрижена за новата цена и која отворено зборува за тоа што значи поскапувањето за неа (видео или текст со слики) добро би функционирало на вашата Фејсбук или веб-страница.

Објаснувања и совети за социјална грижа/поддршка

Дали постојат начини да се објасни каква дополнителна поддршка од властите, можат да добијат луѓето кои водат финансиски битки? Посебни придобивки? Како да аплицирате за нив? Можеби обезбедување на совети за тоа како да се заштедат пари на храна или на други основни работи? Ова можат да бидат едноставни чекор-по-чекор објаснувања, направени како текст со графики или фотографии. Можете да побарате од жените да испратат свои совети за тоа како да се заштедат пари – интерактивната содржина е многу популарна и има висок потенцијал на платформите на социјалните медиуми.

Што ако вашата медиумска публика се богати бизнисмени и професионалци? Интересен креативен предизвик за вас би бил да ја покриете таа приказна за луѓето кои возат свои автомобили и никогаш не користат јавен превоз. Не значи дека тие нема да бидат засегнати; само треба да го пронајдете вистинскиот пристап.

ИЛУСТРАЦИЈА: Службеници што работат во канцеларија/жени и/или мажи во костими/одела

Дали постојат деловни можности?

За деловните луѓе, можете да разгледате кои се деловните можности, што оваа ситуација може да ги донесе: дали е добар момент да се инвестира во мрежа за изнајмување на велосипеди во градот? Студиите на случај со интервјуа би биле добри за оваа публика. Дали некој започнал со изнајмување на велосипеди на некое друго место? Можете да направите деловно интервју со сопственик на таков бизнис, да разговарате за предизвиците и придобивките.

Други приказни кои би можеле да бидат релевантни за таа публика: Дали сега ќе има помалку такси возила, бидејќи за кратки релации во центарот на градот, цената ќе биде речиси иста? Дали е ова можност да се зголеми продажбата на автомобили, бидејќи некои луѓе можеби ќе одлучат дека токму сега е моментот кога вреди да се купи автомобил?

Се разбира, ова се само дел од многуте можни хипотетички обработки на темата, но тие покажуваат како да пристапите кон секоја приказна на иновативен начин, како да создадете парче оригинално новинарство, кое вашата публика ќе го смета за релевантно и ќе го запамети. Колку и да изгледа приказната на почетокот здодевна, толку повозбудлив може да биде овој предизвик. Како вежба, можете да се обидете да додадете приказни на мојата листа погоре, за да видите кои агли и формати би ги избрале, кои најдобро би функционирале за вашата публика.

Кога планирате содржина на уреднички состанок, формулата треба да биде:

ПРИКАЗНА – ПУБЛИКА – АГОЛ – ПЛАТФОРМА – ФОРМАТ

ИЛУСТРАЦИЈА - може да направите формулата погоре да се истакне, може да користите стрелки кои се движат лево кон десно

Ја гледате приказната, размислувате за тоа кој аспект од таа приказна е релевантен за вашата публика, наоѓате креативен пристап за тоа како ќе ја раскажете и објавите на примарната платформа и во форматот што функционира таму.

Друг многу важен фактор што треба да се има на ум: ова треба да се направи во контекст на вашите моментални стратешки цели. На пример, ако моментално се обидувате да ја зголемите вашата публика на Инстаграм, ќе се фокусирате на аглите и форматите кои особено добро функционираат за публиката на таа платформа. Ако се обидувате да ја проширите вашата публика со рурално население, избирате агол што ќе ја направи приказната релевантна за нив, (на пример, покривајќи ги пазарите за храна во градот во сабота, би се фокусирале на земјоделците кои тие пазари ги снабдуваат, наместо на потрошувачите кои ги купуваат).

Сѐ на сѐ, ова е она што добрите уредници секогаш го прават – тие проактивно пристапуваат кон производството на содржина. Тие не реагираат едноставно на вестите кога тие ќе се случат. Тие размислуваат каква приказна ќе продуцираат врз основа на тие вести.

На почетокот може да изгледа како да треба многу време за размислување и дискусија. Но тоа е лажна перцепција. Откако ќе започнете секојдневно да го применувате овој принцип во редакцијата, целиот тим брзо ќе сфати дека ова ниво на креативност и иновација е норма и ќе почне да пристапува кон секоја приказна со ваков став.

Додатна придобивка од ваквиот работен тек е што новинарите, всушност, многу повеќе ќе уживаат во својата работа и ќе се чувствуваат помотивирани. Иновативноста е многу заразна работа и секоја приказна станува забавен и креативен предизвик, наместо досадна рутина.

ИЛУСТРАЦИЈА: Редакција со луѓе кои активно и енергично разговараат за нешто

Некои приказни ќе бидат подигнати на повисоко ниво, со користење на иновативна технологија и софтвер, кој ќе стане токму тоа што е – алатка за поддршка на уредувачката иновативност.

Со креативна, оригинална и фокусирана на публиката содржина, вашиот медиумски бренд неизбежно ќе се истакне на пазарот бидејќи никој друг не би ги направил истите приказни. Вашата публика ќе почувствува дека работите за нив, растете и станувате полојални. Токму за ова станува збор, кога е во прашање иновативноста.

За авторот:

Зоја Чарлс

Zoya Charles is a multimedia journalist and editor with more than 25 years experience, and has held senior management roles at the BBC. With the Thomson foundation her work has included the role as senior executive producer on the OPEN Media Hub project which trained multimedia broadcast journalists, editors and managers in countries neighbouring the European Union. At the BBC Zoya worked as an editor leading one of its most innovative video journalism teams, which won several awards for its output. As part of her work, she also helped to develop BBC’s digital strategy.

Author

  • Зоја Чарлс

    Zoya Charles is a multimedia journalist and editor with more than 25 years experience, and has held senior management roles at the BBC. With the Thomson foundation her work has included the role as senior executive producer on the OPEN Media Hub project which trained multimedia broadcast journalists, editors and managers in countries neighbouring the European Union. At the BBC Zoya worked as an editor leading one of its most innovative video journalism teams, which won several awards for its output. As part of her work, she also helped to develop BBC’s digital strategy.

Поврзани статии:

Во текот на последната деценија, дигиталните технологии го трансформираа најголемиот дел на медиумската индустрија. Напредокот на технологијата ги принуди
Overview-of-the-most-popular-media-business-models
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата

Врвни стории од Journalift:

Blerjana-Bino-The-role-of-media-organisations-in-promoting-media-literacy
Post Author
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички и да кликнуваат мудро. Како што вели УНЕСКО: „Медиумската и информациската писменост се меѓусебно поврзан збир на компетенции, кои им помагаат на луѓето да ги максимизираат предностите и да ја минимизираат штетата во новите информациски, дигитални и комуникациски пејсажи“
Пандемијата na КОВИД-19 го сврте светот наопаку, вклучително и медиумската индустрија. Многу медиуми засекогаш се затворија, додека во исто
E-COMMERCE AND E-PAYMENTS: UNUSED POTENTIAL FOR MEDIA OUTLETS

Теми:

Најнови статии:

Улогата на медиумските организации во поддршката на медиумската писменост
Медиумската и информациската писменост (MИП) има суштинско значење кога станува збор за овозможувањето на способноста на граѓаните да размислуваат критички
Избегнувањето на вести во пораст, довербата во вестите oпаѓа – клучни сознанија од Извештајот за дигитални вести за 2022 година
Медиумите одиграа одлучувачка улога во покривањето на пандемијата на КОВИД-19 и војната што ја води Русија во Украина. Меѓутоа, луѓето
Ослободување од казнување
Неказнивост: изземање или ослободување од казна, штета или загуба. Пример: законите беа прекршени неказнето. Извор: речник Мериам Вебстер. Меѓународниот ден
Е-трговија и e-плаќања: Неискористен потенцијал за медиумите
Пандемијата na КОВИД-19 го сврте светот наопаку, вклучително и медиумската индустрија. Многу медиуми засекогаш се затворија, додека во исто време,