Градењето капацитети како неопходна инвестиција за медиумите

 минути читање

Capacity-building-as-a-necessary-investment-for-media-outlets

Градењето капацитети (ГК), дефинирано како процес на развивање и зајакнување на вештини, инстинкти, способности, процеси и ресурси, што им се потребни на организациите и заедниците за да преживеат, да се прилагодат и да напредуваат во светот кој брзо се менува, е една од клучните алатки кои Фондацијата Томсон (ФТ) ги користи, заедно со менторството и грантовите, за поддршка на медиумите во рамките на проектот „Media for All“ (MфA).

За време на почетната фаза на МфА, од јуни 2021 до март 2022 година, 57 медиуми од 6 земји од Западен Балкан (СБ), беа вклучени во поддршката на ГК.

Првичната проценка на потребите, покажа дека медиумите имаат една заедничка работа – покривањето на теми од локалната заедница, при што се стремат да опстанат на мал, главно политички зависен, па дури и нефункционален пазар.

А одржувањето на нивната независност и на уредничките стандарди во такво опкружување, е секојдневен предизвик, најмногу поради недостигот на ресурси, на финансии, на луѓе и на технологија.

Исто така, разликите меѓу медиумите се огромни, во однос на нивната финансиска состојба, на бројот на луѓе и ресурси, на бројот на платформи како дистрибутивни канали за објавување на содржини и тие имаат, во некои случаи, радикално различни потреби, кога станува збор за градењето на капацитети. Медиумите, претежно во сопственост или водени од кадри со новинарско минато, приоритет ѝ даваат на содржината, а не на развојот на бизнисот.

Имајќи го предвид медиумскиот пејзаж и горенаведените ограничувања, 29 експерти, од 12 земји од ЗБ, Европската Унија (ЕУ) и Обединетото Кралство (ОК), започнаа со, во голема мера, предизвикувачки процес на пренесување на своето знаење (know-how) на медиумите.

Пристапот на „Media for All“

Програмата започна со интензивно темпо на онлајн групни обуки, по што целосно се префрли на директна, еден на еден, работа со поединечни медиуми. Таа беше конструирана во согласност со потребите и ограниченото време и ресурси на добитниците на грантовите, кои беа под товарот на повеќе активности во рамките на проектот МфА, во тешки времиња на пандемијата на коронавирусот и сите други предизвици што таа ги постави во секојдневниот живот.

Со програмата за градење на капацитети на ФТ, беа опфатени 389 индивидуални учесници (212 жени и 177 мажи) од 57 медиуми. Поддршката беше обезбедена преку:

  • Групни обуки на одредени теми за неколку медиуми.
  • Сесии, еден на еден, за градење на капацитетите за поединечни медиуми.
  • Курсеви за е-учење и други ресурси на платформата Journalift.org.

Графиконот даден подолу го прикажува прегледот на полињата и бројот на медиумите кои присуствуваа на сесиите еден на еден.

Да се има целата таа компонента за градење на капацитетите беше работа на избор - добитниците на грантовите можеа да изберат полиња, во кои им беше потребна поддршка - управување со заедницата, веб-аналитика, маркетинг и продажба, уредувачки менаџмент и визуелно раскажување на приказни - беа „најпопуларните“.

Владимир Станимировиќ, од „Лознички новости“ (Lozničke Novosti) од Србија, истакна дека поради интензивната обука за визуелизација на податоците, новинарите на „Лознички новости“ почнале да ги објавуваат текстовите на поатрактивен и попривлечен начин.

Ова резултираше со зголемена интеракција на нашите канали на социјалните медиуми. На пример, бројот на следбеници на Фејсбук се зголеми за 20 отсто“, истакна Станимировиќ.

Целата програма беше флексибилна и приспособлива на потребите на медиумите. Некои медиуми работеа со повеќе од еден експерт во различни области и на различни полиња, додека други медиуми работеа со еден експерт во повеќе од една област и на повеќе од едно поле.

Со добивањето на обука во внатрешни рамки за новинарство и видеопродукција, нашите вработени го подобрија квалитетот на пишување сценарија и визуелно раскажување приказни, правејќи ги нашите видеопроизводи повлијателни и поатрактивни за гледање. Сето ова резултираше со зголемување на приходите од околу 14 отсто“, изјави, Висар Хоти, од ТВ Тема од Урошевац, Косово.

Научени лекции

Мнозинството медиумски работници истакнаа дека би ги искористиле новостекнатите и подобрени вештини и знаења во иднина. Активностите за градење на капацитетите, заедно со менторството во развојот на бизнисот, придонесоа за оперативна и финансиска отпорност на медиумите, преку нивно зајакнување во областите на ангажирање на содржината и публиката, генерирање на приходите и рационализирање на внатрешните процеси.

Една од главните лекции од почетниот дел на проектот МфА беше дека градењето на капацитетите, може да се обезбеди порано во проектот, за медиумите да се зајакнат за сложени и напорни сетови на активности.

Медиумите бараа ИТ и техничка поддршка, со цел да постигнат резултати во одредени полиња: во многу случаи, медиумите немаа ресурси (ниту персонал, ниту пари) за да имплементираат технички промени, кои се составен дел од градењето на капацитетите во областите на дигиталното рекламирање, веб-аналитиката, е-плаќањето и дигиталната безбедност и приватност. Во идните интервенции, техничката поддршка може да биде составен дел од градењето на капацитетите.

Другите клучни научени лекции се:

  • На градењето на капацитетите треба да се гледа и истото да се имплементира како поширок, долгорочен стратешки план.
  • Медиумите бараат, односно потребна им е ИТ и техничка поддршка, за да постигнат резултати во одредени полиња.
  • Малите и локални медиуми капитализираа повеќе од градењето капацитети, особено кога станува збор за практичните вештини и оние кои се насочени кон поединците, наместо кон организациите.
  • Зајакнувањето само на поединци, наместо на тимови, претставува ризик за одржливоста на малите и локалните медиуми, бидејќи зајакнатите поединци може да побараат подобри можности.

Резултатите покажаа дека медиумите ги зголемија своите знаења и вештини, во просек за 35%, во споредба со нивото кое го имаа пред да почнат да работат со експертите.

Воведувањето на нови пристапи и формати, придонесе за повидливо и разновидно медиумско известување. Така, значително се зголемува досегот на публиката и природата на ангажманот со медиумската публика.

Илчо Цветаноски е експерт за комуникации и менаџмент со заедницата, во сегментот на Фондацијата Томсон за програмата финансирана од Канцеларијата на Обединетото Кралство за надворешни работи, Комонвелт и развој – Поддршка за поголема независност на медиумите во Западен Балкан. Тој е искусен новинар со повеќе од 15 години работно искуство, стекнато во неколку локални и меѓународни медиумски организации. Пред да му се приклучи на тимот на Фондацијата Томсон, Илчо работел како медиумски аналитичар за неколку НВО и МВО. Мастер студии за демократија и човекови права завршил на Универзитетите во Болоња и Сараево, а дипломирал новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Течно зборува македонски, англиски и БХЦС (босански, хрватски, црногорски и српски) јазици.

Поврзани статии:

Врвни стории од Journalift:

Journalism-today-Media-newsrooms-in-a-race-with-social-media-algorithms
Доколку овој текст беше пишуван околу 2010 година, веројатно би започнал со фраза како „Социјалните мрежи се иднината на медиумскиот бизнис“. Оттогаш, работите многу се сменија и социјалните мрежи повеќе не се иднината, туку, во голема мера, сегашноста на медиумскиот бизнис. Колку и да беа скептични уредниците, репортерите и новинарите во тоа време, сепак Фејсбук, социјална мрежа создадена првенствено
Многумина веројатно го виделе видеото изработено од насловните страници на сите печатени изданија на Њујорк Тајмс од 1852 година
sta-nezavisni-mediji-mogu-da-nauce-od-preduzetnika
Пред два месеци, имав можност да учествувам на конференција организирана од една од најголемите компании во светот. Меѓу бројните

Теми:

Најнови статии:

Како непрофитните медиуми можат да ја монетизираат својата мисија?
Монетизација. Тој магичен збор на кој, во последно време, сѐ повеќе се инсистира. Како и на одржливоста, а се повеќе
Радиото и поткастот – (не)пријатели?
Поткастите, во последните неколку години, се најбрзо растечкиот канал за испорака на содржина. Сепак, се чини дека јазот помеѓу радиоиндустријата
Новинарството денес: Медиумските редакции во трка со алгоритмите на социјалните мрежи
Доколку овој текст беше пишуван околу 2010 година, веројатно би започнал со фраза како „Социјалните мрежи се иднината на медиумскиот
Визуелниот сторителинг го продолжува животот на новинарските приказни
Многумина веројатно го виделе видеото изработено од насловните страници на сите печатени изданија на Њујорк Тајмс од 1852 година до