Како да се постигне самоодржливост на медиумите?

Kako-do-samoodrzivosti-medija

Во последните неколку години на глобално ниво сè повеќе се зборува за потребата медиумите да бидат самоодржливи. Ова се однесува најмногу на финансиската самоодржливост која всушност треба да им овозможи апсолутна независност на медиумите, а со тоа и независна уредувачка политика.

И во сегашноста шостои независна уредувачка политика и никој не го оспорува тоа, но кога медиумите се финансираат од проекти или од фондации и донаторски организации, тогаш иднината е секогаш некако неизвесна и се живее од проект до проект.

Сопствениците на медиуми и новинарите разбираат за што зборуваме. Во разговор со неколку десетици мали медиуми низ Србија и регионот, заклучивме дека сите се согласни дека треба да се обезбедат стабилни приходи, дека не може да се потпираат на донаторите засекогаш и дека глобалната дигитализација и дигитална трансформација ни нудат многу повеќе можности и многу полесен пристап до читателите, корисниците и потенцијалните клиенти.

Лесно е да се каже тоа...

Проблемот е што е невозможно да се направи ова ако нешто во бизнисот не се смени, а повеќето мали медиуми едноставно немаат капацитет да се занимаваат со развој на бизнисот затоа што, во повеќето од овие медиуми, сопствениците и менаџерите се истовремено и новинари со голем број дневни обврски.

Ова не го пишуваме напамет, се разбира. Спроведовме работилници за развој на идеи и деловни активности со неколку медиуми, прво во текот на 2019 година (IREX program "Strengthening Media Systems"), а потоа во текот на 2020 година ("Supporting Greater Media Independence in the Western Balkans Project" Thomson фондација). Секојпат ги запишувавме феноменални идеи, ги развивавме понатаму и ги планиравме така што ќе имаат голема шанса да се остварат.

Но, дали успеваат бизнис плановите?

Но, дали успеваат бизнис плановите?

Успехот на плановите зависи (скоро) исклучиво од способноста и вложеното време на луѓето од медиумите. Некои од медиумите со кои работевме во 2019 година заработуваат од спроведување на активностите од тие планови и тоа им го олеснува работењето. Некои други пак не успеаја да ги реализираат своите планови, иако имаа навистина одлични идеи.

Зошто? Затоа што немаа време да им се посветат, затоа што мораа истовремено да се занимаваат со секојдневна новинарска работа или едноставно затоа што не им е лесно да излезат од зоната на удобност и да се занимаваат со работи на кои не се навикнати, особено кога станува збор за дигитални алатки и производи.

И тоа е нормална работа.

Медиумите не се разликуваат многу од малите бизниси, а сопствениците на медиуми се многу слични на претприемачите. Тие имаат одлични идеи, сакаат да решат проблем или да ја подобрат својата околина, едни со производ, други со услуга, а трети со известување и истражување. И сите го сакаат најдоброто, имаат големи планови, но најчесто немаат знаење, способност или време да ги остварат плановите.

Некои претприемачи ќе замислат и создаваат фантастичен производ, но не знаат како да го продадат, а некои сопственици на медиуми знаат каде лежат парите, но немаат доволно знаење или време да го уредат својот медиум во таа насока или да направат правилна проценка на времето потребно за развивање на услуга/производ. И едните и другите честопати премногу се потпираат на своето или на мислењето на нивните блиски луѓе, што резултира со тоа што нивната целна група најчесто не ги купува нивните производи/услуги.

Кое е решението?

Кое е решението?

Следејќи го искуствотото во работа со повеќе од 100 претприемачи и компании, решението го наоѓаме во поддршката и следењето. Донаторските програми обично се временски ограничени и медиумите, по успешен процес на анализа, развој на идеи, стратегии, акциони планови и сл., се оставени сами да се снаоѓаат во спроведувањето на сè што е планирано.

Гореспоменатата програма на Thomson фондацијата истапи чекор понатаму и им обезбеди на медиумите уште една година да останат во контакт со консултантите кои работеа со нив за развојот на бизнис планот, следење на резултатите, и поддршка, колку е можно повеќе, за спроведување на бизнис планот. Таквиот пристап е навистина одличен и сигурни сме дека таквата поддршка многу ќе им значи на медиумите.

Сепак мора да имаме на ум дека консултантите не се семоќни и не секој консултант има исто знаење, вештини и искуство. Некој е експерт за маркетинг, некој за продажба, некој за развој на производи, некој за финансии, некој за развој на бизнисот, итн. Значи, ако медиумот, на пример, како дел од својот бизнис план развива онлајн продавница и има потреба од помош при создавање на инка за продажба, постои можност консултантот со кој работи да не е експерт во таа област.

Затоа, би било одлично доколку се најде начин да се обезбеди некаква стручна поддршка по потреба, која што медиумите би можеле да ја побараат кога ќе имаат потреба и да добијат на брз и ефикасен начин. Тоа би можело да биде тим од луѓе или организации со различно знаење и искуство во медиумскиот бизнис, и би било идеално да се луѓе кои се веќе докажано успешни во своите области. А не е дека ги немаме овие луќе во регионот.

Таквата поддршка може да опфати најразлични теми, а еве кои се и најважните.

Таквата поддршка може да опфати најразлични теми, а еве кои се и најважните.

Размена на искуства и формирање на долгорочна соработка и партнерства за развој на организацијата со други локални медиуми од регионот

Нашите искуства од претходните 3 до 4 години покажуваат дека најдобри решенија се оние кои биле тестирани во пракса од слични организации. Малите локални медиуми во регионот се соочуваат со слични проблеми и меѓусебното споделување пристапи за решенија на овие проблеми секогаш давало одлични резултати. Јасно е дека нема едно решение за сите, но искуството на оние кои веќе успешно го решиле предизвикот со кој се соочуваме може да биде од неизмерна важност.

Исто така, консултантите кои се експерти за развој на бизнисот, не се секогаш искусни во работата со медиумите и обратно. Следствено, еден од најодржливите системи за поддршка на развојот е поврзување и размена на искуства со ментори од други мали медиуми кои веќе успешно решиле некои од предизвиците со кои се соочуваме.

Поддршка за развој на ментори во малите медиуми

Дури и најискусните новинари (или сопственици на медиуми) честопати не знаат како да го пренесат своето знаење на другите. Тие знаат низ што поминале, знаат и хронолошки да го споделат искуството, но не знаат како да го формулираат она што го знаат на начин на кој другите можат да научат од нив.

Поддршката во форма на работа 1 на 1, насочување или обука преку структуриран процес за повеќе луѓе, во голема мера ќе помогне во пренесувањето на знаењето.

Практична и секојдневна примена на ИТ технологиите со цел да се измерат резултатите и планирањето на развојот

Повеќето медиуми веќе имаат, или, со минимална поддршка, можат многу брзо да имаат одличен преглед на податоците од нивниот портал. Овие податоци обично вклучуваат демографија, време на пристап, задржување на одредена вест, споделување вести на социјалните мрежи, информации за уредите што ги користат посетителите и многу други корисни информации. До сега се покажа дека медиумите не ги користат доволно овие информации, бидејќи тие или не се навикнати или не се искусни во анализата и користењето на податоците. Соодветната обработка и анализа обезбедува исклучителен увид во потенцијалните пазари, како и желбите и потребите на посетителите на медиумските портали.

Аналитиката може дополнително да се користи за пилотирање и валидирање на нови видови монетизација на медиумската содржина, но исто така и нови производи кои не се нужно директно поврзани со основната активност на медиумите (пр. објавување и продажба на книги, кафулиња и сл.). Постојат примери на локални медиуми кои знаат како да ги соберат, обработат и презентираат овие податоци пред оперативниот и стратешки менаџмент. Користењето на ова искуство и знаење и нивното пренесување на други медиуми во регионот би било голем чекор напред во планираниот развој на овие организации.

Развивање на организациски способности и вештини за управување со промени во менаџментот на медиумите

Развивање на организациски способности и вештини за управување со промени во менаџментот на медиумите

Очигледно е дека голем број медиуми немаат знаење за директен организациски развој. Овие знаења и вештини вклучуваат анализа на капацитетот на организацијата, планирање развој и тестирање на овие планови, но исто така и менаџерски вештини потребни за да се намали влијанието на стресот врз организацијата во време на промени и раст.

Како што споменавме претходно, повеќето консултанти се фокусираат на медиумите и уредничкиот дел од развојот на медиумските организации. Вештините потребни за промена што ние консултантите посебно ги истакнуваме, честопати не се присутни во тимот што спроведува промени во медиумите. Систематскиот развој на менаџерските вештини и практичното знаење во областа на планирање на развој и имплементација на проекти за промена и раст е една од клучните компоненти на долгорочната одржливост на овие организациски промени.

Забелешка: Автори на овој напис се бизнис консултанти и консултанти за човечки ресурси со повеќе од 10 години искуство во работа со претприемачи, мали и средни претпријатија и медиуми.

За авторот:

Никола Јовановиќ

Никола Јовановиќ е советник за личен, тимски и организациски развој, обучувач и истражувач ориентиран кон народот со 20 годишно искуство во сите три сектори. Неодамна тој во својата работа става посебен фокус и внимание на дигиталната трансформација, иднината на човечки ресурси и функции за учење и помагање на организациите да се движат во она што најголемите мислители денес го нарекуваат ” VUCA (акроним на англиски јазик од следните зборови: нестабилен, несигурен, сложен, двосмислен) свет “. Како дел од проектите за развој на медиуми, тој обезбеди развој на деловни активности и финансиско консултантство на национални, регионални и локални медиуми од Србија и Босна и Херцеговина, помагајќи им да ги постават своите деловни и долгорочни стратешки цели, да тестираат и да воведат нови начини на приливи на приходи и да ја зголемат својата публика.Тој често ги споделува своите мисли и искуства на својот блог peckopivo.com, Linkedin и разни конференции и настани, како што се TEDx, Digitalizuj.Me, Конференција за нови лидери на AIESEC, DisruptHR, Дигитален самит итн.

Authors

  • Никола Јовановиќ е советник за личен, тимски и организациски развој, обучувач и истражувач ориентиран кон народот со 20 годишно искуство во сите три сектори. Неодамна тој во својата работа става посебен фокус и внимание на дигиталната трансформација, иднината на човечки ресурси и функции за учење и помагање на организациите да се движат во она што најголемите мислители денес го нарекуваат ” VUCA (акроним на англиски јазик од следните зборови: нестабилен, несигурен, сложен, двосмислен) свет “. Како дел од проектите за развој на медиуми, тој обезбеди развој на деловни активности и финансиско консултантство на национални, регионални и локални медиуми од Србија и Босна и Херцеговина, помагајќи им да ги постават своите деловни и долгорочни стратешки цели, да тестираат и да воведат нови начини на приливи на приходи и да ја зголемат својата публика.Тој често ги споделува своите мисли и искуства на својот блог peckopivo.com, Linkedin и разни конференции и настани, како што се TEDx, Digitalizuj.Me, Конференција за нови лидери на AIESEC, DisruptHR, Дигитален самит итн.

  • Марко Морачиќ е експерт за професионален организациски развој со над 15 години искуство во управување, вклучувајќи човечки ресурси, обука, развој на организацијата и менторство. Тој е ко-основач и постар обучувач, ментор и консултант на HUBChe – компанија што обезбедува услуги за градење на капацитети за претприемништво и социјално претприемништво. Морачиќ обезбедил директна поддршка на неколку портали на локалните медиуми од Србија и Босна и Херцеговина. Тој исто така работел со новински агенции и национална компанија за весници во развој на деловни активности и планирање на производи. Ова му дал можност да се специјализира во финансиска проценка и советување за медиумската индустрија со силен фокус на преструктуирање на медиумските портали, управување во медиумски компании и воспоставување на човечки ресурси и управување со перформанси.

Поврзани статии:

Гледајќи го од страна медиумскиот бизнис, но често вклучен како консултант или соработник на некои проекти, забележав дека постојат
Post Author
Линеарната телевизиска програма, барем во поразвиените земји, наскоро најверојатно ќе се најде на смртна постела. Сè помалку гледачи седат
01-Razmišljajte-izvan-TV-kutije.png
Во современите медиумски редакции, често се нагласува дека нивната стратегија е „digital first“ – што значи „на прво место
Redakcijski menadžment i organizacija u digitalnom okruženju

Врвни стории од Journalift:

00-Employment-of-persons-with-disabilities-achieves-their-inclusion
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со дискриминација и стигматизација. Сè уште официјално не е усвоена дефиниција за лице со попреченост во БиХ, иако БиХ ја усвои Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост. Во Србија, пак, според законот, поимот „лица со попреченост“ значи „лица
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата

Теми:

Најнови статии:

Јун 27
Лицата со попреченост се една од маргинализираните групи во Босна и Херцеговина и Србија, којашто секојдневно се соочува со дискриминација
Јун 20
Во моментов, Рамизе Салихај е на одмор со семејството дома во Косово, за првпат откако започна да работи како медицинска
Јун 17
„Хиперлокално“ веќе подолго време е многу употребуван збор во медиумите. Бидејќи концентрацијата на сопственоста на традиционалните медиуми и пенетрацијата на
Јун 13
Ниска е свеста дека голем број деца и адолесценти страдаат од разни видови ментални здравствени проблеми, како и дека здравствените